Бардарбунга

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бардарбунга
Bárðarbunga Volcano, September 4 2014 - 15146259395.jpg
Највисока точка
Надм. вис.2009 м
Истакнатост550 м
Координати64°38′28″N 17°31′41″W / 64.64111° СГШ; 17.52806° ЗГД / 64.64111; -17.52806Координати: 64°38′28″N 17°31′41″W / 64.64111° СГШ; 17.52806° ЗГД / 64.64111; -17.52806
Географија
МестоВатнајекидл, Исланд
Геологија
Старост на карпатанад 10000 години
ВидПодледнички вулкан/Исландски стратовулкан
Последен избув29 август 2014 до 27 февруари 2015

Бардарбунга (исландски изговор: [ˈpaurðarpuŋka] ( слушнете)),[1] — стратовулкан кој се наоѓа под Ватнајекидл, најголемиот глечер во Исланд. Како втора највисока планина на Исланд, со 2.900 метри надморска височина, Бардарбунга е дел и од вулкански систем долг околу 200 километри, со широчина од 25 километри.  

Опис[уреди | уреди извор]

Бардарбунга е подледнички стратовулкан[2] кој се наоѓа под ледената капа на глечерот Ватнајекидл во рамките на Националниот парк Ватнајакидл во Исланд. Се издига на 2.900 метри надморска височина, со што е втор највисок врв во Исланд, 101 метар понизок од Кванаталсхнукир. Калдерата е околу 80 квадратни километри, широка до 10 километри со длабочина од околу 700 метри. Околните рабови се до 1,850 метри, а основата е во просек изнесува до 1,100 метри. Вулканот е покриен со мраз со дебелина од 850 метри, криејќи леднички кратер. Вулканскиот систем и пукнатината изнесува околу 190 километри со широчина од 25 километри.[3]

Бардарбунга не бил многу познат вулкан во Исланд, поради неговата подалечна локација и повремените ерупции еднаш на 50 години, но неодамнешните студии покажале дека многу тефра слоеви првично сметани од други вулкани биле исфрлени од Бардарбунга.

Сеизмичката активност на вулканот Бардарбунга и неговиот поврзан северен кратерски систем постепено се зголемувала во период од седум години почнувајќи од 2007 што довело до ерупција дури кон крајот на 2014 година. Оваа активност се намалила по ерупцијата на Гримсветн во мај 2011 година, но подоцна се вратила на слично ниво како пред ерупција. Претходно вулканот избувнал во 1910 година. Имало чести вулкански активности надвор од глечерот на југозапад во висорамнините помеѓу Ватнајекидл и Мирдалсјекидр, а воедно и на североисток кон Дингуфјел.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Ерупција на Бардабунга на Исланд

Името Бардарбунга буквално се преведува како „Бардуров излив“ или „Бардуров пад“, бидејќи „Бардар“ е генитив (означувајќи припадност) од "Бардур".[4]

Ерупции и значајни активности[уреди | уреди извор]

Низ историјата имало големи ерупции на секои 250-600 години. Во 1477, најголемата позната ерупција на Барбардунга била со показател на вулканска избувност (VEI) од 6. Постојат докази за многу помали ерупции во текот на изминатите 10.000 години.

Историја[уреди | уреди извор]

Експлозија на Бардарбунга на 4 септември 2014

Фјорса лавата, најголемиот холоценски лавински тек на земјата, потекнува од Барбардунга пред околу 8,500 години, со вкупен волумен од 21 до 30 кубни километри и опфаќа околу 950 квадратни километри.[5]

Фјорса лава

Ерупциите на Бардарбунга генерално се манифестираат со исфралање лава, понекогаш со езера од лава, со вулкански експлозивен индекс понизок од 3.[6] Од вулканските пукнатини на Вејдиветн околу 4.650 п.н.е била исфрлена лава во Холоценот со волумен од 21 до 25 кубни километри. Многу од овие ерупции се субглацијални но некои сепак се придружени со експлозии. Тоа е случајот со онаа во 870, со показател на вулканска избувност од 4, во тек на која фитомагматски експлозии предизвикале пирокластичен тек. Онаа во 1477 со показател од 6 се манифестирала на истиот начин со значителен депозит на тефра од Вејдиветн, но предизвикала штети. На некои од овие ерупции определена им е датата преку тефрохронологија или со примероци од мраз, други биле набљудувани од страна на Исланѓаните како онаа во 1159 а особено по 1477. Последната ерупција во историјата за која со сигурност се знае е онаа која траела од 18 јуни до 1910, следните десет помеѓу 1986 до август 2008 не биле потврдени.

Во 1996 ерупцијата на вулкан во Исланд откри дека можеби да постои интеракција помеѓу Бардарбунга и Гримсветн. Силен земјотрес во Бардарбунга, околу 5 степени според Рихтеровата скала, се верува дека ја започнал ерупција во вулканскиот процеп Ѓалп. На 26 септември 2010 година, рој земјотреси биле забележани со над 30 земјотреси измерени до 3.7MW на скалата на моментната магнитуда.

Сателитски слики на ерупцијата во Холухраун во септември 2014

На почетокот на 2011, исландските научници и медиумите се алармирале за ризикот за можна ерупција на Бардарбунга, вулкан кој се сметал многу помоќен од Ејафјел кој предизвикал големи пореметувања на воздушниот сообраќај на 3 декември 2010[7]. Вознемиреноста се појавила на почетокот на февруари поради приметување на зголемената сеизмичка активност под северозападниот дел на Ватнајекидл со голем број на потреси и зголемување на интензитетот, со тоа што најголемиот достигнал и до магнитуда од 3,4 степени. Иако хипоцентрите на овие земјотреси биле далеку од површината, научниците на одделот за геологија на Универзитетот на Исланд очекувале ерупција под ледникот Ветнајекидл пред крајот на 2011 бидејќи сеизмичката активност била поврзана со исполнувањето на магматската комора. Најпосле, оваа очекувана ерупција се случила во Гримсветн на 21 до 28 мај. На 16ти серија од околу илјада земјотреси го ставиле вулканот под мониторинг.[8] Метеоролошкиот завод, задолжен за следење на активностите на вулканот, регистрираше во изминатите четири дена околу 2600 потреси со магнитуда до 4,5 степени, поврзани со неговата активност.[9] Почетокот на ерупцијата бил потврден на 29 август 2014 со отворањето на пукнатина во Холухраун, северно од Динѓујекулl, со испуштање чад и интензивна светлина. Уште во првите часови метеоролошкиот институт на Исланд , будно вршел мониторинг на вулканската активност и отпрвин нивото на аларм било подигнато на максимум (црвено) пред да го спуштат на портокалово[10]. Текот на лавата се упатил на североисток долж левиот брег на Јекулса а Фјелум. Лавата се влеала во коритото на 7 септември и направила текот да се намали во широчина и да се помести накај исток. Ерупцијата завршила на 27 февруари 2015. Волуменот на лава бил 14 километри кубни излеан на површина од 85 километри квадратни со средна дебелина од 14 метри и максимална од 40 метри.

Мониторингот на ерупцијата во 2014[уреди | уреди извор]

Експлозија од лава кај Холухраун на 13 септември 2014
Лавинско поле

Во август 2014, ројот од околу 1,600 земјотреси во 48-часа, со величина до 4.5MW,[11][12] биле следени на 23 август од страна на Геолошкиот топографски институт на САД и предупредувањата биле означени од портокалово во црвено, што укажувало на тековна ерупција.[13] Следниот ден, воздухопловниот ризик се намалил од црвено на портокалово и биле изјавено дека има тековна ерупција во повлекување.[14] Меѓутоа, подоцнежните воздушни набљудувања на глацијалните депресии југоисточно од вулканот сугерирале дека извештајот за ерупција бил точен и дека имало ерупција под мразот, но недостатокот на понатамошно негово топење укажувало дека оваа ерупција престанала. Потоа, нова ерупција ја скршила површина помеѓу Бардарбунга и Аскја, во Холухраун лавинското поле, во раните часови на 29 август.[15] Ова било проследено со втора  ерупција во Холухраунската област, заедно со истата вулканска ерупција која започнала веднаш по 4 часот на 31 август.[16]

Ерупцијата испуштила големи количини на сулфурен диоксид и влијаела на квалитетот на воздухот во Исланд. Немало прекин на летовите надвор од непосредната близина бидејќи ерупцијата не произвела значителна количина на вулкански пепел. На 28 февруари 2015 година официјално било соопштено дека ерупција е завршена.[17] Сепак, загадувањето со гасови уште постоело, а областа северно од Бардарбунга, вклучувајќи ги вулканите Аскја и Хердубрејд, се уште останале затворени за посетителите. На 16 март 2015 областа северно од Бардарбунга била отворена за посетителите, со исклучок на новото лавинско поле и подрачјето на 20 метри околу истото.[18]

Принудното слетување во 1950[уреди | уреди извор]

На 14 септември 1950 година, авионот Даглас Б-54 Скајмастер, авион на Исландската авиокомпанија Лофтлидир направил принудно слетување на Ватнајекидл над вулканот Бардарбунга за време на товарниот лет од Луксембург до Рејкјавик.[19] Немало жртви, но поради оштетената радио опрема екипажот не можел да ја пријави својата локација. По два дена, екипажот пратил СОС сигнал а авионот Каталина на компанијата Лофтлидир го забележал. Авион на УСАФ, односно, Воздушните сили на САД, C-47, опремен со скии слетал на глечерот, но не бил во можност повторно да полета. По шест дена и двете екипи биле спасени од страна на ски-патрола од Акирејри. Подоцна напуштениот Ц-47 бил откупен од УСАФ за $700.[20] Во април 1951 година, бил откопан од снегот и извлечен од планината со два булдужера. Потоа бил пренесен до Рејкјавик.[21][22][23]

Документарен филм[уреди | уреди извор]

Види[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. mbl.is (2011-05-22). "How To Pronounce "Bárðarbunga"". YouTube.com. конс. 2014-08-20. 
  2. "Bárdarbunga". Глобална програма за вулканизмот. Смитсонова установа.  (англиски)(англиски)
  3. http://en.vedur.is/about-imo/news/nr/2968
  4. "Bárðarbunga | Árnastofnun". www.arnastofnun.is (Icelandic). конс. 2017-12-03. 
  5. Árni Hjartarson 1988: „Þjórsárhraunið mikla – stærsta nútímahraun jarðar“. Náttúrufræðingurinn 58: 1–16.
  6. http://volcano.si.edu/
  7. Забрана за летови по ерупцијата на вулканот Бардарбунга - vesti.mk“, „vesti.mk“. (на en-US)
  8. "Опасност од ерупција на вулкан на Исланд". tocka.com.mk. конс. 2017-12-03. 
  9. "Еден од најголемите вулкани на Исланд пред ерупција - МАКФАКС". makfax.com.mk (mk-MK). конс. 2017-12-03. 
  10. Црвено ниво: Вулканот Бардарбунга може да еруптира - vesti.mk“, „vesti.mk“. (на en-US)
  11. 1.600 earthquakes in 48 hours“.
  12. "Activity in Bárðarbunga volcano – News". Icelandic Meteorological Office. 2014-08-16. конс. 2014-08-20. 
  13. Icelandic Met Office (2014-08-23). "Bárðarbunga – updated information". Icelandic Meteorological Office. конс. 2014-08-23. 
  14. BBC (2014-08-24). "Iceland volcano: Aviation risk level from Bardarbunga lowered". BBC. конс. 2014-08-24. 
  15. "Eruption Started Between Barðarbunga and Askja in Iceland". Wired.com. 2014-08-29. конс. 2014-08-29. 
  16. "Scientists: Bigger Eruption, Moves North. 500 Earthquakes". Icelandreview.com. 2014-08-31. конс. 2014-08-31. 
  17. 28 February 2015 12:00 – declaration from the Scientific Advisory Board
  18. Reduction of the access controlled area north of Vatnajökull
  19. http://aviation-safety.net/database/record.php?id=19500914-0
  20. [1]
  21. 1950 accident at the Aviation Safety Network
  22. Timeline of the search for the Geysir at gopfrettir.net (in Icelandic)
  23. Timarit – Iceland. Lögberg-Heimskringla.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]