Суртсеј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Суртсеј*
Светско наследство на УНЕСКО

Surtsey, sixteen days after the onset of the eruption
Држава Исланд
Тип Природен
Критериуми ix
Навод 1267
Регион** Европа и Северна Америка
Записно минато
Запис 2008  (32nd заседание)
* Име според официјален запис на списокот.
** Регион според класификацијата на УНЕСКО.
Карта на Суртсеј

Суртсеј (од исландски, со значење "островот на Суртур") е вулкански остров на јужниот брег на Исланд. Се наоѓа на 63,303 СГШ и 20,6047 ЗГД и со оваа негова положба тој е најјужната точка на Исланд. Овој остров се оформил во текот на една вулканска ерупција која започнала 130 метри (426 стапки) под морското ниво, и избила на површината на 14 ноември 1963 година. Ерупцијата траела до 5 јуни 1967 година, кога на островот ја достигнала максималната висина од 2,7 км². Оттогаш ерозиите предизвикани од ветрот и брановите предизвикале островот постепено да се намалува, па така во 2002 година неговата површина изнесувала 1,4 км².

Новиот остров името го добил по jötunn Surtr, џин од нордиската митологија. Тој бил интензивно проучуван од вулканолози за време на ерупцијата, а потоа и од ботаничари и биолози кога форми на живот почнале постепено да се колонизираат на пустиот остров. Подморските отвори кои го создале Суртсеј се дел од подморскиот вукански систем на Vestmannaeyjar (островите Westmann), кој пак е дел од пукнатината на морското дно наречена Средноатлантски Гребен. Vestmannaeyjar исто така ја предизвикал и познатата ерупција на Елдфел на островот Heimaey во 1973 година. Ерупцијата со која бил создаден Суртсеј создала уште неколку мали острови како што е Jólnir, како и некои други неименувани врвови по должината на овој вулкански ланец. Повеќето од нив многу бргу еродирале.

Пред ерупцијата во 1963 година[уреди]

На 15 ноември 1963 година, во 07:15 часот UTC (координирано универзално време), екипажот од рибарскиот брод Ísleifur II кој тргнувал на пловидба од Vestmannaeyjar (мал арипелаг на јужниот дел на Исланд), на југозапад забележал темен чад како се крева нагоре. Бродот го упатиле накај чадот. Капетанот помислил дека е запален брод, но всушност тоа биле експлозивни ерупции што испуштале црна пепел, а тоа значело дека вулканската ерупција почнала под морето.

Иако ерупцијата била неочекувана пред да почне некои показатели укажувале на тоа дека некаква вулканска активност е неизбежна. Од 6 до 8 ноември, слаби потреси беа забележани на Kirkjubæjarklaustur со измерен епицентар на далечина од 140 километри (приближно колку што бил оддалечен Суртсеј ), додека пак на 12 ноември сеизмограф во Рејкјавик снимил слаби потреси кои траеле десет часа, но нивната локацијата не била утврдена. Два дена пред ерупцијата да почне, брод кој вршел морски истражувања истакнал дека температурата на морето во засегнатата област била малку потопла од вообичаената, а во исто време луѓето во крајбрежниот град Вик, на копното оддалечено 80 км од островот осетиле мирис на водород сулфид.

Многу е веројатно дека ерупцијата започнала неколку дена пред 14 ноември. Морското дно е 130 метри (426 стапки) под морското ниво, и на таа длабочина било какви експлозивни ерупции би се угаснале од притисокот на водата. Кога ерупцијата создала вулкан што му се приближувал на нивото на морето, експлозиите повеќе не можеле да се запрат па избиле на површината.

Раните денови[уреди]

На 14 ноември 1963 година во 11 часот чадот и пепелта од ерупцијата се кренале неколку километри нагоре. Прво ерупциите избивале од три одделни места на североисток кон југозапад на пукнатината, но од попладнето одделните избивања се споиле во една пукнатина(кратер) од каде избивала ерупцијата. Во текот на следната недела експлозиите биле постојани, а по само неколку дена новоформираниот остров, сотавен главно од scoria (вулкански камења со дупки), достигнал должина од 500 метри (1640 стапки) и висина од 45 метри (147 стапки).

Новиот остров го добил името по jötunn Surtur, џин од нордиската митологија. Како ерупциите продолжувале така се концентрирале во еден отвор и кратер, и островот почнал да добива покружна форма. До 24 ноември, островот достигнал опсег од околу 900 со 650 метри (2950 со 2130 стапки). Насилните експлозии предизвикани од спојувањето на лавата со морската вода покажувале дека островот бил составен од куп вулкански карпи (scoria), кој биле брзо уништени со бурите од северноатлантскиот океан во текот на зимата. Сепак, повеќе од ерупциите биле во чекор со ерозиите од брановите, па до февруари 1964 година, островот достигнал максимален дијаметар од над 1300 метри (4265 стапки).

Еден голем настан од првите денови на островот било истоварањето на тројца француски новинари, претставници на магазинот Paris Match на 6 декември 1963 година. Тие останале едвај 15 минути на островот пред насилните експлозии да ги охрабрат да ја напуштат земјата. Новинарите на шега побарале француски суверенитет над островот, но од Исланд брзо реагирале и изјавиле дека новиот остров им припаѓа ним.

Стабилен остров[уреди]

Експлозивните phreatomagmatic ерупции предизвикани од пристапот на водата до отворите на ерупција исфрлале камења на далечина од 1 км од островот, и пепел на височина од 10 километри (6 милји) нагоре во атмосферата. Купот од неконсолидирна тефра која била брзо однесена довел до намален излив на магма. Исто така во оваа фаза на ерупција на островот многу често се појавувале и големи облаци од прав .

До почетокот на 1964 година продолжиле ерупциите и го оформиле островот до таа големина што морската вода не можела веќе толку лесно да дојде до отворите, а вулканска активност веќе не била толку агресивна. Наместо тоа, фонтаните од лава и изливите станале главна форма на активност. Ова резултирало со одронување на исклучително отпорните на ерозија карпи кои биле утврдени на врвот на вулканскиот куп, што спречило островот да биде уништен. Силните ерупции продолжиле до 1965 година и до тоа време островот достигнал површина од 2,5 км².

На 28 декември 1963 подморска активност на 2,5 км североисточно од Суртсеј предизвикала формирање на гребен на 100 метри (328 стапки) од морското дно. Овој гребен бил именуван Surtla, но никогаш не стигнал до нивото на морето. Ерупциите кај Surtla завршиле на 6 јануари 1964 година, и оттогаш е еродирана од нејзината минимална длабочина од 23 метри на 47 метри под морското ниво.

Постепеното стивнување на ерупцијата[уреди]

Во 1965 година активноста на главниот остров била намалена, но на крајот на мај истата година започнала ерупција во празнина на 0.6 километри (0,37 милји) од северниот брег. До 28 мај се појавил нов остров кој го нарекле Syrtlingur (мал Суртсеј ). Новиот остров исчезнал во почетокот на јуни, но повторно се појавил на 14 јуни. Ерупциите во Syrtlingur биле со многу помал размер од оние кои го изградиле Суртсеј, се исфрлала околу една десетина вулкански материјали од вулканските материјали што биле исфрлани од главниот вентил. Активноста била краткотрајна и продолжила до почетокот на октомври 1965 година, кога островчето веќе имало површина од 0,15 км². Откако престанале ерупциите, ерозијата предизвикана од брановите многу брзо го поместила островот, и на 24 октомври тој исчезнал зад брановите.

Во декември 1965 година на 0.9 километри (0,56 милји) југозападно од Суртсеј се случиле повеќе подморски активности кои предизвикале формирање на уште еден остров. Овој остров бил именуван Jólnir, и во текот на следните осум месеци се појавил и исчезнал неколку пати поради ерозиите од брановите и вулканските активности кои се случувале наизменично. Активноста на Jólnir била многу послаба од активноста на главниот кратер, па дури и послаба од онаа што била во Syrtlingur, но во текот на јули и почетокот на август 1966 година островот се зголемил и достигнал висина од 70 метри (230 стапки) и површина од 0,3 км². Како и во случајот со Syrtlingur и овој остров бил брзо уништен откако престанала активноста на 8 август 1966 година, и фрлен под нивото на морето во текот на октомври 1966 година.

Силните ерупции на главниот остров повторно почнале на 19 август 1966 година, со свежи изливи на лава која и давала дополнителен отпор на ерозијата. Ерупцијата се намалувала постојано, и на 5 јуни 1967 година конечно завршила. Оттогаш вулканот е неактивен. Вкупниот волумен на испуштена лава во текот на три и пол години ерупција бил еден кубен километар, а највисоката точка на островот била 174 метри (570 стапки) над морското ниво.

Откако завршила ерупцијата, постепената ерозија го намалила островот. Голем дел на југо-источната страна бил целосно еродиран, а песочната патека наречена Norðurtangi (северна точка) се подигнала на северната страна на островот. Се проценува дека околу 0,024 км³ материјал е изгубен поради ерозијаta, што претставува околу една четвртина од вистинскиот волумен на нивото на морето на островот. Неодамнешниот развој

Откако завршила ерупцијата научниците поставиле координатни точки со помош на кои ќе можат да ја следат промената на обликот на островот. Во следните 20 години ова мерење покажало дека островот постепено се рушел и загубил околу 0,3 метри во височина. Стапката на опаѓање првично била околу 20 см на годишно ниво, но потоа се намалила на 1-2 см во 1990-те години. За ова имало неколку причини: наталожување на тефрата што го формирало најголемиот дел од вулканот, збивање на сегментите на морското дно во основата на островот и деформација на литосферата поради тежината на вулканот.

Примарната шема на островите на архипелагот Vestmannaeyjar е за секое место на ерупција да има само една ерупција, па така би било малку веројатно во иднина на островат да се случат повеќе ерупции. Длабоките мориња околу островот го поткопуваат островот уште од времето кога се појавил, и од времето кога завршила ерупцијата до денес речиси половина од оригиналната површина е изгубена. Денес островот губи околу 1,0 хектар (2,5 хектари) од неговата површина секоја година.

Иднината на островот

Многу мали се шансите за целосно исчезнување на островот во блиска иднина. Еродираната област се состоела претежно од тефра, носена од ветерот и брановите. Поголемиот дел од преостанатата област е покриен со излив на цврста лава, која е многу поотпорна на ерозија. Покрај тоа во процесот на palagonitization, сложени хемиски реакции кои се одвиваат во тефрата постепено на островот формирале цврсти карпи tuff кои се високо отпорни на ерозија. Овој процес на Суртсеј се случил многу брзо поради високите температури не многу под површината.

Процените за тоа колку долго ќе опстане Суртсеј се базирани на стапката на ерозија измерена до денес. Претпоставувајќи дека сегашната стапка не се менува, островот би требало да остане на или под нивото на морето до 2100 година. Сепак, стапката на ерозија е веројатно да се намали поради изложеноста на јадрото на островот. Проценките покажуваат дека стапката на ерозија видно ќе се намали и дека островот ќе опстои со векови. Една замисла за него во иднина е дека овој остров ќе изгледа како сите другите мали острови на архипелагот Vestmannaeyjar кои се создале на ист начин како и Суртсеј пред неколку илјади години, и кои исто така многу често биле еродирани од нивното формирање.

Биологија[уреди]

Населување на жив свет[уреди]

Како класично место за колонизација на видовите од основачките популации кои доаѓаат од надвор (allochthonous), Суртсеј беше прогласен за природен резерват во 1965 година додека ерупцијата беше активна и се зголемуваше. Денес, само на мал број од научниците им е дозволено да доаѓаат на Суртсеј. Единствениот начин за било кој друг да го види овој остров одблиску е да се приближи до него со мал авион. Ова овозможува островот да продолжи природно да се менува, без надворешно влијание. Во 2008 година УНЕСКО го прогласи островот за светско природно наследство, поради неговата голема научна вредност.

Растителниот свет на островот[уреди]

Летото 1965 година било пронајдено првото васкуларно растение на северниот брег на Суртсеј, во 1967 година никнала мов а во 1970 година на лавата на Суртсеј биле забележани лишаи. Колонизацијата на растенијата на Суртсеј била долго проучувана , особено на васкуларните растенија поради нивното далеку поголемо значење од мовта, лишаите и габите во развојот на вегетацијата.

Мовта и лишаи сега покриваат голем дел од островот. Во текот првите 20 години на островот 20 видови растенија биле забележани во еден или друг период, но само 10 пуштиле корени во сиромашната со хранливи материи песоклива почва. Како што птиците почнале да се вгнездуваат на островот, така почвените услови се подобрувале, и повеќе видови на васкуларни растенија биле имале услови да преживеат. Во 1998 година, на островот била пронајдена и првата врба со листови за чај (Salix phylicifolia), која може да расте до 4 метри (13 стапки). Во 2008 година на Суртсеј имало 69 видови растенија, од кои околу 30 станале пуштиле корени. Ова е во споредба со 490те видови пронајдени на копното на Исланд. И други видови биле колонизирани, и стапка на колонизација била од 2-5 нови видови на годишно ниво.

Птици на островот[уреди]

Распространетоста на птици на островот се потпира на и помогна врз ширењето на растителниот свет. Птиците ги користат растенијата за материјал за правење гнезда, но, исто така, помагаат и во разнесувањето на семињата и оплодувањето на почвата со нивниот измет. Птиците првпат се вгнездиле на Суртсеј три години по ерупцијата, и први видови кои дошле на островот биле fulmar и guillemot. Денес на островот редовно живеат дванаесет видови.

Морскиот галеб на островот е присутен од 1984 година, иако по првото појавување ретко можел да биде виден на копното на островот. Јатото галеби е особено важно во развојот на растителниот свет на Суртсеј бидејќи галебите биле најзаслужни од сите други видови за колонизација на растенијата поради тоа што на островот ги имало во изобилство. Експедицијата во 2004 година ги пронашла првите докази за вгнездување на Atlantic Puffins, птици кои се многу честa појава во останатиот дел на архипелагот.

Освен што претставува дом за некои видови птици, Суртсеј исто така се користел и како место каде слетувале птиците што мигрираат, особено оние кои го поминуваат патот помеѓу Европа и Исланд. Видови кои само на кратко време биле забележани на островот биле Whooper лебедите, разни видови на гуски, и гавраните. Иако Суртсеј лежи на запад од главните патеки на птиците што мигрираат на Исланд, тој сепак стана многу честа точка на запирање поради неговата подобрена вегетација. Во 2008 година било откриено гнездото на четиринаесетиот вид птица, гавранот. Според извештајот на 30 мај 2009 година, и златната калугерица се вгнездила на островот, снесувајќи четири јајца.

Морски живот[уреди]

Набргу по формирањето на островот, околу него биле забележани фоки. Овие животни останале овде, особено на северниот брег кој се зголемил по ерозиите на островот предизвикани од брановите. Фоките првично биле забележани на островот во 1983 година, и за група од 70 фоки ова било местото каде се размножувале. Сивите фоки се почести од пристанишните, но денес и двата вида се цврсто вкоренети на островот. Фоките привлекуваат китови па така и овие цицачи можат да се видат во водите околу архипелагот Vestmannaeyjar а во поскоро време и во водите околу Суртсеј.

Во длабочината на океанот околу островот живеат многу морски видови. Морските ѕвезди ги има во изобилство, како и морските ежови и малите школки. Карпите се покриени со алги, а страните на вулканот со морска трева со најгуста покриеност од 10 до 20 метри (33-66 ft) под морското ниво.

Друг живот на островот[уреди]

Инсектите пристигнале на Суртсеј веднаш по неговото формирање, а за прв пат биле откриени во 1964 година. Први доселеници биле летечките инсекти, кои сами дошле на островот или биле донесени од ветровите. За некои се верувало дека биле одвеани дури од далечната Европа. Подоцнежните инсекти на островот пристигнале на пловечките Driftwood, на кои биле разнесени и живи животни и мрши. Кога базот покриен со трева бил донесен на брегот во 1974 година, научниците земале половина од него за анализа и откриле живот на 663 без'рбетници, претежно mites и springtails.
Инсектите биле одлична храна за птиците, и обратно, од мртвите тела на птиците се хранеле месојадните инсекти.

Првиот дождовен црв на Суртсеј бил пронајден во примерок од почвата во 1993 година, најверојатно донесен од некоја птица од Heimaey. Во 1998 година биле пронајдени полжави, слични на оние пронајдени во јужниот дел на исландското копно. На островот се населија и пајаци и бубачки.

Човековото влијание[уреди]

Единственото значајно влијание од човекот на островот е малата монтажна барака која ја користат истражувачите додека престојуваат на островот. Во бараката се наоѓаат неколку мали кревети и енергетски извори за користење на уред за итна помош и друга основна електроника. Се верува дека некои млади момчиња се обиделе да насадат компири на ова место, кои биле ископани веднаш штом биле откриени. Една погрешна човечка постапка, празнење на погрешно место, резултирала со корени од домати кои исто така биле уништени. Во 2009 година на Суртсеј биле поставени метеролошка станица и веб камера.