Гримсветн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Гримсветн
Iceland Grimsvoetn 1972-B.jpg
Гримсветн и глечерот Ватнајекул, Исланд, јули 1972
Највисока точка
Надм. вис. 1725 м [1]
Заведена како Список на вулкани во Исланд
Координати 64°25′12″N 17°19′48″W / 64.42000°СГШ 17.33000°ЗГД / 64.42000; -17.33000Координати: 64°25′12″N 17°19′48″W / 64.42000°СГШ 17.33000°ЗГД / 64.42000; -17.33000
Географија
Геологија
Вид планина Вулканска калдера
Последен избув мај 2011

Гримсветн (исландски изговор: [ˈkrimsvœʰtn̥];[2] vötn = "вода", еднина: vatn) е вулкан во Југоисточен Исланд. Тој се наоѓа во висорамнините на Исланд на северозападната страна на ледникот Ватнајекидл. Калдерата е на 64°25′СПШ 17°20′ЗГД, на надморска височина од 1.725 метри. Под калдерата се наоѓа магматската комора на вулканот Гримсветн.

Гримсветн е базалтен вулкан со највисока еруптивна фреквенцијата од сите вулкани во Исланд со кратерски систем во насока југозапад-североисток. Масовното климатско влијание на епупцијата на кратерот на Лаки во 1783 -1784 бил дел од истиот тој кратерски систем. Гримсветн избувнал заедно со Лаки во 1783, но продолжил да еруптира до 1785. Бидејќи поголемиот дел од вулканот се наоѓа под Ватнајекидл, поголемиот дел од ерупциите биле субглацијални а допирот на магмата со стопениот мраз предизвикал фитомагнетна експлозивна активност.[се бара извор]

Ерупција започнала на 21 мај 2011 во 19:25 УТЦ, со 12 километри висок еруптивен столб придружен со повеќе земјотреси,[3][4][5] што резултирало со откажување на 900 летови[6] во Исланд,[7] и во Обединетото Кралство, Гренланд, Германија, Ирска и Норвешка, на 22 до 25 мај. До 25 мај на ерупцијата била поголема од онаа во 2010 на Ејафјатлајектл. Ерупцијата запрела во 02:40 УТЦ на 25 мај 2011, иако имало некаква експлозивна активност од тефра отворите само во областа околу кратерот.[8][9][10]

Јекулхлауп[уреди | уреди извор]

Денес постојат повеќе езера формирани како резултат на глацијацијата од сите други езера заедно. Нивното формирање е различно. Терминот “глацијално езеро” го користат многу автори (пр, Хачинсон 1957) за секое езеро чие потекло се должи на некакво минато или сегашно дејство на ледникот.[11] Ерупциите во калдерата редовно предизвикуваат такви глацијални езера познати како јекулхлауп.[12] Ерупцијата топи доволно мраз за да се пополни калдерата на Гримсветн со вода и притисокот може да биде доволен за наеднаш да ги подигне ледените капи, овозможувајќи брзо излевање на големи количини вода. Затоа калдерата на Гримсветн се следи многу внимателно. Кога големата ерупција се случила во 1996 година, на геолозите однапред им било јасно дека ќе дојде до пукање на ледникот. Тоа се случило дури неколку недели по завршувањето на ерупцијата, но мониторингот[13] обезбедил затворање на Исландската обиколница (Хрингвегур)[14]. Делот од патот низ Скејдарау сандур се поплавил, но немало повредени и вулканската ерупција не го пробила мразот[15].

Ерупциите во 1998 и 2004 година [уреди | уреди извор]

Сателитски слики од ерупцијата на Гримсветн во ноември 2004 година

Еднонеделната ерупција се случи во Гримсветн почнувајќи од 28 декември 1998 година, но немало глацијални пукнатини. Во ноември 2004 година, се случила ерупција која траела една седмица. Вулканскиот пепел од ерупција паднал далеку во континентална Европа и предизвикал кратки прекини на авиосообраќајот во Исланд, но повторно немало глацијални пукнатини по ерупцијата.

Ерупција во 2011 [уреди | уреди извор]

Хармонични потреси биле забележани двапати околу Гримсветн на 2 и 3 октомври 2010[16], кои можеби укажувале на претстојната ерупција.[17] Во исто време, ненадејна инфлацијата била измерена со ГПС во вулканот, укажувајќи на магматски движења под планината. На 1 ноември 2010 година стопената вода од глечерот Ватнајекидл се влеала во езерото, што укажувало на ерупција на вулканот.

Сателитска слика од 22 мај 2011 на вулкански еруптивен столб над Исланд
Приказ на исландски пејзаж под облакот од пепел во текот на ерупцијата во 2011 
Гримсветн во август 2011 година. Пепел покривање на околните снег и мраз

На 21 мај 2011 во 19:25 УТЦ започнала ерупција, со 12 километри висок еруптивен столб придружен со повеќе земјотреси. Облакот од пепел од ерупција нараснал до 20 километри и бил 10 пати поголем од ерупцијата во 2004, и најсилен во Гримсветн во последните 100 години.[18]

Сателитска слика од 23 мај, 2011 на облакот од пепел на јужниот дел на Исланд

Нарушувањето на воздушниот сообраќај во Исланд[19] започнало на 22 мај, а потоа и во Гренланд, Шкотска[20], Норвешка, Шпицбершки острови[21] и следните денови, мал дел од Данска. На 24 мај нарушен бил сообраќајот и во Северна Ирска и на аеродромите во северниот дел на Англија. Откажувањето на 900 од 90,000 европски летови во периодот од 23 до 25 мај било многу помалку раширено отколку нарушувањата во 2010 по ерупцијата на Ејафјатлајектл.

Бактериите во субглацијалните езера[уреди | уреди извор]

Во 2004 година, бактерии биле откриени во водата на езерото Гримсветн под ледникот, и тоа било првпат да се најдат бактерии во субглацијално езеро. Езерата никогаш не замрзнуваат поради вулканската топлина. Бактериите исто така, можат да преживеат на ниски концентрации на кислород. Местото веројатно е аналогно за животот на планетата Марс, бидејќи и на Марс постојат траги од вулкани и исчезнати глечери па оттука овие наоди би можеле да помогнат во барањето живот на Марс.[22][23]

Идни трендови[уреди | уреди извор]

Студиите укажуваат на тоа дека вулканската активност на Исланд расте и опаѓа, и дека фреквенцијата и големината на ерупциите во и околу ледената капа на Ватнајекидл варира со тек на времето. Се верува дека четирите ерупции, кои се имаат случено во последните петнаесет години, се почеток на активниот период, за текот на кој ерупција во Гримсветн во Ватнајекул може да се очекува секои 2 до 7 години. Паралелна вулканска активност во близина на Бардарбунга познато е дека е поврзана со зголемена активност во Гримсветн. Сеизмичката активност била зголемена во областа последните години, укажувајќи навлегување на магма.[24]

Види[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Grímsvötn“. Смитсонова установа. https://volcano.si.edu/world/volcano.cfm?vnum=1703-01%3D. посет. 15 август 2006 г.  (англиски)
  2. „How to pronounce /grímsvötn/“. youtube.com. https://www.youtube.com/comment?lc=gvgitQuH96JPi8McKoZ6pi5DdNlb2zn-sCWvu4A56NA. посет. 23 мај 2011 г. 
  3. Njörður Helgason (14 април 2011). „Vegurinn um Skeiðarársand lokaður“. mbl.is. http://mbl.is/frettir/innlent/2011/05/21/buid_ad_loka_skeidararsandi/. посет. 02 декември 2017 г. 
  4. „Iceland's most active volcano erupts – Europe“. Al Jazeera English. 21 мај 2011. http://www.aljazeera.com/news/europe/2011/05/2011521223345828845.html. 
  5. „Iceland volcanic eruption ‘not linked to the end of the world’ | IceNews – Daily News“. Icenews.is. http://www.icenews.is/2011/05/21/iceland-volcanic-eruption-not-linked-to-the-end-of-the-world/#axzz50B1BUdHa. 
  6. David Learmount (26 мај 2011). „European proceedures (sic) cope with new ash cloud“. Flightglobal. http://www.flightglobal.com/articles/2011/05/26/357246/european-proceedures-cope-with-new-ash-cloud.html. посет. 2 декември 2017 г. 
  7. „Iceland geology | Volcano and earthquake activity in Iceland“ (на en-US). www.jonfr.com. http://www.jonfr.com/volcano/. посет. 3 декември 2017 г. 
  8. „Volcanic Ash Advisory at 1241 on 25 May 2011“. Met Office UK. http://www.metoffice.gov.uk/aviation/vaac/data/VAG_1306323708.png. посет. 2 декември 2017 г. 
  9. Iceland volcano ash: German air traffic resuming“, BBC News, 25 мај 2011.
  10. „Update on volcanic activity in Grímsvötn“. Iceland Met Office. http://en.vedur.is/earthquakes-and-volcanism/articles/nr/2180. посет. 02 декември 2017 г. 
  11. Ashley, Gail M.; Shaw, John H; Smith, Norman D. (1985). Glacial sedimentary environments. Tulsa, Oklahoma: SEPM (Society for Sedimentary Geology),. ISBN 9781565762459. OCLC 989866472. https://www.worldcat.org/oclc/989866472. 
  12. „Archived copy“. http://deposit.ddb.de/cgi-bin/dokserv?idn=991146220&dok_var=d1&dok_ext=pdf&filename=991146220.pdf. посет. 24 мај 2011 г.  Jökulhlaup figure 8.1
  13. Russell, Andrew J.; Gregory, Andrew R.; Large, Andrew R. G.; Fleisher, P. Jay; Harris, Timothy D.. Tunnel channel formation during the November 1996 jökulhlaup, Skeiðarárjökull, Iceland. „Annals of Glaciology“ том  45 (1): 95–103. doi:10.3189/172756407782282552. Bibcode2007AnGla..45...95R. 
  14. Јовановска, Марија. „Ватнајокул - најголемиот глечер во Европа (Исланд) | Divian Arts“, „Divian Arts“, 11 јануари 2012. (на en-US)
  15. ПОРТОКАЛОВ СТАТУС: На Европа и се заканува нова вулканска ерупција од Исланд“, „Фактор Портал“.
  16. „OhridNews.com :: Можна е нова ерупција на вулканот во Исланд“. www.ohridnews.com. http://www.ohridnews.com/vesti/25652. посет. 3 декември 2017 г. 
  17. „Possible Harmonic tremor pulse at Grímsfjall volcano | Iceland Volcano and Earthquake blog“. Jonfr.com. 2 октомври 2010. http://www.jonfr.com/volcano/?p=44. посет. 22 мај 2011 г. 
  18. „Largest Volcanic Eruption in Grímsvötn in 100 Years“. Daily News. Iceland Review Online. 22 мај 2011. http://www.icelandreview.com/icelandreview/daily_news/Largest_Volcanic_Eruption_in_Gr%C3%ADmsv%C3%B6tn_in_100_Years_0_378079.news.aspx. посет. 2017 г. 
  19. „Eurocontrol | - Driving excellence in ATM performance“ (на en). www.eurocontrol.int. http://www.eurocontrol.int/. посет. 3 декември 2017 г. 
  20. Ash cloud grounds Scots flights“, „BBC News“, 23 мај 2011. (на en-GB)
  21. Sandelson, Michael (24 октомври 2017). „Iceland eruption hits Norwegian flights“ (на en). theforeigner.no. https://theforeigner.no/pages/news/iceland-eruption-hits-norwegian-flights/. посет. 3 декември 2017 г. 
  22. Gaidos, E; Lanoil, B; Thorsteinsson, T; Graham, A; Skidmore, M; Han, SK; Rust, T; Popp, B. A viable microbial community in a subglacial volcanic crater lake, Iceland.. „Astrobiology“ том  4 (3): 327–44. doi:10.1089/1531107041939529. PMID 15383238. 
  23. Peplow, Mark. Glacial lake hides bacteria. „Nature“. doi:10.1038/news040712-6. 
  24. „Icelandic Met Office on 1 September 2011“. Icelandic Met Office. http://en.vedur.is/about-imo/news/2011/nr/2280. посет. 2 септември 2011 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]