Стар поредок

Од Википедија — слободната енциклопедија
Луј XIV од Франција - за време на неговото владеење Стариот поредок добилапсолутистичка форма на владеење; портрет од Ијасент Риго, 1701 година
Нападот на Бастилја на 14 јули 1789 година, се смета дека овој настан го одбележува крајот на Стариот поредок; акварел од Жан-Пјер Хуел
Дел од темата Франција

Историја на Франција

Античка историја

Праисториска Франција
Галија
Римска Галија
Франки
Меровинзи

Среден век

Каролинзи
Капетинска династија
Династија Валоа
Династија Бурбони
Француска револуција

19 век

Прва Француска Република
Национален конвент
Француска директорија
Француско конзулство
Прво Француско Царство
Бурбонска реставрација
Јулска револуција
Јулска монархија
Француска револуција 1848
Второ Француско Царство
Трета Француска Република
Париска комуна

20 век

Вишиевска Франција
Привремена влада на Француската Република
Француска унија
Четврта Француска Република
Француска заедница
Петта Француска Република

Портал:Франција

Стариот поредок (француски : Ancien Régime); буквално „старо владеење“), познат и како Стариот режим, бил политички и социјален систем на Кралството Франција од доцниот среден век (околу 1500 г.) до Француската револуција (1789),[1] по која бил укинат феудалниот систем на француското благородништво (1790) [2] и наследната монархија (1792).[3] Во овој период, со Франција владееле кралевите од династиите Валоа, а потоа и династијата Бурбон. Терминот понекогаш се користи за да се опишат сличните феудални системи од тоа време на други места во Европа, како оној во Швајцарија.[4]

Потекло на терминот[уреди | уреди извор]

По 1789 година терминот стар поредок обично се користел од новинарите и законодавците во Франција и се однесувал на институциите во Франција пред револуцијата.[5]

Општи одлики[уреди | уреди извор]

Според Пјер Губер, „Стариот поредок е, пред сè, форма на општество“.[6] Општеството што се создало во Франција пред Француската револуција било сосема поинакво од општеството во соседните држави. Марксистичките историчари сметале дека тоа е феудално општество, бидејќи имало феудален начин на производство и типична феудална сопственост на земјиштето. Сепак, огромно мнозинство немарксистички историчари не се согласуваат со ова, затоа што, според нив, му недостасувале главните одлики на феудализсталеж. Така, крепосништвото во Франција исчезнало кон крајот на 13 век, системот на вазално-феудални односи, исто така, се верува дека исчезнал долго пред воспоставувањето на Стариот поредок. Кардиналот Ришелје на почетокот од 17 век ги укинал остатоците од феудалниот систем.[7] Оттогаш во Франција завладеал апсолутизмот - голема неограничена моќ на монархот, што исто така не е карактеристично за феудализмот со својот систем на лабава вазална зависност („вазалот на мојот вазал не е мој вазал“).

Истовремено, Стариот поредок имал малку заеднички нешта со капитализмот, кој брзо се развивал во соседните земји: Англија, Холандија, Германија и Италија. За разлика од овие земји, Франција во таа ера се одликувала со неразвиени стоковно-парични односи и доминирала трампата. Токвил ги споредувал одликите на Стариот поредок со Индија пред нејзината колонизација од Британците,[8] други автори од таа ера направиле паралела со Персиската Империја од античката ера и ги споредувале француските провинции со персиските сатрапии, има многу сличности со Кина од XIV-XVIII век, што им овозможило на некои автори Стариот поредок да го опишат како на посебен тип на општество, кое не е ни феудално ни капиталистичко, што претежно било одлика на земјите од Истокот.[9]

Стариот поредок се одликувал со посебни сталежи. Целото француско општество било поделено на три сталежи - католичко свештенство, благородништвото и таканаречениот трет сталеж. Во политичката сфера, акцентот беше ставен на Божественото право на кралевите да владеат со своите поданици. Апсолутниот монарх (најпознат меѓу нив е „Кралот на сонцето“, Луј XIV) имал неограничена моќ.

Стариот поредок се поклопува со неколку историски периоди од француската историја. На почетокот тоа била ерата на Ришелје и францускиот апсолутизам. Периодот пред склучувањето на мирот во Утрехт (1713), додека моќта на Франција растела, обично се нарекува голема ера (Grand Siècle), а времето потоа - галантна ера. По револуционерните пресврти, многу Французи со носталгија се присеќавале на „стариот поредок“.

Структура на државата[уреди | уреди извор]

Француско територијално проширување од 1552 до 1798 година

Државната структура на Франција била слична со другите европски земји од тој период. На чело на државата бил кралот, кому му биле подредени министрите; во покраините имало управители и парламенти, со градовите управувале месни општински органи. Сепак, имало и суштински разлики кои ја прават Франција различна од нејзините соседи.

Најважна разлика бил системот на продажба на службенички позиции (полет), кој го опфаќал сиот државен апарат во Париз и во провинциите. Практиката на продавање службенички позиции се појавила во Франција уште во почетокот на 16 век за време на Луј XII, но својата конечна форма ја добил на почетокот од 17 век за време на Анри IV, кога овој систем станал сеопфатен, доживотен и наследен, и траел до 1789 г. Цената на највисоките владини позиции во последните децении пред Француската револуција достигнала 200-300 илјади ливри (фунти) или повеќе, што било еднакво на вредноста на луксузна палата сосе мебел.[10] Со купувањето на позиција, службеникот добивал право на доживотна „кирија“, што обично му овозможувало постепено да си ги врати направените трошоци.[11]

Оваа практика била главен виновник за неефикасноста и екстремната бирократија на француската државна машинерија, која опстојувала до самата револуција во 1789 година. Со правото на наследство добивале целосна независност во своето дејствување од централната власт.[12] Токвил истакнал дека како резултат на овој систем во Франција, „се појавија неверојатен број сосема бескорисни, па дури и штетни, работни позиции... Така, тие самите изградија преголема, сложена, гломазна и непродуктивна административна машина.“[13]

Пример за постоење на вакви паралелни структури со исти функции е институцијата на кралските интенданти во провинциите, која била воведена од Ришелје. Интендантите имале широки овластувања кои ги надминувале овластувањата на провинциските гувернери (шефовите на провинциите) и парламентите, а нивните должности во голема мера биле исти со тие на интендантите (даноци и финансии, домашна политика, судство итн.). Познатиот англиски економист Ло бил изненаден од оваа одлика на францускиот систем на управување: „Никогаш не би поверувал во она што самиот го видов како финансиски контролор. Знајте дека со Кралството Франција управуваат триесет интенданти. Кај вас нема парламент, нема држави, нема намесници; има само триесет интенданти испратени во провинциите, од кои зависи среќата или несреќата на овие провинции, нивното изобилство или неплодност“.[14]

Системот на купување и доживотно вршење јавна функција било постојан извор на корупција. Откако ќе се стекнал со функција, секој службеник се обидувал да ги надомести направените трошоци, преку својата службена положба. Историчарите даваат примери за огромни богатства акумулирани од службеници во текот на нивната служба, додека на почетокот на нивните кариери, некои од нив биле сиромашни.[15]

Во 1771 година, Луј XV се обидел да ја укине купопродажбата и наследството на многу од позициите, но планов наишол на силно противење од аристократијата и по смртта на кралот бил заборавен.[16]

Социјална структура[уреди | уреди извор]

Прв и втор сталеж[уреди | уреди извор]

Првиот и вториот сталеж (благородништвото и свештенството) биле ослободени од плаќање даноци, имале ексклузивни политички права и многу други привилегии во однос на остатокот од населението. На повеќето владини места можеле да бидат назначени само благородници, тие исто така можеле да бидат членови на парламентите, каде што било скоро невозможно да влезат претставници од третиот сталеж. На пример, во парламентот на покраината Бретања во периодот од 1660 до 1789 г. немало ниту еден член кој немал благородничка титула.[17]

Освен продажбата на јавни функции во Франција, била распространета и практиката на продажба на благороднички титули. Таа практика ја користеле новопечените богаташи од третиот сталеж, кои преку овој механизам се претворале во благородници. Новиот благороднички слој формиран преку купување на титули бил наречен „ благородништво по облеката “ (noblesse de robe), а старата наследна аристократија била наречена „благородништво по мечот“ (noblesse d'épée).

Како резултат на оваа практика, за време на Стариот поредок, дошло до силно раслојување на француското благородништво со богати луѓе од третиот сталеж. На пример, во Парламентот во Париз во 18 век, од 590 негови членови, само 6% биле потомците на старата аристократија од пред 1500 година, а 94% од членовите на парламентот биле од семејства кои стекнале благородничка титула во текот на 16-18 век. Според историчарите, до XVIII век, исчезнале сите значајни разлики помеѓу новото и старото благородништво и тие формирале единствена „каста“.[18]

Во средината на XVIII век се појавила популарна теорија меѓу француската аристократија, според која благородништвото во Франција потекнувало од „расата на освојувачите“ - Франките, а остатокот од населението биле потомци на галските селани, порано покорени од Франките; и со тоа, посебната положба на аристократијата била оправдана.[19]

Трет сталеж[уреди | уреди извор]

Третиот сталеж опфаќал околу 98% од населението на Франција и бил хетероген. Најголеми општествени групи во неговиот состав биле селанството (преку од 85% од населението) и буржоазијата. „Буржоазијата“ во Франција ја означувала средната класа, која имала свој „буржоаски“ начин на живот, кој одговарал на нивното прилично скромно ниво на приход; а оние буржуи кои успеале да се збогатат, по правило, си купувале благородничка титула, ги напуштиле редовите на буржоазијата и станувале аристократи.[20] Англиските историчари Милвард и Саул пресметале дека во Франција кон крајот на 18 век, просечниот приход на аристократијата бил 10 пати поголем од просечниот приход на буржоазијата, а вториот, пак, бил исто така околу 10 пати поголем од просечниот приход на работниците и селаните.[21]

Селанството било во најтешка состојба, и на свои плеќи го носеле товарот на даноците и таксите, страдале од самоволието на земјопоседниците и бирократијата и немале политички права. Според проценките, вкупното даночно оптоварување на селаните во однос на земјопоседниците, државата и црквата (даноци, кирија, десеток, итн.) во просек изнесувал 30-40% од бруто жетвата[22] (или околу 45-50% од нето - жетва, минус семенскиот фонд). Покрај тоа, селаните честопати биле принудувани на неплатена работа за државата (изградба на патишта, итн.) и за сопствениците на земјиштето.

Според очевидци, 3/4 од селаните во Франција во текот на целата година - и во лето и во зима - оделе во иста излижена облека, бидејќи немале друга, и со дрвени обувки (сабо) на боси нозе; преку зима им било мошне студено, бидејќи во живеалиштата немале греење, а шумите, по правило, биле сопственост на земјопоседниците или на кралот, а влезот таму бил забранет.[23] Селските буни биле постојана појава, а понекогаш покривале големи области. Голем размер достигнале во 1789 година, кога селаните запалиле многу имоти на земјопоседници (настани наречени „Голем страв“ - Grande Peur).

Многу факти сведочат за постоењето на нетрпение меѓу благородништвото и третиот сталеж, што особено било очигледно во првите години од Револуцијата. Зборовите „аристократи“ и „аристократија“ тогаш станале навредливи, а самите благородници и нивните семејства биле тероризирани, малтретирани и напаѓани од пошироките маси. Француските историчари Ф. Фуре и Д. Рише веруваат дека ова е поради „комплексот на понижување“ што се формирал меѓу масите на обичните Французи до престанокот на постоењето на Стариот поредок.[24]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Dewever, Richard (June 14, 2017). „On the changing size of nobility under Ancien Régime, 1500-1789“ (PDF). L'Ecole des Hautes Etudes en Sciences Sociales. Посетено на February 3, 2022.
  2. The National Assembly (19 June 1790). „Decree on the Abolition of the Nobility“ (PDF). The Open University. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-10-19. Посетено на December 27, 2021.
  3. „Ancien Regime“, Europe, 1450 to 1789: Encyclopedia of the Early Modern World (англиски), The Gale Group Inc., 2004, Посетено на 26 February 2017
  4. „Switzerland | History, Flag, Map, Capital, Population, & Facts | Britannica“. www.britannica.com (англиски). Посетено на 2022-03-07.
  5. Doyle 2012, p. 1.
  6. Goubert P. L’Ancien Regime. T. I. Paris, 1969, p. 16
  7. Mandrou R. La France aux XVIIe et XVIIIe siecles. Paris, 1987, p. 161
  8. Токвиль А. Старый порядок и революция. С-П., 2008, с. 117
  9. Кузовков Ю. Мировая история коррупции. М., 2010, п. 13.3 Факт существования ранее в истории особого типа социально-экономической системы на Востоке признаётся как российскими историками — см. Азиатский способ производства, так и западными — см. Wallerstein I. The Modern World-System. Capitalist Agriculture and the Origins of the European World-Economy in the Sixteenth Century. New York, 1974, pp. 57-58
  10. Goubert P. L’Ancien Regime. Paris, T. 1, 1969, p.174
  11. Токвиль А. Старый порядок и революция. С-П., 2008, с. 98-99. Подобной практики действительно в то время не было более нигде на Западе, но она в ту же эпоху существовала на Востоке, например, в Китае, а ранее в Византии
  12. Mandrou R. La France aux XVIIe et XVIIIe siecles. Paris, 1987, p. 222
  13. Токвиль А. Старый порядок и революция. С-П., 2008, с. 98-99
  14. Токвиль А. Старый порядок и революция. С-П., 2008, с. 42-43
  15. Goubert P. L’Ancien Regime. Paris, T. 1., 1969, p. 180; T. 2, 1973, p. 53
  16. Goubert P. L’Ancien Regime. Paris, T. 2, 1973, pp.232-233
  17. Goubert P. L’Ancien Regime. Paris, T. 1, 1969, p.165
  18. Goubert P. L’Ancien Regime. Paris, T. 1, 1969, pp.179, 235
  19. Goubert P. L’Ancien Regime. Paris, T. 1, 1969, p. 152
  20. Goubert P. L’Ancien Regime. Paris, T. 1, 1969, pp. 221—222.
  21. Milward A., Saul S. The Economic Development of Continental Europe, 1780—1870, Totowa, 1973, p. 265.
  22. Mandrou R. La France aux XVIIe et XVIIIe siecles. Paris, 1987, pp. 77-79.
  23. Goubert P. L’Ancien Regime. Paris, T. 1, 1969, p. 114. Mandrou R. La France aux XVIIe et XVIIIe siecles. Paris, 1987, p. 97.
  24. Furet F. et Richet D. La revolution francaise. Paris, 1973, p. 211.

Понатамошно читање[уреди | уреди извор]

Религија[уреди | уреди извор]

На француски[уреди | уреди извор]

  • Bély, Lucien (1994). La France moderne: 1498–1789. Collection: Premier Cycle (French). Paris: PUF. ISBN 2-13-047406-3.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  • (in French) Bluche, François. L'Ancien Régime: Institutions et société. Collection: Livre de poche. Paris: Fallois, 1993. ISBN 2-253-06423-8
  • (in French) Jouanna, Arlette and Philippe Hamon, Dominique Biloghi, Guy Thiec. La France de la Renaissance; Histoire et dictionnaire. Collection: Bouquins. Paris: Laffont, 2001. ISBN 2-221-07426-2
  • (in French) Jouanna, Arlette and Jacqueline Boucher, Dominique Biloghi, Guy Thiec. Histoire et dictionnaire des Guerres de religion. Collection: Bouquins. Paris: Laffont, 1998. ISBN 2-221-07425-4
  • (in French) Pillorget, René and Suzanne Pillorget. France Baroque, France Classique 1589–1715. Collection: Bouquins. Paris: Laffont, 1995. ISBN 2-221-08110-2
  • Viguerie, Jean de (1995). Histoire et dictionnaire du temps des Lumières 1715–1789. Collection: Bouquins (French). Paris: Laffont. ISBN 2-221-04810-5.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
Претходник
Hundred Years War
French periods of history
1453–1789
Наследник
Revolutionary Period