Национален конвент

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дел од темата Франција

Историја на Франција

Flag of France.svg
Античка историја

Праисториска Франција
Галија
Римска Галија
Франки
Меровинзи

Среден век

Каролинзи
Капетинска династија
Династија Валоа
Династија Бурбони
Француска револуција

19 век

Прва Француска Република
Национален конвент
Француска директорија
Француско конзулство
Прво Француско Царство
Бурбонска рестарвација
Јулска револуција
Јулска монархија
Француска револуција 1848
Второ Француско Царство
Трета Француска Република
Париска комуна

20 век

Вишиевска Франција
Привремена влада на Франција
Четврта Француска република
Пета Француска република

Портал:Франција

Националниот конвент (француски: Convention nationale) бил највисокото законодавно тело на Првата Француска Република, кое заседавало од 21 септември 1792 до 26 октомври 1795 година во екот на Француската револуција.

Конвентот бил креиран откако Законодавното собрание одлучило привремено да го суспендира кралот Луј XVI и да конституира Национален конвент кој требало да подготви нов устав во кој не е вклучена монархијата. На општите избори за членови на Конвентот учествувале сите мажи (со исклучок на домашните службеници) со наполнети 21 година. Така, Националниот конвент е првиот француски парламент заснован на универзалното право на глас и првото француско собрание избрано со избирачко право без класни разлики.[1]

Иако Конвентот опстојал до 1795 година, избраните пратеници немале политичка и правна моќ. Од април 1793 година, моќта била сконцентрирана во малиот Комитет за јавна безбедност. Од есента 1793 година до пролетта 1794 година, кога Максимилијан Робеспјер со своите сојузници влијаел врз Комитетот за јавна безбедност, се случила најрадикалната и најкрвавата фаза од Француската револуција, позната како Владеење на теророт. По падот на Робеспјер, Конвентот постоел уште една година а потоа бил напишан нов устав, со кој бил воведен Францускиот директорат.

Избори[уреди | уреди извор]

Изборите се одржале од 2 до 10 септември 1792 година откако претходно (на 26 август) биле избрани на изборните колегиуми од основните собранија.[2] И покрај воведувањето на универзалното право на глас за мажите, одѕивот бил низок[3], но сепак поголем во споредба со изборите од 1791 година (во 1792 година 11,9% од значително поголемото гласачко тело, во споредба со 10,2% во 1791 година). Во Франција, само единаесет основни собранија сакале да ја задржат монархијата. Изборните собранија сите премолчено гласале за „република“, иако само во Париз се употребил зборот.[3] На изборите биле избрани иста категорија на луѓе какви што активните граѓани избрале во 1791 година. [4]

На 20 септември, била одржана првата седница на Конвентот.[5] Од 10 мај 1793 година, седниците се одржувале во огромна сала во која имало галерии за јавноста која често ги прекинувала дебатите или аплаудирала.[6]

За членови на Конвентот биле избрани претставници од сите општествени класи, но најбројни биле адвокатите. Националното конститутивно собрание било составено од 75 пратеници, а Законодавното собрание од 183. Вкупниот број пратеници изнесувал 749, не сметајќи ги 33-та пратеници од француските колонии. На новоформираните департмани припоени кон Франција од 1782 до 1789 година им било дозволено да испраќаат пратеници.[1]

Конвентот избирала претседател на секои две недели, а претседателот во заминување имал право на реизбор по истекот на двете недели. Обично, седниците се одржувале наутро, но честопати имало и вечерни седници до доцна во ноќта. Понекогаш, во исклучителни околности, Конвентот носел одлука за постојано заседавање и заседавал неколку дена непрекинато. Конвентот имал комитети, со овластувања регулирани со закон. Најпознати комитети биле Комитетот за јавна безбедност и Комитетот за општа безбедност.[1]

Конвентот имал законодавна и извршна власт во текот на првите години од Првата Француска Република и неговото работење се дели на три различни периоди: жирондински, монтањарски или јакобински и термидорски.

Жирондински конвент[уреди | уреди извор]

Првата седница се одржала на 20 септември 1792 година. Следниот ден, собранието се согласило со предлогот за укинување на монархијата кој бил проследен со овации. На 22 септември се прочула веста за битката кај Валми. Истиот ден, било одлучено дека „во иднина актите на собранието ќе датираат од Првата година на Француската Република“. Три дена подоцна, за да се заштити од федерализмот бил додаден заклучокот дека „Француската Република е една и неделива“. Била прогласена република, и требало да се состави републиканска влада.[3]

По Валми, Прусите се повлекле до сопствената граница, а во ноември француските трупи го окупирале левиот брег на Рајна. Австријците, кои во октомври го опколиле Лил, биле поразени во битката кај Жемап на 6 ноември и си заминале од австриската Холандија. Била окупирана Ница, а Савоја прогласила унија со Франција.[7]

Жирондинци и Монтањари[уреди | уреди извор]

Националниот конвент бил поделен на две главни фракции: Жирондинците и Монтањарите.  Жирондинците биле порадикална демократска фракција, а Монтањарите биле авторитарни популисти. Жирондинците своето име го добиле по Жиронда, регион во Франција од кој биле избрани многу пратеници од оваа фракција (иако многу „жирондинци“ биле всушност парижани по потекло) и биле познати и како Брисотинци по нивниот најистакнат говорник Жак Пјер Брисо.[8]

Монтањарите, ја имале поддршката од помалку образованите сегменти од париското население, а името го добиле од високите седишта на кои седеле за време на заседавањето на Конвентот. Монтањарите доминирале во Конвентот преку закани со физичко насилство.[9]

Во првите месеци од Конвентот доминирале три прашања: револуционерното насилство, судењето на кралот и париската доминација во политиката.

Рамнинците[уреди | уреди извор]

Рамнинците биле трета фракција за време на Конвентот. Некои историчари сметаат дека тие биле тесно поврзани со Жирондинците, но Рамнинците имале поцентристички идеали. Своето име го добиле од нивното место на подот од Конвентот.[10][11] На почетокот на Конвентот, тие застанале на страната на Жирондинците, но откако Монтањарите почнале да се залагаат за погубување на кралот Луј, Рамнинците преминувале на нивна страна.

Судење и погубување на кралот[уреди | уреди извор]

Судењето на Луј XVI

Едногласната декларација на Конвентот за прогласување на Француската Република на 21 септември 1792 година го оставила отворено прашањето за судбината на поранешниот крал. Затоа била формирана комисија за да ги испита доказите против него, а Законодавниот комитет од Конвентот ги разгледувал правните аспекти за можно судење. Повеќето Монтањари се залагале за судење и погубување, но Жирондинците биле поделени по прашањето за судбината на Луј.[12] На 13 ноември, Робеспјер во Конвентот изјавил дека Уставот кој што самиот Луј го прекршил, не може да се користи во негова одбрана.[13] Робеспјер бил болен и го подржал Сен-Жист, кој одржал голем говор со аргументи против неповредливоста на кралот. На 20 ноември, по откривањето на 726 тајни документи кои содржеле лични комуникации на Луј со банкари и министри, мислењето во Конвентот нагло се свртело на негова штета.[14] На неговото судење, тој тврдел дека не ги препознава документите кои јасно биле потпишани од него.[15]

Судењето започнало на 10 декември. Луј XVI бил претставен како непријател, туѓ на нацијата и како „узурпатор“. Гласањето започнало на 15 јануари 1793 година. Секој пратеник го образложил својот глас на говорницата. Гласањето против кралот било едногласно. Гласањето за погубување започнало на 16 јануари и продолжило до следниот ден. Од присутните 726 пратеници, 361 се изјасниле за безусловна смртна казна, 26 биле за условна смрт, 334 биле против (вклучувајќи ги 44та кои гласале за смрт со одложување), петмина биле воздржани. На 19 јануари, било ставено на гласање прашањето за одложување: 380 гласа биле против и 310 биле за.[16]

Утрото на 21 јануари, Конвентот ѝ наредил на целата Национална гарда да се постави од двете страни на патеката до скелето. Луис бил обезглавен на Плоштадот на револуцијата. Остатокот од Европа, плашејќи се од исходот на Француската револуција во нивните земји, донел одлука за војна против регицидите.[17]

Криза и пад на Жирондинците[уреди | уреди извор]

На 2 јуни 1793 година водачите на Жирондинците биле исфрлени од Конвентот поради долгиот и жесток конфликт со Монтањарите. Жирондинците се потпирале на гласовите од мнозинството пратеници, но поради инсистирањето на Жирондинците да ги монополизираат сите позиции на власт за време на Конвентот и нападите врз лидерите на Монтањарите, пратениците полека почнале да гравитираат кон Монтањарците. Рамнинците останале неутрални.

Жирондинците биле убедени дека нивните противници се стремат кон крвава диктатура, но Монтањарите сметале дека Жирондинците се подготвени на секаков компромис со конзервативците, па дури и со ројалистите, за да останат на власт. На крајот двете партии прифатиле здружување со опасни коалициони партнери: Жирондинците се здружиле со ројалистите, а Монтањарите со санкилотите.[7]

Падот на Жирондинците

По судењето на кралот, санкилотите постојано ги напаѓале „апелантите“ (appelants), и сакале да ги исфрлат од Конвентот и побарале да се формира Револуционерен трибунал кој би се занимавал со наводните аристократски заговори.[17] Воените неуспеси против Првата коалиција, пребегнувањето на Шарл Франсоа Думурие на страна на непријателот и војната во Ванде, која започнала во март 1793 година, биле користени како аргументи на Монтањарите и санкилотите за да ги прикажат Жирондинците како меки. Жирондинците биле принудени да го прифатат формирањето на Револуционерниот трибунал и на Комитетот за јавна безбедност од страна на Монтањарите.

Последната пресметка била поттикната од судењето на Жан-Пол Мара и апсењето на сецесионерите. На 25 мај, Париската комуна влегла во Конвентот и побарала ослободување на активистите. Претседавачот со Конвентот, започнал со говор кој потсетува на манифестот на Бранзвик : „Ако се изврши напад врз лицата кои ја претставуваат нацијата, тогаш во името на целата земја изјавувам дека Париз ќе биде уништен“. Следниот ден Јакобинците се изјасниле дека се во востаничка состојба. На 28 мај, било договорено организирање на востание. На 29 мај, делегатите од 33 секции формирале востанички комитет од девет члена.[16] На 2 јуни, 80.000 вооружени санкилоти го опколиле Конвентот. Откако пратениците биле спречени да заминат под закана со огнено оружје, тие поднеле оставка и биле уапсени 29 Жирондинци. Така Жиронда престанала да биде политичка сила.[16]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Anchel 1911.
  2. Du 2 au 10 septembre 1792: élection des députés à la Convention nationale
  3. 3,0 3,1 3,2 Thompson 1959.
  4. Dupuy 2005.
  5. „Saint-Just: Lieux de mémoire“.
  6. The National Convention 1906
  7. 7,0 7,1 Hampson 1988.
  8. „Girondin | political group, France“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 2016-12-12.
  9. Reilly, Benjamin (2004). „Polling the Opinions: A Reexamination of Mountain, Plain, and Gironde in the National Convention“. Social Science History. 28 (1): 53–73. doi:10.1215/01455532-28-1-53. JSTOR 40267833.
  10. Bernard, Jack F. (1973). Talleyrand: a biography. New York: G.P. Putnam's Sons. стр. 106. ISBN 0-399-11022-4.
  11. Schama, Simon (1989). Citizens: A Chronicle of the French Revolution. New York: Alfred A. Knopf. стр. 648. ISBN 0-394-55948-7.
  12. Kennedy 1988.
  13. Robespierre 1958.
  14. Soboul 2005.
  15. Hardman, John (2016) The life of Louis XVI, p. ?
  16. 16,0 16,1 16,2 Soboul 1974.
  17. 17,0 17,1 Lefebvre 1963.

Извори[уреди | уреди извор]

  • Andress, David (2006). The Terror: the merciless war for freedom in revolutionary France. Farrar: Straus and Giroux. ISBN 0-374-27341-3.
  • Andress, David, and Manuel Covo. "Race, Slavery, and Colonies in the French Revolution." In The Oxford Handbook of the French Revolution, The Oxford Handbook of the French Revolution, Chapter 017. Oxford University Press, 2015.
  • Aulard, François-Alphonse (1910). The French Revolution, a Political History, 1789–1804, in 4 vols. New York: Charles Scribner's Sons.
  • Bouloiseau, Marc (1983). The Jacobin Republic: 1792–1794. Cambridge: Cambridge University Press. ISBN 0-521-28918-1.
  • Dupuy, Roger (2005). La République jacobine. Terreur, guerre et gouvernement révolutionnaire (1792—1794). Paris: Le Seuil, coll. Points. ISBN 2-02-039818-4.
  • Furet, François (1996). The French Revolution: 1770–1814. Oxford: Blackwell Publishers Ltd. ISBN 0-631-20299-4.
  • Greer, Donald (1935). Incidence of the Terror During the French Revolution: A Statistical Interpretation. Peter Smith Pub Inc. ISBN 978-0-8446-1211-9.
  • Hampson, Norman (1988). A Social History of the French Revolution. Routledge: University of Toronto Press. ISBN 0-7100-6525-6.
  • Jordan, David (1979). The King's Trial:Luis XVI vs. the French Revolution. Berkeley: University of California Press. ISBN 0-520-04399-5.
  • Lefebvre, Georges (1962). The French Revolution: from its Origins to 1793. I. New York: Columbia University Press. ISBN 0-231-08599-0.
  • Lefebvre, Georges (1963). The French Revolution: from 1793 to 1799. II. New York: Columbia University Press. ISBN 0-231-02519-X.
  • Lefebvre, Georges (1964). The Thermidorians & the Directory. New York: Random House.
  • Linton, Marisa, Choosing Terror: Virtue, Friendship and Authenticity in the French Revolution (Oxford University Press, 2013).
  • Mathiez, Albert (1929). The French Revolution. New York: Alfred a Knopf.
  • Rude, George (1988). The French Revolution. New York: Grove Weidenfeld. ISBN 1-55584-150-3.
  • Soboul, Albert (1974). The French Revolution: 1787–1799. New York: Random House. ISBN 0-394-47392-2.
  • Stein, Robert. "The Revolution of 1789 and the Abolition of Slavery." Canadian Journal of History/Annales Canadiennes D'Histoire 17, no. 3 (1982): 447-468.
  • Thompson, J. M. (1959). The French Revolution. Oxford: Basil Blackwell.
  • Woronoff, Denis (1984). The Thermidorean regime and the directory: 1794–1799. Cambridge: Cambridge University Press. ISBN 0-521-28917-3.

Дополнително читање[уреди | уреди извор]

  • Моит, Бернард. Жените и ропството на француските Антили, 1635-1848. Црнците во дијаспората. Блумингтон: Прес на Универзитетот во Индијана, 2001 година.
  • Квини, Валери. „Одлуки за ропството, трговијата со робови и граѓанските права за црнците во раната француска револуција“. The Journal of Negro History 55, бр. 2 (1970).
  • Неш, Гери Б. „Одгласите на Хаити на американскиот север: Црните Свети Домингуанци во Филаделфија“. Историја на Пенсилванија: Журнал за средноатлантски студии 65 (1998).
  • Попкин, Џереми Д. Кратка историја на Француската револуција . Шесто издание. 2015 година.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]