Прејди на содржината

Список на градови во Кипар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мапа на Кипар со означени населби и агломерации
Поделената главна улица Ледра како слика за поделената Никозија - контролен пункт

Кипар спаѓа во многу урбанизираните земји на Јужна Европа. Најголем дел од населението живее во пошироката градска зона на трите големи кипарски градови - Никозија, Лимасол и Ларнака.

Градови во грчкиот и турскиот дел на Кипар

[уреди | уреди извор]

Посебна тешкотија во распределбата на градовите на Кипар е поделеноста на осторовот на јужен, грчки и северен, турски дел, односно на меѓународно признатата Република Кипар и на меѓународно непризнатата Турска Република Северен Кипар. Во врска со тоа има различни пописи во двата дела на островот, различно третирање на градовите и предградијата, а главниот град на државата, Никозија, живее како два сосема одвоени градови.

Градови и предградија

[уреди | уреди извор]

На Кипар статус на град имаат и поголемите предградија на важните градови, што ги има многу со оглед на тоа што градовите како Никозија, Лимасол или Ларнака не ги проширувале своите граници со растот на населението во текот на изминатите децении. Поголемите предградија спаѓаат во најголемите населби во државата и тие се поголеми од многу градови во зафрлените делови на Кипар.

Во грчкиот јазик градот се нарекува полис или поли (грч. Πόλη), додека во турскиот јазик градот се нарекува Шехир (тур. Şehir}}). Најголемиот дел од турските имиња на градовите биле воведени во 1958 година.[1]

Попис на градовите со преку 5 илјади жители

[уреди | уреди извор]
Лимасол - крајбрежјето
Пафос
Амохостос - разруешни хотели од времето на окупацијата
Керинеа - старото пристаниште
  • Со задебелени букви се наведени градовите кои имаат официјален статус
  • Со закосени букви се наведени предградијата
  • Со ознаките ТУР и ГРЧ е направена разлика меѓу градовите во грчкиот и турскиот дел на државата
  • Окрузите се дадени според државното уредување на Република Кипар
Бр. Дел на
Кипар
Назив Грчки
назив
Турски
назив
Попис
2001.
Проценка
2005.
Округ
1.ГРЧ / ТУРНикозијаΛευκωσίαLefkoşa...97.467Никозија
2.ГРЧЛимасолΛεμεσόςLimasol94.25092.210Лимасол
3.ГРЧСтроволосΣτρόβολος58.52559.483Никозија
4.ГРЧЛарнакаΛάρνακα46.66646.393Ларнака
5.ТУРАмохостосΑμμόχωστοςGazimağusa...36.867Амохостос
6.ГРЧЛакатамијаΛακαταμια28.47728.943Никозија
7.ГРЧПафосΠάφοςBaf26.53027.660Пафос
8.ТУРКеринеаΚερύνειαGirne...19.701Керинеа
9.ГРЧАгланцијаΑγλαντζιά18.95319.263Никозија
10.ГРЧПолемидијаΚάτω Πολεμίδια18.45218.754Лимасол
11.ТУРМорфуΜόρφουGüzelyurt...14.672Никозија
12.ГРЧЕнгомиΈγκωμη13.64413.867Никозија
13.ГРЧМеса ГитонијаΜέσα Γειτονιά13.56513.787Лимасол
14.ГРЧЛацијаΛατσιάLaçça12.19512.395Никозија
15.ГРЧАјос ДометиосΆγιος Δομέτιος12.12512.323Никозија
16.ГРЧАрадипуΑραδίππου11.44811.635Ларнака
17.ГРЧПаралимниΠαραλίμνι11.09111.273Амохостос
18.ГРЧАјос АтанасиосΆγιος Αθανάσιος9.1739.323Лимасол
19.ГРЧГермасогијаΓερμασόγεια8.5358.672Лимасол
20.ТУРЛефкаΛεύκαLefke...8.446Никозија
21.ГРЧГериΓέρι6.4437.639Никозија
22.ГРЧИпсонасΎψωνας6.4357.348Лимасол
23.ГРЧДалиΔαλι5.8346.085Никозија
24.ГРЧГероскипуΓεροσκήπου5.5095.769Пафос
25.ГРЧЦериΤσέρι5.2875.498Никозија
26.ГРЧЛивадијаΛιβάδια4.8835.329Ларнака
27.ГРЧДромолаксијаΔρομολαξιά4.9945.240Ларнака
28.ТУРЛапитосΛάπηθοςLapta...5.215Керинеа
29.ТУРРизокарпасоΡιζοκάρπασοDipkarpaz...5.214Амохостос
30.ГРЧКсилофагуΞυλοφάγου4.9575.198Ларнака
31.ГРЧДеринејаΔερύνεια4.9545.161Амохостос

Значајни градски подрачја

[уреди | уреди извор]

Најголемите градски подрачја на Кипар се поврзани за четирите големи градови во грчкиот дел на државата. Во нив живее 70% од населението во овој дел од државата. Тоа се:

  • Голема Никозија - 236.000 (2009 г.)
  • Голем Лимасол - 187.000 (2009 г.)
  • Голема Ларнака - 84.000 (2009 г.)
  • Голем Пафос - 57.000 (2009 г.)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ „Baysal, Besim. "Unending "Turkism" Attack on Settlement Areas". KTOS. Retrieved 30 March 2011“. Архивирано од изворникот на 2011-02-04. Посетено на 2011-04-16.