Прејди на содржината

Список на градови во Малта

Од Википедија — слободната енциклопедија

Република Малта, како една од најмалите европски држави, има само едностепена поделба на 68 општини, од који 11 имаат статус на град.

Мапа на Малта со градовите и поважните населби
Ла Валета, главниот град во средновековни ѕидини
Мдина, иако град, спаѓа во најмалите населби по бројот на жителите (помалку од 300)

Всушност, државата е мала и многу густо населена (над 1000 жит/км2), па во неа има едно големо урбано подрачје со средиште во главниот град Ла Валета, во кој живее 80% од населението во државата.

Статус на град

[уреди | уреди извор]

Статусот на град на Малта не е поврзан со неговата големина, туку со неговото историско значење. Повеќето градови ги сочувале границите од минатите векови, па многу нивни предградија се поголеми од нив самите. На пример, најголемата населба (и општина) на Малта е Биркиркара, која нема статус на град. Таа е приближно трипати поголема од блиската Валета, која останала во средновековните ѕидини.

Список на градови

[уреди | уреди извор]
Бр.Назив
на градот
Историски
назив
Површина
(км2)
Население
(31.12.2009)[1]
1.БиргуCittà Vittoriosa0,52.633
2.БормлаCittà Cospicua0,95.605
3.ВалетаCittà Umillisima0,86.266
4.ВикторијаCittà Victoria2,96.306
5.ЗабарCittà Hompesch5,314.956
6.ЗебуџCittà Rohan8,711.485
7.ЗејтунCittà Beland7,411.360
8.КормиCittà Pintò5,016.688
9.МдинаCittà Notabile0,9236
10.СенглејаCittà Invicta0,28.003
11.СиџивиCittà Ferdinand19,98.053

Поврзано

[уреди | уреди извор]