Амди Бајрам: Разлика помеѓу преработките

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Одземени 40 бајти ,  пред 5 месеци
нема опис на уредувањето
с (→‎Надворешни врски: Отстранета категорија)
Нема опис на уредувањето
 
 
==Животопис==
Амди Бајрам е роден во [[Скопје]] и има завршено средно трговско училиште, а извесно време бил генерален директор на текстилното претпријатие „Шутекс“. Бајрам во 1994 станал пратеник во [[Собранието на Република Македонија]] како член на [[Партија за целосна еманципација на Ромите]] (ПЦЕР), но до крајот на мандатот работел како независен пратеник.<ref>{{нмс|title=Биографија на Амди Бајрам|url=https://www.sobranie.mk/partija-za-celosna-emancipacija-na-romite-8edf3148-9d91-4307-aa56-ac003c4078c8-ns_article-amdi-bajram-94.nspx|publisher=[[Собрание на Република Македонија]]|accessdate=2017-12-26}}</ref> Во 1996 јаго основал СРМ и бил назначен за нејзин претседател. Во периодот 1994–1998 бил во коалиција со владејачкиот [[СДСМ]], а за [[Македонски парламентарни избори (1998)|парламентарните избори во 1998]] типувал победа на премиерот [[Бранко Црвенковски]] со 102%.<ref>{{нмс|title=Амди Барјам пред нов прелет во владино јато|url=http://nezavisen.mk/mk/vesti/2017/12/11605/|publisher=[[Независен весник|Независен]]|accessdate=2017-12-26}}</ref>
 
Во периодот 1998–2002 ја поддржувал владата на [[ВМРО-ДПМНЕ]] предводена од премиерот [[Љубчо Георгиевски]]. При гласањето доверба на владата на Георгиевски по барање на водачот на опозицијата Црвенковски во декември 2000, владата опстоила поради гласот на Бајрам, по што тој изјавил дека им дал „гол со пета“ на СДСМ и дека неговата партија „секогаш е со власта“.<ref>{{нмс|title=Бранко му го прости „голот со пета“ на Амди Барјам|url=http://vecer.mk/makedonija/branko-mu-go-prosti-golot-so-peta-na-amdi-bajram|publisher=[[Вечер (дневен весник)|Вечер]]|accessdate=2017-12-26}}</ref> Бајрам во 2004 бил обвинет за кражба на платно од штипската фабрика „Македонка“ вредно 750 илјади евра. Тој првично бил осуден на 7-годишна казна затвор, која потоа му била намалена на 4 години. На [[Локални избори во Македонија (2005)|локалните избори во 2005]], додека пресудата уште не била правосилна, се кандидирал за градоначалник на [[Општина Шуто Оризари|Шуто Оризари]]. Иако победил, бил градоначалник нецел месец бидејќи бил однесен на издржување затворска казна во затворот во [[Штип]]. Во 2007 казната му била намалена за шест месеци од претседателот Црвенковски, а во 2008 излегол од затвор.<ref>{{нмс|title=Амди Бајрам за шест месеци ќе биде на слобода|url=http://time.mk/cw/2b77e28df1/amdi-bajram-za-sest-meseci-ke-bide-na-sloboda.html|publisher=[[Утрински весник]]|accessdate=2017-12-26}}</ref>
 
Бајрам во 2004 бил обвинет за кражба на платно од штипската фабрика „Македонка“ вредно 750 илјади евра. Тој првично бил осуден на 7-годишна казна затвор, која потоа му била намалена на 4 години. На [[Локални избори во Македонија (2005)|локалните избори во 2005]], додека пресудата уште не била правосилна, се кандидирал за градоначалник на [[Општина Шуто Оризари|Шуто Оризари]]. Иако победил, бил градоначалник нецел месец, бидејќи бил однесен на издржување затворска казна во затворот во [[Штип]]. Во 2007 казната му била намалена за шест месеци од претседателот Црвенковски, а во 2008 излегол од затвор.<ref>{{нмс|title=Амди Бајрам за шест месеци ќе биде на слобода|url=http://time.mk/cw/2b77e28df1/amdi-bajram-za-sest-meseci-ke-bide-na-sloboda.html|publisher=[[Утрински весник]]|accessdate=2017-12-26}}</ref>
 
По напуштање на затворот повторно влегол во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот [[Никола Груевски]]. Додека партиципирал во коалицијата на Груевски, Бајрам вербално се конфронтирал со повеќемина пратеници на СДСМ, велејќи дека е „бренд како [[Кока-Кола]]“ во споредба со нив.<ref>{{нмс|title=Амди Бајрам до Макрадули: Јас сум за тебе Кока-Кола!|url=http://vecer.mk/makedonija/amdi-bajram-do-makraduli-jas-sum-za-tebe-koka-kola|publisher=[[Вечер (дневен весник)|Вечер]]|accessdate=2017-12-26}}</ref> За време на протестите организирани од СДСМ пред Собранието на 24 декември 2012, Бајрам им покажал среден прст на насобраните симпатизери на опозицијата.<ref>{{нмс|title=Амди Бајрам ги „поздрави“ поддржувачите на опозицијата со среден прст|url=http://a1on.mk/archives/76968|publisher=А1он|accessdate=2017-12-26}}</ref> Бајрам ја прекинал коалиција со ВМРО-ДПМНЕ откако партијата заминала во опозиција по [[Македонски парламентарни избори (2016)|парламентарните избори во 2016]] и изразил желба да премине во парламентарното мнозинство предводено од СДСМ на премиерот [[Зоран Заев]].<ref>{{нмс|title=Амди Бајрам дел од парламентарната група на ДУИ?|url=http://www.alsat-m.tv/mk/%D0%B0%D0%BC%D0%B4%D0%B8-%D0%B1%D0%B0%D1%98%D1%80%D0%B0%D0%BC-%D0%B4%D0%B5%D0%BB-%D0%BE%D0%B4-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%BB%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B3%D1%80/|publisher=[[Алсат М]]|accessdate=2017-12-26}}</ref> Амди бил татко на политичарот [[Елвис Бајрам]], кој бил градоначалник на Општина Шуто Оризари во периодот 2009–2017.
== Наводи ==
{{наводи}}
 
== Надворешни врски ==
* {{Facebook|https://www.facebook.com/profile.php?id=100008146653551}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Бајрам, Амди}}
[[Категорија:Пратенички состав 2014-2016]]
[[Категорија:Пратенички состав 2016-2020]]
[[Категорија:Починати од КОВИД-19 во Македонија]]
6.534

уредувања

Прегледник