Серта: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с →Туризам: Правописна исправка, replaced: ² → <sup>2</sup> |
сНема опис на уредувањето |
||
Ред 46: | Ред 46: | ||
==Протегање и природни одлики== |
==Протегање и природни одлики== |
||
Серта е гранична [[планина]] помеѓу двете релјефни целини [[Ниска Македонија (Повардарие)|Ниска Македонија]] и [[источно-вардарска група планини и котлини]] во [[Штип]]ската [[околија]], на околу 15 км југоисточно од [[Штип]]. Позната е и под [[име]]то [[Конечка Планина]] бидејќи започнува кај селото [[Конче]] каде и се наоѓа највисокиот врв [[Волчјак (планински врв)|Волчјак]] на 1.159 метри надморска височина. Највисокиот дел на [[планина]]та е над [[село]]то [[Лесковица]], и потоа опаѓа во насока на [[Радовиш]].<ref>{{наведена книга|last=Географско друштво на СР Македонија|title= |
Серта е гранична [[планина]] помеѓу двете релјефни целини [[Ниска Македонија (Повардарие)|Ниска Македонија]] и [[источно-вардарска група планини и котлини]] во [[Штип]]ската [[околија]], на околу 15 км југоисточно од [[Штип]]. Позната е и под [[име]]то [[Конечка Планина]] бидејќи започнува кај селото [[Конче]] каде и се наоѓа највисокиот врв [[Волчјак (планински врв)|Волчјак]] на 1.159 метри надморска височина. Највисокиот дел на [[планина]]та е над [[село]]то [[Лесковица]], и потоа опаѓа во насока на [[Радовиш]].<ref>{{наведена книга|last=Географско друштво на СР Македонија|title=Географски разгледи|publisher=Друштво|location=Скопје|date=1989 |edition=27-30}}</ref>. Заедно со планините [[Градешка Планина]], [[Плавуш]] и [[Смрдеш (планина)|Смрдеш]] претставуваат планини од Вардарската зона и имаат заеднички правец на динарско протегање<ref name="географија">{{наведена книга|last=Стојмилов|first=Александар|title=Географија на Република Македонија|year=2011|publisher=Универзитет за туризам и менаџмент|location=Скопје|language=македонски|page=63}}</ref> од северозапад кон југоисток. Планинските била им се заоблени<ref name="географија" />. Покрај највисокиот врв Волчјак, на Серта уште се издвојуваат и врвовите Кула во средишниот дел и Стракалево (Штркалево - 711 м.) во северниот дел<ref name="географија" />. Просторот кој на север се протега кон реката Брегалница е познат под името Сландол<ref name="географија" />. |
||
== Туризам == |
== Туризам == |
Преработка од 00:43, 1 септември 2020
Серта | |
---|---|
Конечка Планина | |
Поглед на средишниот дел на планината Серта | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1.159 м |
Матичен врв | Волчјак |
Координати | 41°31′22″N 22°17′3″E / 41.52278° СГШ; 22.28417° ИГД |
Друго име | Конечка Планина |
Географија | |
Место | Македонија |
Серта или Конечка Планина — средновисока планина којашто се наоѓа во југоисточниот дел на Македонија, а се издига помеѓу долините на Вардар и Крива Лакавица во Радовишко.
Протегање и природни одлики
Серта е гранична планина помеѓу двете релјефни целини Ниска Македонија и источно-вардарска група планини и котлини во Штипската околија, на околу 15 км југоисточно од Штип. Позната е и под името Конечка Планина бидејќи започнува кај селото Конче каде и се наоѓа највисокиот врв Волчјак на 1.159 метри надморска височина. Највисокиот дел на планината е над селото Лесковица, и потоа опаѓа во насока на Радовиш.[1]. Заедно со планините Градешка Планина, Плавуш и Смрдеш претставуваат планини од Вардарската зона и имаат заеднички правец на динарско протегање[2] од северозапад кон југоисток. Планинските била им се заоблени[2]. Покрај највисокиот врв Волчјак, на Серта уште се издвојуваат и врвовите Кула во средишниот дел и Стракалево (Штркалево - 711 м.) во северниот дел[2]. Просторот кој на север се протега кон реката Брегалница е познат под името Сландол[2].
Туризам
Во текот на 2014 година, Општина Конче започнала активности за изградба на десет планински куќи на планината со цел поттикнување на туризмот во целата област. Куќите се предвидува да бидат градени во крошните на буките, со површина од 16 м2 и 2 м висина, градени исклучително со природен материјал.[3] Покрај пристапниот пат до секоја од овие куќи, се предвидува да бидат изградени и летниковци во нивна близина.
Галерија
-
Падините на Серта над с. Лубница
-
Гребен во средишниот дел на Серта
-
Поглед на источните падини на Серта над с.Лубница
-
Поглед на западните падини на Серта
-
Поглед на западната падина на Серта
-
Највисокиот врв и гребенот Волчјак во средишниот дел на Серта
-
Поглед на источните падини на Серта над с.Лубница
-
Поглед на источните падини на Серта над с.Лубница
-
Поглед на протегањето на Конечка Планина (Серта) од селото Габревци
-
Поглед на источната падина на Конечка Планина - Серта од селото Долни Липовиќ
Наводи
- ↑ Географско друштво на СР Македонија (1989). Географски разгледи (27-30. изд.). Скопје: Друштво.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Стојмилов, Александар (2011). Географија на Република Македонија. Скопје: Универзитет за туризам и менаџмент. стр. 63.
- ↑ „Во Конче никнуваат куќи на дрво!“. Вечер. Скопје: Вечер Прес. 24 септември 2014. Посетено на 21 мај 2016.