Лешок: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
+фото |
|||
Ред 20: | Ред 20: | ||
== Историja == |
== Историja == |
||
[[Податотека:Dokument od selska opstinska uprava Lesok, 1918.JPG|мини|десно|Документ со печат од Лешочката селска општинска управа, од 5 јуни 1918 година.]] |
|||
Лешок се споменува на почетокот на [[среден век|средниот век]] како градска населба под името '''Леген Град'''. За него сведочат археолошките остатоци, од кои најпознато е [[Лешочкото Кале]]. |
Лешок се споменува на почетокот на [[среден век|средниот век]] како градска населба под името '''Леген Град'''. За него сведочат археолошките остатоци, од кои најпознато е [[Лешочкото Кале]]. |
||
Преработка од 12:31, 5 април 2016
Предлошка:Инфокутија за село во Македонија Лешок е село во Тетовско.
Географиja и местоположба
Лешок се наоѓа на 560 метри надморска височина во Долни Полог (Тетовскиот дел на котлината Полог).Од Тетово, Лешок е оддалечен околу 10 км.
Историja
Лешок се споменува на почетокот на средниот век како градска населба под името Леген Град. За него сведочат археолошките остатоци, од кои најпознато е Лешочкото Кале.
1900 година според бугаринот Васил К'нчов селото броело 540 Македонци православни[1]. Според податоци на секретарот на Бугарската Егзархија Димитар Мишев, во 1905 година селото броело 488 жители егзархисти[2]. 1912 година ѝ припаѓа на Србија. Афанасиј Селишчев („Полог и его болгарское население“) во 1929 година Лешок го опишува со 97 куќи и 580 жители православни Македонци[3].
Економија
Демографија
Селото брои 440 жители и е исклучиво населено со Македонци од Православна вероисповед.
Општествени институции
Во селото се наоѓа и лекувалиштето од ТБЦ.
Администрација и политика
Културни и природни знаменитости
Во разни документи се споменува дека во Лешок со околината имало дури 44 цркви. Денес во Лешок има три активни цркви и една капела-параклис (Св. Атанасиј од 14 век, Св. Атанасиј од 20 век, Св. Богородица од 19 век и капелата-параклис Св. Кирил и Методиј од 20 век сместена во конакот, како и остатоци од пет цркви и параклиси од средниот век (Св. Никола, Св. Врач, Св. Петка, Св. Марена и Св. Илија).
- Археолошки локалитети
- Кале - населба од доцна антика и среден век;[4]
- Два Бреста - населба од римско време;
- Леска - населба и базилика од доцна антика и старихристијаско време;
- Пепело - населба од римско време;
- Црквиште - црква од среден век;
- Црници - некропола од римско време;
- Депо - депо од среден век;
- Млака - некропола од среден век;
Редовни настани
Личности
- Никанор (р. ок. 1600)- скопски и полошки митрополит
- Мирко Спироски (р. 3 февруари 1948) - македонски физиолог и редовен професор по имунологија и хумана генетика на Медицинскиот факултет во Скопје.
- Ѓоко Лазаревски (1971 - 2001) - Македонски Херој од Лешок, убиен од терористите на ОНА.
Култура и спорт
Во селото егзистираат ФК Оникс (Лешок) и Одбојкарски Клуб „Лешок“, кој настапува во Првата Македонска Одбојкарска Лига.
Иселеништво
Наводи
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, стр.122-123.
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.23
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Надворешни врски
„Лешок“ на Ризницата ? |