Свини Тод (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Свини Тод: Демонскиот Бербер од Флит Улицата
(Sweeney Todd: The Demon Barber of Fleet Street)“
Sweeneylarge.jpg
Режисер Тим Бартон
Продуцент Ричард Д. Занук
Сценарист Кристофер Блонд (роман)
Стефан Сондем (текстови)
Хју Вилер (драма)
Настапуваат Џони Деп
Хелена Бонам Картер
Алан Рикмен
Тимоти Спол
Џејми Кембел Боуер
Жанр драма, хорор, мјузикл
Музика Стефан Сондем
Дистрибутер DreamWorks
Universal Pictures
Warner Bros
Премиера 21 декември 2007
Држава Flag of the United States.svg САД
Обединето Кралство Обединето Кралство
Јазик англиски
Буџет $50,000,000
Бруто заработка $80,000,829

Свини Тод: Демонскиот бербер од улицата Флит (англиски: Sweeney Todd: The Demon Barber of Fleet Street) е хорор-мјузикл филм од 2007 година, во режија на Тим Бартон. Филмот е реазилиран според бродвејскиот мјузиклот Свини Тод. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Џони Деп, Хелена Бонам Картер, Саша Барон Коен, Тимоти Спал, Џејни Вајснер и Ален Рикмен. Својата премиера во САД, филмот ја имал на 21 декември 2007 година. Филмот е добитник на наградата „Златен глобус“, во категориите „најдобра комедија или музички филм“ и „најдобар актер во комедија или музички филм“. Исто така, филмот имал и три номинации за наградата „Оскар“,[1] а освоил само „Оскар“ за најдобра уметничка декорација.[2]

Приказна[уреди | уреди извор]

Бенџамин Баркер (го игра Деп) е неправедно осуден од еден расипан судија. Тој штотуку се оженил со убавата Луси (ја Лаура Мишел Кели), со која имаат ќеркичка, но моќниот судија Турпин (го игра Рикмен), привлечен од убавината на Луси, лажно го обвинил и го испратил на прогонство. Затоа, берберот Баркер се заколнува дека ќе се одмазди за претрпената несреќа. Тој се враќа во Лондон по 15 год. од неправедното заробништво во Австралија и ја бара смртта на судијата, кој го одвоил од неговото семејство и му ги грабнал неговата жена и новородената ќерка, Џоана. Во градот, тој пристигнува во друштво со младото момче Антони (го игра Кембел Боуер), кое случајно ја забележува Џоана и веднаш се вљубува неа, не знаејќи која е всушност таа. Инаку, судијата Турпин ја држи Џоана (ја игра Вајснер) заклучена во неговата куќа и сака да се ожени со неа. Кога го забележува Антони во близина на куќата, судијата му се заканува дека ќе го убие. Меѓутоа, Антони крои планови како да ја грабне Џоана и да избега некаде далеку со неа.

Баркер, кој по враќањето во Лондон го користи лажното име Свини Тод, ја посетува својата куќа и таму ја среќава пекарката г-ца Ловет (ја игра Бонам Картер), која му кажува дека Луси се отрула, откако судијата ја силувал, а дека потоа тој ја усвоил Џоана. Воден од омразата, Свини Тод станува демонски бербер. Во својот поранешен дом, тој отвора берберница, со намера да го привлече судијата Турпин и да го убие. Најпрвин, Тод го убива берберот Пирели (го игра Барон Коен), кој всушност е неговиот поранешен чирак. Пирели го препознава Баркер и го уценува, барајќи му половина од заработувачката. Мислејќи што да направи со телото, г-ца Ловет ја дава идејата да го искористи човечкото месо како материјал за своите пити. Набргу, нејзиниот ресторан станува познат, а Тод убива многу луѓе. Единствено, една питачка се сомнева во ужасните случувања во куќата.

Во една прилика, во дуќанот на Тод доаѓа судијата, но во мигот кога Тод сака да го убие, во дуќанот влегува Антони, соопштувајќи ја намерата да ја грабне Џоана. Налутен, судијата го напушта дуќанот, а потоа ја заклучува Џоана во болница за душевно болни. Во меѓувреме, Тод успева да го убие помошникот на судијата, Бидл (го игра Спол), а Тоби, детето-придружник на Пирели (го игра Сандерс) во подрумот ги открива телата на убиените жртви. Тод сака да го убие детето, но тоа успева да избега низ канализацијата. Тод му пишува писмо на судијата, кажувајќи му дека Џоана е кај него и дека се кае за непослушноста, а кога судијата пристигнува во дуќанот, Тод го убива. Во меѓувреме, Антони ја ослободува Џоана, која се крие во дуќанот на Тод, кој пак ја убива скитничката која случајно влегува во дуќанот барајќи го Бидл. На крајот од филмот, Тод открива дека г-ца Ловет го излажала, зашто убиената скитничка е неговата жена Луси. Гневен, Тод ја турка г-ца Ловет во печката, а додека тагува над мртвата Луси, доаѓа Тоби и го убива со бричот. Така, Тод и Луси умираат во прегратка.[3] [4] [5]


Глумци Ликови
Џони Деп Бенџамин Баркер / Свини Тод
Хелена Бонам Картер Г-ѓа Ловет
Алан Рикмен Јуџ Турпин
Тимоти Спол Бидл Бамфорд
Саша Барон Коен Адолфо Пирели
Лаура Мишел Кели Луси Баркер
Џејн Вајснер Џоана Баркер

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Сурова одмазда за неправдите од минатото“, Антена, број 842, 15.8.2014, стр. 3.
  2. IMDb, Sweeney Todd: The Demon Barber of Fleet Street (2007), Awards (пристапено на 18.6.2017)
  3. Антена, број 852, 24.10.2014, стр. 25.
  4. „Сурова одмазда за неправдите од минатото“, Антена, број 842, 15.8.2014, стр. 3.
  5. IMDb, Sweeney Todd: The Demon Barber of Fleet Street (2007) (пристапено на 18.6.2017)