Ед Вуд (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Ед Вуд“ (англиски: Ed Wood) — филм на режисерот Тим Бартон од 1994 година. Автори на сценариото се Скот Александер и Лари Карашевски, а главните улоги ги играат: Мартин Ландау, Џони Деп, Сара Џесика Паркер, Патриша Аркет, Џефри Џоунс, Бил Мареј и Џулиет Ландау. Филмот претставува црнохумориситчна биографска драма во која Бартон духовите ги открива сите темни и светли страни на американската филмска индустрија. Станува збор за препознатливо дело на режисерот кој се одликува со префинет хумор и иронија, а во филмот настапува одлична актерска екипа.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Едвард Д. Вуд, помладиот (го игра Деп) е момче кое работи како градинар во едно големо филмско студио, сонувајќи да ја достигне славата на својот идол Орсон Велс. Благодарение на една случајна средба со заборавената ѕвезда на хорор-филмовите, Бела Лугоши (го игра М. Ландау), Ед успева да се избори да го режира својот прв филм. Неговот деби претрпува целосен неуспех, како и сите негови останати проекти кои ги остварува со својот стар пријател и со неколку чудаци кои му веруваат. Сепак, тој ќе остане забележан во историјата како „најлошиот режисер на сите времиња“...

Наводи[уреди | уреди извор]