Роберт Трухиљо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Роберт Трухиљо
Трухиљо на концерт во 2008
Биографски податоци
Родено име Роберт Агустин Трухиљо
Роден(а) октомври 23 1964 (1964-10-23) (воз. 53 г.)
Санта Моника, Калифорнија, САД
Жанрови хеви метал, треш метал, фанк метал, хардкор панк, хард рок
Занимања Музичар, текстописец
Инструменти Бас, гитара, вокал
Период на активност 1978–денес
Издавачи Ворнер Брос, Електра, Мегафорс
Соработници Металика, Suicidal Tendencies, Infectious Grooves, Mass Mental, Black Label Society, Ози Озборн, Medication, Џери Кантрел, Глен Типтон, Химата Кумарасихе, Трухиљо Трио
Мреж. место www.metallica.com
Значајни инструменти
Fernandes пет-жичена
Music Man Stingray 5-жичена
Warwick бас гитара
Fender Precision Bass
Rickenbacker 4001

Роберт Трухиљо (анг. Robert Trujillo) е американски бас гитарист кој во моментов е член на Металика. Освен за Металика, Трухиљо има настапувано и за бендовите Suicidal Tendencies, Infectious Grooves, Black Label Society, а има соработувано и со музичарите Ози Озборн, Џери Кантрел и Глен Типтон.[1] Трухиљо има мексиканско потекло, а роден е во Санта Моника, на 23 октомври, 1964 год.

Музичка кариера[уреди | уреди извор]

Првото искуство на музичката сцена го здобил како член на бендот на Ози Озборн, во доцните 90-ти.[2] Додека соработувал со Озборн, му се случила една непријатна афера. Имено, на ре-изданијата од албумите Blizzard of Ozz и Diary of a Madman, Трухиљо ги преснимил мелодиите на бас гитара, кои биле во авторство на неговиот претходник Боб Дејзли.[3] Дејзли бил многу незадоволен и својот револт од таквата постапка го искажал преку медиумите. Освен со Озборн, Роберт имал активности и со неформалната супер-група Mass Mental, чиј музички стил бил мешавина на реге, панк и метал. Со нив издал само еден албум, исклучиво наменет за јапонскиот музички пазар, и еден видео албум од нивниот концерт во Токио. Кратко бил член и во бендот Black Label Society, каде по поканата од неговиот колега Зек Вајлд, приредиле неколку свирки.

На Металика им се придружил на 23 фебруари, 2003 год. Освен него, во бендот се и Џејмс Хетфилд, Ларс Улрих и Кирк Хамет како членови со подолг стаж во групата.[4] Со нив прв пат се запознал во 1993 год. кога неговиот тогашен бенд Suicidal Tendencies настапувал како предгрупа на Металика за време на нивната светска турнеја Nowhere Else to Roam. И наредната (1994) година настапувал во придружба на Металика, и тоа на турнејата Shit Hits the Sheds.[5] Аудуцијата за нов басист на Металика и неговиот избор биле документирани во филмот Some Kind of Monster. Добил еден милион долари како парична награда за неговото примање од страна на бендот. Како моментален басист на Металика, на 4 април, 2009 год. бил примен во Rock and Roll Куќата на славните, заедно со неговиот претходник Џејсон Њустед (кој во 2001 заминал од Металика) и покојниот Клиф Бартон.

Актерска кариера[уреди | уреди извор]

Трухиљо се има појавено во повеќе филмски улоги, од кои позначајни му се настапите во играниот филм „Куќен повик“ (1978) и комедијатаКалифорниски човек“ (1992). Исто така има добиено помала ролја во ТВ серијата „Чипс“, како и во мини серијата „Честа на разузнавачот“.

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Роберт е оженет и има добиено син и ќерка, кои се викаат Тај и Лула. Неговата девојка, сегашна сопруга, Клои, има насликано пирографска слика од ацтечкиот календар на неговата бас гитара.[6] Неколку години по овој настан, кога Роберт слушнал дека Клои се преселила во Лос Анџелес, тој ѝ телефонирал од говорница, со намера повторно да стапат во љубовна врска. Заедно се веќе седум години, а од неодамна и се брачни другари. Неговата сопруга има сопствена веб страница со име „Клои во уметноста“.

Дискографија[уреди | уреди извор]

Џери Кантрел[уреди | уреди извор]

  • Degradation Trip (2002)
  • Degradation Trip Volumes 1 & 2 (2002)

Black Label Society[уреди | уреди извор]

  • 1919 Eternal (2002)

Infectious Grooves[уреди | уреди извор]

  • The Plague That Makes Your Booty Move...It's the Infectious Grooves (1991)
  • Encino Man Soundtrack (1992)
  • Sarsippius' Ark (1993)
  • Groove Family Cyco (1994)
  • Mas Borracho (1999)
  • Years Of Cycos (2008)
  • Funk It Up - Live In France 1995 (2010)
  • Mad Mad Muir Musical Tour (2011)

Suicidal Tendencies[уреди | уреди извор]

Глен Типтон[уреди | уреди извор]

  • Baptizm of Fire (1997)

Mass Mental[уреди | уреди извор]

  • How To Write Love Songs (1999)
  • Live in Tokyo (2001)

Ози Озборн[уреди | уреди извор]

Металика[уреди | уреди извор]

Со други музичари[уреди | уреди извор]

  • The Blackest Box (2002)
  • A Song for Chi (2009)

Филмографија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Претходник
Џејсон Њустед
Басист на Металика
2003-денес
Наследник
/

Поврзано[уреди | уреди извор]