Прејди на содржината

Music Man Stingray

Од Википедија — слободната енциклопедија

Music Man StingRay е електрична бас гитара претставена во 1976 година.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во 1971 година, вработените на Фендер, Форест Вајт и Том Вокер, незадоволни со начинот на кој CBS раководел со компанијата, ги напуштиле своите позиции во Фендер и започнале свој сопствен потфат. Првиот познат како tri-Sonix, Inc (често погрешно се нарекува "Tri-Sonic"), подоцна преименуван во Musitek за на крајот новата компанија да го добие името името Music Man во 1974 година. Компанијата почнала да произведува хибридни засилувачи дизајнирани од Том Вокер и Лео Фендер, кој учествувал само како тивок партнер на компанијата. Во 1975 година Лео Фендер бил именуван за претседател на Music Man и од 1976 неговата консултантска фирма CLF Research почналa производство на инструменти што го носеле името Music Man.

Дизајниран од Фендер, Вокер и Стерлинг Бол (Стерлинг е бета тестер на инструментот), StingRay басот се појавил во 1976 година и иако физички сличен на Фендер Precision Bass бил многу иновативен инструмент. Тој имал вграден "soapbar" хамбакер и активен пред-засилувач напојуван со батерија од девет волти. Раните верзии имале двоканално EQ (бас и високи тонови). Спектарот подоцна бил надополнет со додавање на триканален EQ (бас, средни и високи тонови). Вклучувајќи ги своите електронски подобрувања, StingRay има физички атрибути со кои се разликува од другите Фендер дизајни, како што се тешкиот сатенски финиш на задниот дел од вратот за да овозможи рацете на свирачот лесно да се лизгаат нагоре и надолу за време на свирењето, симетричен пикгард во форма на елипса и одделна хромирана "Бумеранг" контролна плоча и карактеристична "3+1" глава (на кој трите штимери се наоѓаат на врвот и еден на дното).

Stingrays се многу познати по нивниот „ударен“ звук, што ги прави многу погодни за рок / фанк и одлични за „слепови“ и по нивната екстремно добра изработка. Вратот е исто така доста широк, особено во споредба со оној на Фендер Џез Бас моделите.

Значајни корисници

[уреди | уреди извор]