ReLoad е седмиот студиски албум на хеви метал бендот Металика. Издаден бил во 1997, една година подоцна од Load. Идејата на членовите беше да го направат Load двоен албум, но поради неможноста да снимат толку многу песни одеднаш, се решиле вториот дел од студиските сесии да излезе независно од првиот. Најпозната песна од тука е „Fuel“, која воедно е и омилена на фронтменот Џејмс Хетфилд и е изведувана на секој настап во живо. Од останатите песни се издвојува и промотивниот сингл „The Memory Remains“, додека другите нумери речиси никогаш не се изведувани на настап во живо.