Просечен (општина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Пресечен (општина))
Општина Просечен
Δήμος Προσοτσάνης

Општина Просечен во областа Источна Македонија и Тракија
Податоци
Област: Источна Македонија и Тракија
Округ: Драма
Гео. област: Драмско Поле
Население: 15.701 (2021)
Седиште: Просечен
Нас. места: 22
Пошт. бр.: 662 00
Пов. бр.: 25220-2
Портал: prosotsani.gr

Просечен или Пресечен (грчки: Δήμος Προσοτσάνης, Димос Просоцанис) — општина во Драмскиот округ на Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Административен центар е градот Просечен (Пресечен). Сместена е северозападно од градот Драма. Позначајна знаменитост во општината е пештерата Маара (Ангитис) кај изворот на реката Драматица (Ангитис).

Населени места[уреди | уреди извор]

Општината Просечен е создадена на 1 јануари 2011 г. по законот „Каликратис“[1] со спојување на поранешните општини Просечен и Минаре.

Општинска единица Просечен[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Просечен на картата на некогашниот округ Драма.
Поглед на Просечен

Општинската единица ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Просечен
    • село Просечен (или Пресечен; Προσοτσάνη, Просоцани)
  • Општински оддел Боболец
  • Општински оддел Горенци
  • Општински оддел Граменци
  • Општински оддел Калапот
  • Општински оддел Крлуково
    • село Крлуково (или Карликово; Μικρόπολη, Микрополи)
  • Општински оддел Кобалишта
    • село Кобалишта (Кубалишта, Кобалица; Κοκκινόγεια, Кокиногија)
    • село Нов Калапот (Αγγίτης, Ангитис) новосоздадено
    • село Мезе (или Меше, Πηγές, Пигес)
  • Општински оддел Криводол
    • село Криводол (или Егри Дере; Καλλιθέα, Калитеја)
  • Општински оддел Плевна
  • Општински оддел Пршово
    • село Пршово (или Пршево; Ανθοχώρι, Антохори)
  • Општински оддел Ресилово

На територијата на општинската единица се наоѓало и напуштеното село Кочан (Κοντσάν, Коцан).

Општинска единица Минаре[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Минаре на картата на некогашниот округ Драма.

Општинската единица Минаре со седиште во Фотилово (Фотоливос) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Фотилово
    • село Фотилово (или Сачивен; Φωτολίβος, Фотоливос)
  • Општински оддел Голак
  • Општински оддел Голем Сивендрик
    • село Голем Сивендрик (или Г. Севендрик, Г. Семендрик; Μεγαλόκαμπος, Мегалокамбос)
  • Општински оддел Каракавак
  • Општински оддел Мал Сивендрик
    • село Мал Сивендрик (или М. Севендрик, М. Семендрик; Μικρόκαμπος, Микрокамбос)
  • Општински оддел Минаре
  • Општински оддел Чал
    • село Чал (Αργυρούπολη, Аргируполи)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 5 јули 2010. Посетено на 5 јули 2010.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]