Портал:Шах/Избрана статија/2008

Од Википедија — слободната енциклопедија

Избрани статии во порталот:Шах се оние статии поврзани со шахот кои корисниците на Википедија ги сметаат за најквалитетни најсодржајни. За една статија да биде избрана најпрвин треба да биде изгласана. Избраната статија опстојува на порталот еден месец.

Предлагачот на статијата треба само да предложи извадок од некоја статија поврзана со шахот на разговорната страница којашто потоа треба да биде изгласана од корисниците на Википедија.

Гласањето се одвива така што секој може да го даде својот глас или својот коментар, користејќи ги предлошките: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} или {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници се земаат во предвид. Гласањето завршува на последниот ден од месецот во 24 часот.

декември
abcdefgh
8
a8 црн топ
b8 црн коњ
c8 црн ловец
d8 црн дама
e8 црн крал
f8 црн ловец
g8 црн коњ
h8 црн топ
a7 црн пешак
b7 црн пешак
c7 црн пешак
e7 црн пешак
f7 црн пешак
g7 црн пешак
h7 црн пешак
d5 црн пешак
c4 бел пешак
d4 бел пешак
a2 бел пешак
b2 бел пешак
e2 бел пешак
f2 бел пешак
g2 бел пешак
h2 бел пешак
a1 бел топ
b1 бел коњ
c1 бел ловец
d1 бел дама
e1 бел крал
f1 бел ловец
g1 бел коњ
h1 бел топ
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Дамин гамбит

Дамин гамбит е шаховско отворање кое настанува со потезите:

1. d4 d5
2. c4

Даминиот гамбит е едн о од најстарите познати отворања. Како што има запишано Луис Рамирес Луцена за него во 1497, тоа се јаввува и порано, во Гетингенските ракописи. За време на раниот период на модерниот шах, отворањата со даминиот пешак не биле во мода, и Даминиот гаммбит не станал вообичаен сѐ до еден турнир од 1873, одигран во Виена. Како што Штајниц и Тараш ја развивале шаховската теорија и унапредувајќи ја проценката за положбена игра, Даминиот гамбит станал многу популарен. Својата најголема популарност ја има достигнато во дваесеттите и триесеттите години на 20. век и на светското првенство во 1934 ова отворање е играно во 32 од 34 партии. Откако црниот сѐ повеќе се пренасочувал од играњето на симетруични отворања, отворањето Индиска одбрана станало популарно и влегло во конкуренција со Даминиот гамбит. Даминиот гамбит и денес е чќесто игран и е зналчаен дел од многу велемајсторски репертоари на оптворање. Прочитајте повеќе


ноември

Шаховска олимпијада 2008 или официјално 38. шаховска олимпијадашаховска олимпијада којашто се одржала од 12 до 25 ноември во Дрезден, Германија.

На Олимпијадата се очекува екипи да испратат 150 земји, со околу 1500 улчесници (мажи и жени), кои ќе бидат следени од 150 судии. Од местото на настанот се очекува да известуваат 400 новинари.

Покровител на Шаховската олимпијада - 2008 е германскиот претседател Хорст Келер. Претседател на организациониот комитет е Винфрид Леман, шеф за извршување на активностите е Јорн Ферлегер, а дирректор на турнирот е Дирк Јордан. Место на настанот ќе биде конгресниот ценнтар во Дрезден. Од крајот на февруари, знамето на Олимпијадата беше подигнато високо над зградата на градската управа. Главен спонзор на настанот е EnBW. Прочитајте повеќе


октомври
abcdefgh
8
a8 црн топ
b8 црн коњ
c8 црн ловец
d8 црн дама
e8 црн крал
f8 црн ловец
g8 црн коњ
h8 црн топ
a7 црн пешак
b7 црн пешак
c7 црн пешак
d7 црн пешак
f7 црн пешак
g7 црн пешак
h7 црн пешак
e6 црн пешак
e4 бел пешак
a2 бел пешак
b2 бел пешак
c2 бел пешак
d2 бел пешак
f2 бел пешак
g2 бел пешак
h2 бел пешак
a1 бел топ
b1 бел коњ
c1 бел ловец
d1 бел дама
e1 бел крал
f1 бел ловец
g1 бел коњ
h1 бел топ
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Француска одбрана

Француска одбрана е шаховско отворање кое настанува со потезите:

1. e4 e6

Француската одбрана претставува солиден и флексибилен начин на отворање на играта, којшто м оже да му донесе мала стеснетост на црниот во првата фаза од играта. Црниот често добива можности за контранапад на дам,иното крило, додека белиот е концентриран на развој на играта на кралското крило.

Одбраната името го добила по кореспондентниот меч одигран помеѓу градовите Лондон и Париз одигран во 1834 (иако постојат примери на партии во кои и пред тоа се наоѓа ова отворање). Како одговор на 1.е4, на Француската одбрана е обрнувано многу мало внимание во 19. век во споредба со 1...е5. Првиот светски првак Вилхелм Штајниц рекол:

„Никогаш во мојот живот не сум играл Француска одбрана, коешто е најглупавото отворање.“

Прочитајте повеќе


септември

Шаховската стратегија и тактика има еволуирано низ вековите преку запаметување на успесите на најдобрите играчи. За најголеми шанси за победа, играчот мора брзо да ги мобилизира сите фигури и да им обезбеди простор за маневар, додека истовремено му онезоможува на неговиот противник да го направи истото. Овој таканаречен „положбен“ пристап кон шахот е основа на современата шаховска стратегија. Се разбира, доброто позиционирање на фигурите само создава прилики за победа. За завршување на партијата со победа, играчот мора да прави прецизни пресметки на низите од потези (варијации) кои или водат до наполна победа, или до значајна предност, и сето тоа додека му оневозможува на противникот да изведе слични такви низи.

За разлика од позиционите концепти на кои се заснова шаховската стратегија, шаховската тактика му овозможува на играчот да го диктира начинот на кој фигурите се играат, заедно со геометријата на шаховската табла, за веднаш да постигне разни цели, често против волјата на неговиот противник. Овие цели можат да бидат напади врз кралевите за зацрвснување или спречување, смалување (елиминација) на противничките сили на број помал од бројот на сопствените, или создавање на непожелни тешкотии кај противникот на некој друг начин. Прочитајте повеќе


август
abcdefgh
8
a8 црн топ
b8 црн коњ
c8 црн ловец
d8 црн дама
e8 црн крал
f8 црн ловец
g8 црн коњ
h8 црн топ
a7 црн пешак
b7 црн пешак
c7 црн пешак
d7 црн пешак
e7 црн пешак
f7 црн пешак
g7 црн пешак
h7 црн пешак
a2 бел пешак
b2 бел пешак
c2 бел пешак
d2 бел пешак
e2 бел пешак
f2 бел пешак
g2 бел пешак
h2 бел пешак
a1 бел топ
b1 бел коњ
c1 бел ловец
d1 бел дама
e1 бел крал
f1 бел ловец
g1 бел коњ
h1 бел топ
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh

Додека точното потекло на шахот е нејасно, современите правила на шахот ја добиле првата форма во Италија за време на XVI век. Правилата биле модифицирани сè до раниот XIX век, кога ја достигнале својата денешна форма.

Шахот е игра за двајца која што се игра на шаховска табла со шеснаесет фигури; секој вид на фигура се движи на определен начин. Целта на играта е да се заштити највредната фигура, кралот и да се зароби (матира) противничкиот крал. Прочитајте повеќе


Архива на избрани статии
2010
ChessGames.com · Шаховски турнир во Линарес · Тарашово правило · Шаховски часовник · Кооперативен мат · Најдорфова варијанта · Темпо (шах) · Велемајстор · Шаховска олимпијада · Школски мат · Симпсонс на Стренд · Проблем со осум дами
2009
Шаховски турнир во Вајк ан Зее · Сицилијанска одбрана · Мат (шах) · Алгебарски запис (шах) · Шпанска партија · Жртва (шах) · Шаховско отворање · Шаховска олимпијада 1972 · Опозиција (шах) · Средишница · Омега-шах · Шаховска фигура
2008
Шаховски правила · Шаховска стратегија и тактика · Француска одбрана · Шаховска олимпијада - 2008 · Дамин гамбит