Школски мат

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
abcdefgh
8
Chessboard480.svg
a8 црн топ
c8 црн ловец
d8 црн дама
e8 црн крал
f8 црн ловец
h8 црн топ
a7 црн пешак
b7 црн пешак
c7 црн пешак
d7 црн пешак
f7 бел дама
g7 црн пешак
h7 црн пешак
c6 црн коњ
f6 црн коњ
e5 црн пешак
c4 бел ловец
e4 бел пешак
a2 бел пешак
b2 бел пешак
c2 бел пешак
d2 бел пешак
f2 бел пешак
g2 бел пешак
h2 бел пешак
a1 бел топ
b1 бел коњ
c1 бел ловец
e1 бел крал
g1 бел коњ
h1 бел топ
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Школски мат по потезите 1.е4 е5 2.Dh5 Sc6 3.Lc4 Sf6 4.Dxf7#

Школски мат е шаховски поим, кој означува мат на противничкиот крал на полето f7[а] во фазата на отворањето, со употреба на дамата и ловецот.

Најчесто, низата на потези по која настанува овој мат е: 1.е4 е5 2.Dh5 Sc6 3. Lc4 Sf6 4.Dxf7#, но истиот исход може да се добие и со друга комбинација, при што најважно е значењето на матниот мотив со дамата и ловецот.

Именување во другите јазици[уреди | уреди извор]

Во различни јазици, матот е познат под различни имиња. Така, во германската литература се употребува поимот „овчарски мат“ („Schäfermatt“), што всушност потекнува од францускиот израз „Coup du berger“, со значење „овчарски потег“.[1] Денес, со истото значење, матот се именува и во холандскиот, турскиот, португалскиот и шпанскиот јазик. Во 1956 година, дури бил снимен и краткометражен филм, насловен „Овчарски потег“, во режија на францускиот режисер Жак Вил.

Во руската литература, се употребува поимот „детски мат“ („детский мат“), додека во италијанскиот јазик е познат како „берберски мат“. Во грчкиот, персискиот и арапскиот јазик, матот е познат како „Наполеонов план“. Во данскиот, унгарскиот, словенечкиот и хебрејскиот јазик прифатен е поимот „чевларски мат“.

Во англискиот јазик, матот е именуван како „училишен мат“, но во англиската литература, често се употребува и поиот „блицкриг“ (Blitzkrieg[б]).

Стратегија[уреди | уреди извор]

Матен мотив[уреди | уреди извор]

Анимација на школскиот мат

Во почетната позиција, сите пешаци се заштитени повеќекратно освен пешаците по линиите с и f. Од нив, несомнено поголемо е значењето на f-пешакот, кој е заштитен само од својот крал, што создава мотив за негов напад. Така, за да се матира црниот крал на пунктот f7, белиот е потребно истиот да го нападне два пати. На почетокот на партијата, ова може најбрзо да се оствари со поставување на дамата на f3 или h5 и ловецот на с4. Тоа може да се оствари во најмалку три потези, по кои белиот би го напаѓал пешакот на f7 два пати и би бил во можност да го матира противничкиот крал во следниот потег. За црниот да го постигне истото, потребно е белиот да му ја препушти инцијативата, по што црниот, водејќи се од истиот мотив, би бил во можност да го матира белиот крал на пунктот f2, ползувајќи ги полињата f6 и h4 за дамата и полето с5 за ловецот.

Избегнување[уреди | уреди извор]

За разлика од будалскиот мат, кој ретко се појавува во партија одиграна меѓу шахисти на било какво ниво, школскиот мат е карактеристичен за партии одиграни меѓу почетници. Сепак, и овој мат може многу лесно да се избегне. Така на пример, по најчестата варијанта, по потезите: 1.е4 е5 2.Dh4 Sc6 3.Lc4, наместо 3...S6, по што следува 4.Dxf7#, црниот може да одигра 3...g6, напаѓајќи ја дамата и оневозможувајќи го противникот да матира. Но, по ова, белиот може да ја обнови матната закана со истиот мотив, играјќи 4.Df3, но тогаш со потегот 4...Sf6, црниот ја избегнува оваа закана, притоа ослободувајќи го полето g7 за фјанкетирање на црнополниот ловец. На ова место, со потегот 5.Db3, белиот може да создаде уште една закана, што црниот може да го избегне едноставно, играјќи 5...Dе7. Во настанатата позиција, белиот повеќе не може да ја оствари замислената цела, а од друга страна, црниот е во предност во развојот и се заканува да одигра 6...Sd4.[2] Доколку пак, партијата започне со потезите: 1.е4 е5 2.Df3 Sc6 3.Lс4, црниот заканата може да ја зибегне, едноставно играјќи 3...Sf6. Единствен начин, белиот да ја обнови заканата е ако одигра 4.Db3, по што црниот со 4...De7 ги отфрла сите можности за мат на f7 и се стејкнува со предност во развојот, заканувајќи се да одигра 5...Sd4.

Карактеристични отворања[уреди | уреди извор]

Иако, матот се јавува многу ретко во шаховските партии, во теоријата на отворањата се именувани двете варијанти по кои белиот го напаѓа пунктот f7, уште во вториот потег. Првата варијанта настанува по потезите 1.е4 е5 2.Dh5?! и е наречена Перхамов напад, во чест на американскиот мајстор, Бернард Перхам, којшто бил првиот кој истата ја проучувал. Денес, ова отворање се игра ретко од страна на врвните шахисти, од кои најчесто го игра велемајсторот, Хикару Накамура. Втората варијанта е да се нападне пешакот од полето f3 (1.е4 е5 2.Df3?!), која во шахот е позната како Наполеоново отворање, во чест на францускиот генерал и император, Наполеон Бонапарт. Во поново време, ова отворање не се игра во партиите на врвните шахисти.

Значење[уреди | уреди извор]

Школскиот мат е најкраткиот начин на којшто може да се матира противничкиот крал, следејќи ги основните принципи на играта во отворањето. Тој претставува шаховска стапица, која е често споменувана во шаховската литература како начин на којшто може брзо да се матира противникот. Матот е дел од бројни шаховски учебници и редовно се изучувуа при изучувањето на шаховските отворања.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  • а Доколку се матира белиот крал, важи истото, но на полето f2.
  • б Преводот на овој германски поим е „громовита војна“, а се употребува со цел да се означи постапката на многу краток и многу брз напад.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Orbán: Schach für Anfänger, стр.252; Friedrich Wilhelm von Mauvillon: Anweisung zur Erlernung des Schachspiels, Essen 1827, стр. 16
  2. Ј. Авербах и М. Бејлин: „Шаховски самоучител“, Советская Россия, Москва, 1970, стр. 74-75
  3. Harvey Kidder: Illustrated Chess for Children, Doubleday, 1960, isbn= 0-385-05764-4

Користена литература[уреди | уреди извор]

  • David Vincent Hooper, Kenneth Whyld: „The Oxford Companion to Chess“, Oxford University Press, 1992, второ издание, ISBN 0-19-280049-3.
  • Harvey Kidder: „Illustrated Chess for Children“, Doubleday, 1960, ISBN 0-385-05764-4.
  • Anne Sunnucks: „The Encyclopaedia of Chess“, St. Martins Press, 1970, ISBN 978-0709146971.
  • Ј. Авербах и М. Бејлин: „Шаховски самоучител“, Советская Россия, Москва, 1970.