Хикару Накамура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хикару Накамура
Накамура во 2016 г.
Роден(а)9 декември 1987(1987-12-09)(36 г.)
Хираката, Јапонија
Државјанство
  • САД
Занимање
  • велемајстор
  • стример
  • автор
Активен период1998—

Хикару Накамура (јапонски: 中村光, англиски: Hikaru Nakamura) — американски шахист, стример, велемајстор (2003), петкратен шампион на САД (2004/2005, 2009, 2012, 2015, 2019), еден од водечките шахисти во светот. Од 2022 г. е Светски шампион во шах Фишер. Родителите на Накамура, татко Јапонец и мајка Американка, се преселиле со својот син во САД две години по неговото раѓање. Хикару почнал да игра шах на 7-годишна возраст под водство на неговиот очув, познатиот американски шаховски тренер Сунил Верамантри. Три години подоцна, на возраст од 10 години и 79 дена, Накамура станал најмладиот мајстор на Американската шаховска федерација во историјата, а на возраст од 15 години и 79 дена ја добил титулата меѓународен велемајстор на ФИДЕ, соборувајќи го рекордот за американски шахисти претходно поставен од Роберт Фишер.

Семрежни дејности[уреди | уреди извор]

Во 2018 г., Хикару Накамура започнал да се појавува на платформата Twitch под корисничкото име „GMHikaru“. Тој игра брз шах против велемајстори, други стримери и гледачи што плаќаат за да се претплатат на неговиот канал. Во 2020 г., за време на пандемијата КОВИД-19, шахот станал значително попопуларен на Twitch, а Хикару стекнал широка слава.[1] Публиката на неговиот канал се зголемила десеткратно помеѓу февруари и јуни 2020 г.[2] На 27 август 2020 г., Накамура потпишал шестцифрен договор со организацијата за киберспортови Team SoloMid (TSM), што го прави еден од првите шахисти што се приклучил на екипа за киберспортови.[3][4] На 14 февруари 2021 г., Накамура достигнал еден милион претплатници на неговиот канал на Twitch, GMHikaru.[5]

Накамура има и канал на YouTube наречен „GMHikaru“. На 5 мај 2021 г., Хикару достигнал еден милион претплатници на својот канал на YouTube.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Chess - Twitch Statistics and Charts“. TwitchTracker (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-04-25. Посетено на 2021-05-29. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  2. „GMHikaru - Streamer Overview & Stats“. TwitchTracker (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-06-02. Посетено на 2021-05-29. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  3. Nick Statt (2020-08-27). „Esports giant TSM signs Hikaru Nakamura, its first pro chess player“. The Verge (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-04-20. Посетено на 2021-05-29. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  4. Имеется ввиду сумму в долларах
  5. „GMHikaru“. Twitch. Архивирано од изворникот на 2021-06-02. Посетено на 2021-05-29. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  6. „GMHikaru's YouTube Stats (Summary Profile) - Social Blade Stats“. socialblade.com. Архивирано од изворникот на 2021-06-02. Посетено на 2021-05-29. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]