Портал:Шах/Избрана статија/2009

Од Википедија — слободната енциклопедија

Избрани статии во порталот:Шах се оние статии поврзани со шахот кои корисниците на Википедија ги сметаат за најквалитетни најсодржајни. За една статија да биде избрана најпрвин треба да биде изгласана. Избраната статија опстојува на порталот еден месец.

Предлагачот на статијата треба само да предложи извадок од некоја статија поврзана со шахот на страницата за разговор којашто потоа треба да биде изгласана од корисниците на Википедија.

Гласањето се одвива така што секој може да го даде својот глас или својот коментар, користејќи ги предлошките: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} или {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници се земаат во предвид. Гласањето завршува на последниот ден од месецот во 24 часот.

декември

Во шахот, шахистите партијата ја започнуваат со комплет фигури со различна боја, кој содржи:

Секоја фигура се движи на различен начин. Обично фигурите неможат да преминуваат преку зафатени полиња, но можат да заземат поле на кое се наоѓа противничка фигура со „земање“ (отстранување од таблата). Само една фигура може да стои на едно поле.

Обично шаховските фигури личат на статуетки кои се повисоки отколку широки. На пример шаховска табла со полиња од 57 mm имаат кралеви со висина од околу 95 mm tall. Од сите најразлични дизајни, највообичаен (и стандарден) е т.н. „Стонтонов дизајн“ наречен по Хауард Стонтон (англиски велемајстор од XIX век), дизајнирани од Натаниел Кук. За прв пат биле направени во 1849 од фирмата Жак од Лондон). Прочитајте повеќе


ноември
w4 wd <W4   A  B  C  D  E  F  G  H  I W3>   J w3 wd
9 a9 zd b9 rd c9 nd d9 bd e9 qd f9 kd g9 bd h9 nd i9 rd j9 zd 9
8 a8 pd b8 pd c8 pd d8 pd e8 pd f8 pd g8 pd h8 pd i8 pd j8 pd 8
7 a7 b7 c7 d7 e7 f7 g7 h7 i7 j7 7
6 a6 b6 c6 d6 e6 f6 g6 h6 i6 j6 6
5 a5 b5 c5 d5 e5 f5 g5 h5 i5 j5 5
4 a4 b4 c4 d4 e4 f4 g4 h4 i4 j4 4
3 a3 b3 c3 d3 e3 f3 g3 h3 i3 j3 3
2 a2 b2 c2 d2 e2 f2 g2 h2 i2 j2 2
1 a1 pl b1 pl c1 pl d1 pl e1 pl f1 pl g1 pl h1 pl i1 pl j1 pl 1
0 a0 zl b0 rl c0 nl d0 bl e0 ql f0 kl g0 bl h0 nl i0 rl j0 zl 0
w1 wl    A<W1  B  C  D  E  F  G  H  I    JW2> w2 wl
Почетна позиција во омега шахот

Омега шах е шаховска варијанта, измислена од страна на Даниел макДоналд во Торонто во 1992 година. Играта се игра на табла со 100 полиња (10х10), со додатни полиња на четирите агли од таблата, на кои на почетокот на партијата се поставени „волшебниците“. Играта се одвива според шаховските правила, со таа разлика што има два нови вида на фигури: „шампиони“ (во почетната позиција се поставени во аглите од таблата) и „волшебници“ (во почетната позиција се поставени во четири додадени полиња, косо од аглите од таблата).

Дел од причината за додавањето на новите фигури е да се изедначи бројот на скокачки фигури со бројот на „лизгачки“ фигури по шаховската табла. Волшебникот е измислен, како фигура којашто може да се движи само по полињата со иста боја, што соодветствува со ловецот. Прочитајте повеќе


октомври

Во шахот, поимот средишница се однесува на фазата во партијата, која настнаува веднаш по отворањето и од која настанува последната фаза во партијата, завршницата. Трансформацијата во завршница, обично настанува по размена на дамите, иако доколку на таблата останат некои фигури, може и понатаму да се зборува за средишница и покрај отсуството на дамите. Средишницата може да трае голем број на потези, но понекогаш, таа трае само неколку, односно од отворањето се преминува директно на завршницата (ова обично е случај доколку дојде до масовна размена на фигжурите).

Средишницата се одликува со тоа што, во неа, противниците се обидуваат да ја засилат својата позиција, притоа обидувајќи се да ја ослабнат позиција на противникот. Оваа фаза се одликува со позиционирање на фигутите на полиња, од кои би можеле да бидат корисни во организирањето на понатамошните напади или одбрани. Прочитајте повеќе


септември
abcdefgh
8
e7 црн крал
e5 бел крал
e4 бел пешак
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Директна опозиција

Во шахот, опозиција е ситуација, која се јавува, кога двата крала се наоѓаат во иста линија и меѓу нив има само едно празно поле. Во ваква ситуација за страната која не е на потег се вели дека „ја има опозицијата“. Тоа е посебен вид на цугцванг и најчесто се јавува во завршниците, во кои на таблата има само пешаци. Страната, која при опозиција е на потег се смета дека е во полоша позиција, бидејќи на противникот му остава можност да заземе многу значајни полиња или да одигра нова опозиција. Сепак, опозицијата не е најдоброто решение во одредени ситуации, иако претставува силно оружје во завршницата.

Потребно е да се правин разлика меѓу поимите директна опозиција, дијагонална опозиција и далечна опозиција. Далечната опозиција не го задоволува условот, меѓу двата крала да има само едно поле, за разлика од претходните две. Прочитајте повеќе


август

Јубилејната 20. шаховска олимпијада организирана од ФИДЕ, која содржела натпреварувања во машка и женска конкуренција, како и неколку настани кои биле одржани со цел да се промовира играта се одржала од 18 септември до 13 октомври 1972 во Скопје, СФР Југославија (денес Македонија).

На Олимпијадата зеле учество рекордни 373 натпреварувачи, меѓу кои 35 велемајстори и 68 интернационални мајстори, од вкупно 63 земји. Натпреварот бил организиран во Бергеров систем, а на настанот биле одиграни вкупно 2728 партии, со темпо на игра од 2,5 часа за првите 40 потези, со додаток од еден час за следните 16. Претседател на организациониот комитет бил Драгољуб Ставрев, а директор на турнирот бил Јордан Ивановски. Контролен судија бил Макс Еве, а главен судија Александар Котов.

Сите натпревари и главни настани, кои биле предвидени во програмата на Олимпијадата се одржале на Скопскиот саем. Прочитајте повеќе


јули
abcdefgh
8
a8 црн топ
b8 црн коњ
c8 црн ловец
d8 црн дама
e8 црн крал
f8 црн ловец
g8 црн коњ
h8 црн топ
a7 црн пешак
b7 црн пешак
c7 црн пешак
d7 црн пешак
e7 црн пешак
f7 црн пешак
g7 црн пешак
h7 црн пешак
a2 бел пешак
b2 бел пешак
c2 бел пешак
d2 бел пешак
e2 бел пешак
f2 бел пешак
g2 бел пешак
h2 бел пешак
a1 бел топ
b1 бел коњ
c1 бел ловец
d1 бел дама
e1 бел крал
f1 бел ловец
g1 бел коњ
h1 бел топ
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Почетна позиција

Во шахот, поимот „отворање“ има две основни значења: фаза во играта и низа од потези. Шахистите се сложуваат со оваа поделба, но во многу книги и статии овие два поими се поистоветуваат и се создава едно пошироко значење на поимот.

Најраната фаза во развојот на партијата е позната како отворање. Во првите неколку потези, шахистите имаат за цел да ги преместат своите фигури од почетните позиции на некои полиња на кои би биле покорисни.

Шаховско отворање е група на почетни потези во шаховската игра. Познатите почетни потези се познати како отворања, доколку настануваат со потези на белиот или одбрани, доколку настануваат како одговор на црниот. Во шаховската теорија постојат голем број на различни отворања и стотици варијанти и линии во секое отворање оделно. Во книгата Оксфордски пријтел на шахот се наведени 1327 именувани отворања и варијанти. Прочитајте повеќе


јуни
Анимација на бесмртната партија, одиграна меѓу Адолф Андерсен и Лионел Кизерицки на 21 јуни 1851 во Лондон. Партијата илустрира победа со жртва на два топа.

Жртва е поим кој во шахот претставува потег со кој едниот противник на другиот му нуди фигура или пешак, со надеж дека промените кои ќе настанат во позицијата со прифаќање на понудениот материјал, на страната која ја понудила жртвата ќе ѝ донесат тактичка или положбена компензација во различни форми. Поимот „жртва“ се употребува и при размена на фигура со поголема материјална вредност за фигура со поматеријална вредност.

Секоја фигура, освен кралот може да се жртвува. Поради фактот што, обично најголемиот број на шахисти се обидуваат да ги зачуваат своите фигури и правилно да ги позиционираат, жртвите се ненадејна појава и изненадување за противникот, што влијае негативно од психолошки аспект за противникот, при што тој обично е принуден да изгуби повеќе време пресметувајќи ги сите можни комбинации и оценувајќи ги сите можни позиции кои би можеле да настанат по прифаќањето или отфрлањето на жртвата. Прочитајте повеќе


мај
abcdefgh
8
a8 црн топ
c8 црн ловец
d8 црн дама
e8 црн крал
f8 црн ловец
g8 црн коњ
h8 црн топ
a7 црн пешак
b7 црн пешак
c7 црн пешак
d7 црн пешак
e7 црн пешак
f7 црн пешак
g7 црн пешак
h7 црн пешак
c6 црн коњ
b5 бел ловец
e5 црн пешак
e4 бел пешак
f3 бел коњ
a2 бел пешак
b2 бел пешак
c2 бел пешак
d2 бел пешак
f2 бел пешак
g2 бел пешак
h2 бел пешак
a1 бел топ
b1 бел коњ
c1 бел ловец
d1 бел дама
e1 бел крал
h1 бел топ
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Шпанска партија

Шпанска партија (Реј Лопес) или Шпанско отворање е шаховско отворање кое настанува со потезите:

1. e4 e5
2. Sf3 Sc6
3. Lb5

Шпанската партија е едно од најпопуларните шаховски отворања. Ова отворање има огромен број на варијанти кои во енциклопедијата на шаховски отворања се обележани со шифрите од C60 до C99.

Отворањето води потекло од Шпанија од 16. век. Свештеникот Реј Лопес де Сегура извршил систематски студии на ова и на други отворања во книгата Libro del Ajedrez напишана во 1561. Во негова чест, во западната литература, ова отворање најчесто се среќава под името Реј Лопес. И покрај тоа, ова отворање подробно било познато и пред анализата на Реј Лопес, како дел од Гетингенските ракописи, кои датираат од 1490. Попукларна употреба на отвораето не се развила, и покрај тоа што во средината на 19. век, рускиот теоретичар Карл Јаниш повторно го вратил во употреба, покажувајќи го неговиот потенцијал. Прочитајте повеќе


април
Шаховска нотација на табла

Алгебарски запис или алгебарска нотација — начин на запишување (изразување) на потезите во партии шах, присутен во шаховската литература. Најчестоит облик опишан овде е т.н. скратен (краток) алгебарски запис, за разлика од проширениот (долг) алгебарски запис. Во шаховската литература на англиски јазик, овој систем почнува да го заменува дотогашниот описен шаховски запис во 1970-тите. Алгебарскиот запис во тоа време бил широкозастапена во други краишта.

Записот започнува со доделување на единствена ознака за секое поле на шаховската табла. Прочитајте повеќе


март
Црниот крал е матиран; играта завршува.
Црниот крал е матиран; играта завршува.

Шах-мат (најчесто нарекувано мат) е позиција во шахот (и во останатите игри на табла од видот чатуранга) во која кралот на еден од противниците е „заробен“ (во шах), а притоа нема слободно поле на кое би можел да отстапи. Да се матира противничкиот крал е главната цел во шахот. Шахистот, чиј крал е матиран, ја губи партијата (според правилата на шахот, откако кралот на еден од шахистите ќе биде матиран, тој нема пвеќе потези на располагање). Во практиката, многу шахисти се предаваат пред да бидат матирани.

Ако кралот е нападнат, но тој може да отстапи, тогаш нему му е објавен шах, но тоа не е мат. Ако кралот не е под шах (кралот нема каде да отстапуи, бидејќи сите полиња кои му се на располагање се контролирани од противничките фигури), тогаш тоа е пат и партијата завршува реми (но во другите варијанти, тоа е пораз за шахистот, чиј крал е во пат позиција. (Видете:шаховски правила) Прочитајте повеќе


февруари
abcdefgh
8
a8 црн топ
b8 црн коњ
c8 црн ловец
d8 црн дама
e8 црн крал
f8 црн ловец
g8 црн коњ
h8 црн топ
a7 црн пешак
b7 црн пешак
d7 црн пешак
e7 црн пешак
f7 црн пешак
g7 црн пешак
h7 црн пешак
c5 црн пешак
e4 бел пешак
a2 бел пешак
b2 бел пешак
c2 бел пешак
d2 бел пешак
f2 бел пешак
g2 бел пешак
h2 бел пешак
a1 бел топ
b1 бел коњ
c1 бел ловец
d1 бел дама
e1 бел крал
f1 бел ловец
g1 бел коњ
h1 бел топ
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Сицилијанска одбрана

Сицилијанска одбрана е шаховско отворање кое настанува со потезите:

1. e4 c5

Сицилијанската одбрана е најпопуларен и најсигурен одговор на потегот 1.е4. Всушност, многу статистички истражувања покажуваат дека најголеми шанси за победа белиот има доколку се отвори со 1.d4, укажувајќи на тоа дека 1...с5 е силен потег против 1.е4. Всушност New in Chess, во едно од своите издданија од 2000, тврдеше дека во базата на податоци на одиграните партии, белиот победува со 56.1% сигурност (296.200 партии) отворајќи се со 1.d4, но цели 2 одсто помалку (54.1%) од 349.855 партии отворајќи се со 1.е4. „Главен виновник одговорен за потврдувањето на оваа работа“ беше Сицилијанската Одбрана којашто го намали степенот на успешност на белиот на 52.4% од 145.996 партии. Една шестина (околу 17%) од сите партии помеѓу велемајсторите, и една четвртина (25%) од базата на податоци на Шаховски информатор започнуваат со Сицилијанска одбрана. Прочитајте повеќе


јануари

Шаховскиот турнир во Вајк ан Зе е е ден од најсилните шаховски турнири. Се одржува секоја година, најчесто во јануари, од 1937 (со исклучок во 1945, кога не е одржан). До 1967, турнирот се одржувал во градот Бевервијк, Холандија, а од наредната 1968 во Вајк ан Зее.

Од 1946 турнирот официјално се викал „Турнир Хоговенс“(холандски:Hoogovenstoernooi), по името на компанијата-спонзор, холандскиот металуршки концерн „Хоговенс“. Во 1999, компанијата се обединила во компанијата „Бритиш-стил“ во новосоздадената компанија Corus Group, па откако новосоздадената компанија продолжила да го поддржува турнирот, тој се нарекува „Турнир Корус“(англиски:Corus Chess). Но, сепак неофицијално турнирот го нарекуваат според името на градот во кој се одржува.

На турнирот нучествувале многу познати шахисти, а од 1938 како победници се јавиле многу големи имиња во светот на шахот, како: Mакс Еве, Бент Ларсен, Тигран Петросјан, Паул Керес, Ефим Гелер, Лајош Портиш, Борис Спаски, Михаил Ботвиник, Михаил Таљ, Виктор Корчној, Јан Тиман, Анатолиј Карпов, Владимикр Крамник, Гари Каспаров, Вишванартан Ананд и Веселин Топалов. Всушност, од светските шампиони по Втората светска војна, на оваа листа ги нема само имињата на Василиј Смислов и Боби Фишер. Во 2001, на турнирот учествуваа 9 од најдобрите 10 шахисти во светот. Прочитајте повеќе


Архива на избрани статии
2010
ChessGames.com · Шаховски турнир во Линарес · Тарашово правило · Шаховски часовник · Кооперативен мат · Најдорфова варијанта · Темпо (шах) · Велемајстор · Шаховска олимпијада · Школски мат · Симпсонс на Стренд · Проблем со осум дами
2009
Шаховски турнир во Вајк ан Зее · Сицилијанска одбрана · Мат (шах) · Алгебарски запис (шах) · Шпанска партија · Жртва (шах) · Шаховско отворање · Шаховска олимпијада 1972 · Опозиција (шах) · Средишница · Омега-шах · Шаховска фигура
2008
Шаховски правила · Шаховска стратегија и тактика · Француска одбрана · Шаховска олимпијада - 2008 · Дамин гамбит