Тарашово правило
Тарашовото правило е правило, кое има примена во најголем дел од шаховските средишници и завршници. Правилото го поставил Зигберт Тараш, по кого истото го добило името. Според него топовите треба да се наоѓаат зад проодните пешаци. Идејата на ова правило е доколку топот се наоѓа зад сопствениот пешак, тој го заштитува, овозможувајќи му да напредува, а доколку се наоѓа зад противничкиот пешак, пешакот не може да напредува без да е заштитен.
Оригиналниот запис се наоѓа во Тарашовото дело Шаховската игра од 1938 година и е следниот:
„ | Во сложените топовски завршници, важното правило е дадено од страна на авторот: Местото на топот е позади проодниот пешак; позади противничкиот пешак, со цел истиот да се спречи да напредува; или позади друг свој пешак, со цел да се овозможи да напредува.“[1] | “ |
Ова правило се смета за точно во најголем број случаи, но постојат и исклучоци. Ова го потврдил и самиот Тараш, велејќи:
„ | Секогаш ставајте го топот позади пешакот... Освен, доколку тоа е погрешно.[2] | “ |
Основи
[уреди | уреди извор]Движењето на проодниот пешак кон полето на промоција го зголемува растојанието до топот зад пешакот, а го намалува до топот пред пешакот. Според тоа, топот, кој се наоѓа пред пешакот е принуден да го ослободи полето на кое се наоѓа, овозможувајќи му на пешакот да продолжи на својот пат, но оставајќи го незаштитен. Освен тоа, топот зад пешакот има поголеми можности за развој на контраигра.
Варијанти
[уреди | уреди извор]Победничка завршница
[уреди | уреди извор]a | b | c | d | e | f | g | h | ||
8 | 8 | ||||||||
7 | 7 | ||||||||
6 | 6 | ||||||||
5 | 5 | ||||||||
4 | 4 | ||||||||
3 | 3 | ||||||||
2 | 2 | ||||||||
1 | 1 | ||||||||
a | b | c | d | e | f | g | h |
Во позицијата на дијаграмот, белиот топ се наоѓа зад својот прооден пшешак по а-вертикалата, со што белиот има добиена позиција.
Сепак, белиот треба да одигра правилно за да ја добие партијата, а за тоа потребно е да ги следи следните чекори:
- Да го приближи кралот до проодниот пешак, при што и противничкиот крал мора да го направи истото, инаку црниот би го загубил топот за пешак.
- Ако белиот крал не може повеќе да се доближи до пешакот, поради објавување на опозиција од страна на противничкиот крал, тогаш потребно е белиот со „губење“ на темпо, играјќи слободни потези со топот по вертикалата на пешакот. Откако, црниот нема повеќе пешачки потези на спротивното крило, принуден е да отстапи со кралот.
- Дококу црниот не отстапи со кралот, туку одигра со топот, тогаш белиот треба да ја искористи слободата на пешакот, со негово движење кон промоција.
- По привлекувањето на црниот крал во близина на белиот прооден пешак, потребно е белиот со својот крал да ги нападне пешаците на спротивното крило, жртвувајќи го пешакот и обезбедувајќи размена на топовите со добиена пешачка завршница.
- Ако црниот топ отстапи од попречувањето на движењето на пешакот и се упати кон одбрана на пешаците на спротивното крило, тогаш белиот може да продолжи со негово движење кон промоција.
Класичен пример за примената на Тарашовото правило, со горенаведените чекори до победа е 34. партија од мечот за светски првак во 1927 година, меѓу Алехин и Капабланка.[3][4]. На дијаграмот е претставена позицијата по 54. потег, Tf4-a4, на белиот, кој партијата ја добил по 82. потег.[5]
Завршница со реми
[уреди | уреди извор]a | b | c | d | e | f | g | h | ||
8 | 8 | ||||||||
7 | 7 | ||||||||
6 | 6 | ||||||||
5 | 5 | ||||||||
4 | 4 | ||||||||
3 | 3 | ||||||||
2 | 2 | ||||||||
1 | 1 | ||||||||
a | b | c | d | e | f | g | h |
Во позицијата по 35. потег на белиот, Txc6, во партија меѓу Енрике Мекинг и Виктор Корчној одиграна во рамките на нивниот меч во 1974 година.[6] Во неа, белиот со примена на Тарашовото правило и со поставување на својот топ зад црниот пешак во следниот потег обезбедува реми во 55. потег од партијата.[7] Ова правило важи во најголем број случаи, но не секогаш.
a | b | c | d | e | f | g | h | ||
8 | 8 | ||||||||
7 | 7 | ||||||||
6 | 6 | ||||||||
5 | 5 | ||||||||
4 | 4 | ||||||||
3 | 3 | ||||||||
2 | 2 | ||||||||
1 | 1 | ||||||||
a | b | c | d | e | f | g | h |
Во партијата меѓу Вишванатан Ананд и Владимир Крамник на светското првенство во 2007 година,[8] по потегот 35...Txa3, белиот е во позиција по секој потег а црниот ешак да го постави својот топ зад црниот пешак и со примена на Тарашовото правило да обезбеди реми. Во продолжение на партијата следуваше: 36.Kf2 h5 37.g3 a5 38.Ta7!, по што партијата заврши со реми по 65 одиграни потези.[9]
Нови анализи
[уреди | уреди извор]a | b | c | d | e | f | g | h | ||
8 | 8 | ||||||||
7 | 7 | ||||||||
6 | 6 | ||||||||
5 | 5 | ||||||||
4 | 4 | ||||||||
3 | 3 | ||||||||
2 | 2 | ||||||||
1 | 1 | ||||||||
a | b | c | d | e | f | g | h |
Причините поради кои позицијата на дијаграмот се сметала за „лесно реми“ се следните:
- Белиот не може да го доведе белиот пешак до седмата хоризонтала, бидејќи тоа ќе го лиши неговиот крал од секое засолниште.
- Белиот мора да го доведе својот пешак до шестата хоризонтала, така што кралот ќе најде засолниште на полето а7.
- Единствено обид за победа за белиот е да настојува да го засолни кралот на полето a7. Потоа, тој може да одигра Tb8-b6, Kb7, a7, настојувајќи да одигра Та6 и принудувајќи го црниот да го замени топот за пешак.
- Но, белиот, трошејќи време да го доведе кралот на сигурното поле, црниот топ може да ги освои пешаците на спротивното крило на белиот и да развие контраигра на ослободеното крило.
- Во тој случај, можно е белиот дури и да ја изгуби завршницата.
Сепак, шаховските аналитичари во поново време докажаа дека белиот има многу силен маневар, кој претпоставува исполнување на следното:
- Белиот мора да доведе својот пешак до шестата хоризонтала.
- Да го насочи кралот кон својот прооден пешак.
- Доколку црниот топ земе некој од незаштитените бели пешацина спротивното крило, белиот е потребно да го ослободи патот на својот пешак кон промоција, поставувајќи го топот по с-вертикалата.
- Со добиеното темпо и контролата на а-вертикалата, црниот е принуден да го замени топот за пешак, без белиот да го смести својот крал на а7. Стратегијата на игра со добивање на темпо ја создава разликата меѓу добиената и завршницата со реми.[10] Црниот мора да игра многу внимателно за да обезбеди реми, што не претставува „лесно реми“.[10]
a | b | c | d | e | f | g | h | ||
8 | 8 | ||||||||
7 | 7 | ||||||||
6 | 6 | ||||||||
5 | 5 | ||||||||
4 | 4 | ||||||||
3 | 3 | ||||||||
2 | 2 | ||||||||
1 | 1 | ||||||||
a | b | c | d | e | f | g | h |
Канторович ја анализирал позицијата на дијаграмот десно и заклучил дека црниот обезбедува рми, со заштеа на две темпа. Но, во 2003 година, Штекнер пронајде подобрување за белиот, кое води до победа. Црните фигури се на нивните најдобри позиции, при што црниот топ се наоѓа зад а-пешакот, напаѓајќи го белиот пешак на f2, а и црниот крал има доста активна позиција. Сега, доколку белиот одигра 1.Та8, би следувало 1...Kf5 и лесно реми за црниот. Според анализата на Штекнер, за белиот да победи, тој треба да одигра:
- 1.Kd4! (пешакот на f2 мора да се жртвува, бидејќи топот е на а7)
- 1...Txf2
- 2.Tc7! Ta2
- 3.a7 (потегот 3.Tc6+ води до реми)
- 3...Kf5
- 4.Kc4!! (старите анализи посочувале на потегот 4.Txf7+ на ова место, што води до реми)
- 4... Kg4
- 5. Kb3! Ta6
- 6. Тc4+ Kxg3
- 7. Та4 Тxa7
- 8. Тxa7 Kxh4
- 9. Kc3 Kg3
- 10. Kd2 h4
- 11. Ke2 kg2
- 12. Тxf7 h3
- 13. Тf2+ Kg3
- 14. Тf6 и белиот победува.[11]
Исклучоци
[уреди | уреди извор]a | b | c | d | e | f | g | h | ||
8 | 8 | ||||||||
7 | 7 | ||||||||
6 | 6 | ||||||||
5 | 5 | ||||||||
4 | 4 | ||||||||
3 | 3 | ||||||||
2 | 2 | ||||||||
1 | 1 | ||||||||
a | b | c | d | e | f | g | h |
Неретки се позициите во завршницата, кои се исклучоци од примената на Тарашовото правило. Постојат различни вакви позиции, кои имаат различни одлики.
- Во топовска завршница, доколку пешакот ја нема преминато четвртата хоризонтала, најдобра заштита на пешакот е доколку топот се наоѓа пред него.[12] Во продолжение на ова, Сесил Пурди рекол дека топот е најдобро да се наоѓа зад проодниот пшак, само ако тој се наоѓа на петтата или над петтата хоризонтала и ако може да стигне до нив. Доколку пешакот се наоѓа на некоја од овие линии, добра заштита на пешакот е и страничната заштита од страна на топот.[13] Во завршница со топ и два изолирани пешаци против топ, општоприфатено е мислењето дека е подобро за посилната страна, доколку пешаците ги заштитува странично.[14] Доколку пешакот се движи по а- или h-вертикалата, тогш за послабата страна е најдобродоколку пешакот го напаѓа странично.[15]
- Во топовска завршница, ако противничкиот крал се наоѓа надвор од вертикалата на пешакот, тогаш најдобра одбрана за противникот е доколку неговиот топ се наоѓа на првата хоризонтала.[16]
- Во завршница со топ и пешак против топ, во која проодниот пешак се наоѓа на b- или g-вертикалата, противничкиот крал се наоѓа пред пешакот, но тој не може да го доведе топот на третата хоризонтала и да настане Филидоровата позиција, противникот ремизира со поставување на топот на првата хоризонтала, но губи доколку го нападне пешакот одзади.[17][18] Впрочем, во ваква завршница, најсоодветно место за топот е првата хоризонтала.[19][20]
- Јури Авербах рекол дека Тарашовото правило обично е точно, само кога топовите се борат за пешакот, но кога движењето на пешакот е попречено од противничкиот крал, подобро е доколку топот на посилната страна го заштитува пешакот странично.[21]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Шаховската игра, стр. 57
- ↑ Andrew Soltis, Grandmaster Secrets: Endings, Thinker's Press, 2003, стр. 129, ISBN 0-938650-66-1
- ↑ Алехин-Капабланка (англиски)
- ↑ Коментар на партијата (англиски)
- ↑ Victor Korchnoi, Practical Rook Endings, Olms, 2002, стр. 18., ISBN 3-283-00401-3
- ↑ Mecking-Korchnoi
- ↑ Victor Korchnoi, Practical Rook Endings, Olms, 2002, стр. 15-16., ISBN 3-283-00401-3
- ↑ Anand-Kramnik
- ↑ Pal Benko, The 2007 World Championship, Chess Life, јануари 2008, прво издание, стр.48-49
- ↑ 10,0 10,1 Инструктор (англиски)
- ↑ Mark Dvoretsky, Dvoretsky's Endgame Manual, Russell Enterprises, 2006, второ издание, стр. 193 ISBN 1-888690-28-3
- ↑ Mark Dvoretsky, Dvoretsky's Endgame Manual, Russell Enterprises, 2006, второ издание, стр. 150, ISBN 1-888690-28-3
- ↑ Cecil Purdy, C.J.S. Purdy on the Endgame, Thinker's Press, 2003, стр. 114, ISBN 978-1-888710-01-8
- ↑ Edmar Mednis, Practical Rook Endings, Chess Enterprises, 1982, стр. 29, ISBN 0-931462-16-9
- ↑ John Nunn, Understanding Chess Endgames, Gambit Publications, 2009, стр. 120 ISBN 978-1-906454-11-1
- ↑ James Howell, Essential Chess Endings: The tournament player's guide, Anova Books, 1997, стр. 37, ISBN 0-7134-8189-7
- ↑ Edmar Mednis, Practical Rook Endings, Chess Enterprises, 1982, стр. 16, ISBN 0-931462-16-9
- ↑ Рубен Фајн, Основни шаховски завршници, McKay, изменето издание од 2003 од страна на Пал Бенко, стр. 295, ISBN 0-8129-3493-8
- ↑ Рубен Фајн, Основни шаховски завршници, McKay, изменето издание од 2003 од страна на Пал Бенко, стр. 275-292, ISBN 0-8129-3493-8
- ↑ Edmar Mednis, Practical Endgame Tips, Cadogan Chess, 1998, стр. 47, ISBN 1-85744-213-X
- ↑ John Emms, The Survival Guide to Rook, Gambit Publications, 2008, стр. 87, ISBN 978-1-904600-94-7