Откривање на Америка

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Патувањата на Кристофер Колумбо

The Four Voyages of Columbus
Други имиња Откривање на Америка; Патувањата на Кристофер Колумбо; Откривање на Америка од Колумбо; Откривање на Америка; Откривање на Новиот Свет
Учесници Кристофер Колумбо и членови на екипажот
Место Америка
Датум 1492 - 1503
Исход Европско истражување на Америка

Пред 15 век Европејците воопшто не знаеле за постоењето на Америка. Значајниот пораст на европското население создал услови Европејците да бараат нови земји за колонизација или за трговија. Првите авантуристи започнале со ширење на егзотични приказни за чудни светови, носејќи од таму егзотични блага. Така, во потрага по нов пат за Индија, на 3 август 1492 година италијанскиот морепловец Кристофер Колумбо, во име на шпанскиот кралски двор, со бродовите Санта Марија, Ниња и Пинта тргнал на долгоочекуваното пронаоѓање на морскиот пат за Индија. Тој најпрвин ги открил Канарските Острови од каде што на 6 септември тргнал на пет неделно патување по Атлантскиот Океан. Тој на копно стасал на 12 октомври 1492 кога морнарот Родриго де Тријана го здогледал копното.

Колумбо сметал дека стигнал до Индија, па затоа луѓето што ги нашол таму ги нарекол Индијанци. Тие го пречекале Колумбо со најголеми почести, а тој тоа го искористил, па на враќање во Шпанија ги наполнил бродовите со богатство.

Шпанска колонизација[уреди]

Првите шпански колонисти, кои Колумбо ги довел со себе на своето второ патување, се населувале крај Карибите. Шпанците кои сакале да преземат експедиција во Новиот свет, морале да добијат дозвола од Круната и да му платат на монархот една петтина од секое богатство собрано во новите колонии, а притоа колонизаторите сами ги финансирале своите експедиции. Првите шпански колонисти во Америка биле заинтересирани само за експлоатација на златото и среброто, и успевале во тоа. Шпанската тврдина изградена во 1565 година во Сент Аугустин на Флорида, станала првата постојана европска населба во денешните Соединети Држави.[1]

Шпанците биле првите Европјани кои стигнале до Апалачките Планини, до реката Мисисипи, Големиот Кањон[2] и до прериите западно од Мисисипи. Во 1540 година, Де Сото презел истражувачка експедиција, а Франциско Васкез де Коронадо повел 2.000 Шпанци и Индијанци од Мексико низ денешната граница меѓу Аризона и Мексико и стигнал до централен Канзас.[3]

Покрај Сент Аугустин, Шпанците ги основале и градовите Санта Фе, Албукерк, Сан Антонио, Тусон, Сан Диего, Лос Анџелес и Сан Франциско.

Холандска колонизација[уреди]

Холанѓаните во 17 век ја основале својата колонија наречена Нова Холандија, на источниот брег од Северна Америка. Опфаќала делови од денешен Њу Џерси, Њујорк, Конектикат, Делавер и Пенсилванија. Главен град бил Нов Амстердам, кој се наоѓал на јужниот дел од островот Менхетен, крај Њујоршкиот Залив, кој потоа е прекрстен во Њујорк.

Француска колонизација[уреди]

Територијата која ја колонизирале Французите во Северна Америка во 1712 година (пред договорот од Ултрех) се протегала од Њу Фаундленд до Роки Маунтаин, и од заливот Хадсон до заливот Мексико. Територијата била поделена на пет колонии, секоја со своја администрација: Канада, Акадија, Хадсон, Њуфаундленд и Луизијана.

Англиска колонизација[уреди]

Првиот документиран контакт на Англија со Новиот свет дошол само пет години по шпанскиот. Во 1497 година, Џон Кебот отпловил до североисточниот брег на Северна Америка под покровителство на кралот Хенри VII. Но, поминале речиси сто години пред Англичаните да направат сериозни напори за да основата колонии. На некои Англичани Новиот свет им изгледал привлечно, бидејќи нудел нешто што во Англија тешко се наоѓало: земја.

Види исто така[уреди]

Наводи[уреди]

  1. United States“. The Columbia EncGAYyclopedia (6th). (2007).
  2. Pyne, Stephen J. (1998). „How the Canyon Became Grand“. New York, New York: Penguin Books. стр. 4-7. ISBN 0670881104. 
  3. Coronado, Francisco Vasquez de“. The Columbia Encyclopedia (6th). (2007).