Прејди на содржината

Овиедска катедрала

Од Википедија — слободната енциклопедија
Катедрала „Св. Спас“
Catedral de San Salvador
Религија
ПрипадностРимокатоличка црква
Еклизиастичен или организациски статускатедрала, базилика
Водствоvacant
Локација
ЛокацијаШпанијаОвиедо, Шпанија
Карта
Географски координати43°21′45.30″N 5°50′35.09″W / 43.3625833°N 5.8430806°W / 43.3625833; -5.8430806
Архитектура
Архитект(и)Родриго Гил де Хонтанон
ТипЦрква
СтилГотска
Почеток на градбаIX век
Direction of façadeO
Мрежно место
Официјална страна
Споменици на Овиедо и Кралството Астурија
светско наследство на УНЕСКО
Симболот на Кралство Астурија
Критериумii, iv, vi
Навод312
Запис1985 (9 заседание)
Дополнувања1998

Катедрала „Св. Спас“ (шпански: Catedral de San Salvador) — римокатоличка катедрала која се наоѓа во Овиедо, Астурија, Шпанија. Катедралата претставува еден од ретките примери во светот каде при изградбата биле употребени поголем број на архитектонски стилови, од барокот до романиката, готиката и делови од ренесансата.

Историја

[уреди | уреди извор]

Каедралата била основана од страна на кралот Фруела I во 781 година, а била проширена во 802 година во времето на астурскиот крал Алфонсо II, време кога градот бил престолнина на Кралството Астурија. Во текот на својата историја, катесдралата на неколкупати била реновирана, реконструирана и слично. Така, во XIII век, епископот Фернандо Алфонсо (1296-1301) ја обновил главната зграда, а неговиот наследник Фернандо Алварес (1302-1321) го започнал манастирот. Кон крајот на XIII век, Гутиере де Толедо започнал со изградба на новата готска базилика која била завршена од страна на неговиот наследник Гулиен. Диего Рамирес де Гусман (1421-1441) изградил два параклиса јужно од централната градба. Алфонсо де Паленцуела (1470-1485) ја довршил градбата, Хуан Даза (1497-1503) изградил односно подигнал подиум за хор, Валерано (1508-1512) ставил прозорци итн.

Во целина, катедралата е во стил на готика, но сепак во нејзината изградба како комплекс биле употребени и други архитектонски стилови. Таа е изградена во периодот од XIV век до XVI век во класичен стил.

  • Collins, W. W. (1909). „Oviedo“. Во Dodd, Mead and company (уред.). Cathedral cities of Spain. New York.