Прејди на содржината

Национален парк Маунт Аспајринг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Национален парк Маунт Аспајринг
Mount Aspiring National Park
МСЗП — Категорија II (национален парк)
Местоположба на Национален парк Маунт Аспајринг Mount Aspiring National Park
Местоположба на Национален парк Маунт Аспајринг Mount Aspiring National Park
Карта на Нов Зеланд
Најблизок градВанака
Површина3555 км2
Воспоставен(а)1964
Управно телоСлужба за заштита на природата
Западната долина на реката Матукитуки гледана од местото Каскадно Седло

Национален парк Маунт Аспајринг (англиски: Mount Aspiring National Park) — национален парк на Јужните Алпи, на Јужниот Остров,Нов Зеланд, северно од националниот парк Фјордленд, и помеѓу Отаго и јужен Вестленд.

Основан е во 1964 г. како 10-ти национален парк во земјата. Паркот зафаќа површина од 3.555 км2 при јужниот крај на Јужните Алпи, веднаш западно од езерото Ванака, и е мошне популарно место за планинарење, шетање и алпинизам. Паркот го носи името на локалната планина Аспајринг/Тититеја (3.033 м). Други поважни планини и врвови во паркот се Полукс (2.542 м) и Брустер (2.519 м).

На североисточниот агол од паркот се наоѓа Хастовиот Превој, една од трите важни патишта преку Јужните Алпи.

Паркот е дел од областа Те Вахипоунаму, прогласена за светско наследство на УНЕСКО.

Најпопуларни планинарски патеки се:

Овие планинарски патеки привлекуваат многубројни странски туристи, но и домашни посетители. Некои од нив се особено прочуени заради чудесните алпски и субалпски предели низ кои минуваат.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]