Национален парк Вестленд Таи Поутини

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Национален парк Вестленд Таи Поутини
Westland Tai Poutini National Park
МСЗП Категорија II (Национален парк)
NZ_Locator_Blank.svg
Карта на Нов Зеланд
Место Западно Крајбрежје
Координати 43°23′00″ ЈГШ 170°11′00″ ИГД / 
Површина 1175 км²

Националниот парк Вестленд Таи Поутини (англ. Westland Tai Poutini National Park) се наоѓа на Јужниот Остров на Нов Зеланд. Основан е во 1960, по повод стогодишнината од европското населување на регионот Вестленд. Зафаќа површина од 1.175 км² и се протега од највисоките врвови на Јужните Алпи, па до диво изолирано крајбрежје.

Паркот има глечери, живописни езера и густа умерена дождовна шума, како и остатоци од стари рударски гратчиња долж крајбрежјето.

Националниот парк Вестленд нуди добар лов на елени, дивокози и тарови. Ловците доаѓаат до непристапните предели со хеликоптер. Спротиводно од мостот на реката Карангаруа, паралелно на неа се извива познатата Коплендска Патека. Покрај планинските пејзажи, во паркот има и топли извори кај Велкам Флет Хат.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]