Прејди на содржината

Национален парк Кахуранги

Координати: 41°15′0″S 172°7′0″E / 41.25000° ЈГШ; 172.11667° ИГД / -41.25000; 172.11667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Национален парк Кахуранги
Kahurangi National Park
МСЗП — Категорија II (национален парк)
Широк поглед на долината Коб во Кахуранги.
Местоположба на Национален парк Кахуранги
Местоположба на Национален парк Кахуранги
Карта на Нов Зеланд
Најблизок градКарамеја
Површина4.529 км2
Воспоставен(а)1996
Управно телоСлужба за заштита на природата
Тревесто висорамнинско станиште. Во паркот се застапени најразновидни животни и растенија кои живеат само на тоа место.
Змејолисници (Dracophyllum traversii) во паркот.

Националниот парк Кахуранги (англиски: Kahurangi National Park) — национален парк во заверозападниот дел на Јужниот Остров на Нов Зеланд. Прогласен е за таков во 1996 г. и зафаќа површина од 4.529 км2. Со тоа, тој е втор по големина во земјата. Образуван е од поранешниот шумски парк „Северозападен Нелсон“.

Во паркот се наоѓа ’ртот Кахуранги, кој се смета за граница помеѓу регионите Западно Крајбрежје и Тасман. Значајни се Хифиската патека и планината Овен.

Паркот е под управа на Службата за заштита на природата. Популарни активности во паркот се планинарењето, сплаварењето и пештерскиот туризам . Пред подрачјето да стане национален парк, Хивиската патека била популарна за планински велосипедизам. По извесно време била ставена забрана за велосипеди, за потоа да се дозволи во ограничениа мера со цел да се утврдат последиците од овие активности пред да се донесе конечно решение.[1]

Ова е едно од само две живеалишта на птицата такахе (Porphyrio hochstetteri), заедно со планината Мерчисон во Фјордленд.[2] Во 2018 г. на подрчајето се доведени 18 единки, цел век по нивното изумирање во тие краишта.[2]

Во 2019 г. е решено кон паркот да се придодаде голем дел од сливот на реката Мокихинуи, вклучувајќи 15 км од самото речно корито.[3]

Заштитни иницијативи

[уреди | уреди извор]

Покрај постојаната заштитна работа на Службата за заштита на природата, постои и иницијатива на локалната заедница за „имплементирање, во партнерство со Службата за заштита на природата, заштитна стратегија за да се зачуваат и/или врати загрозената флора и фауна во Растителното сливното подрачје на националниот парк Кахуранги. Ова ќе го збогати доживувањето на сите посетители на ова популарно подрачје, и ќе доведе до поголема свест за заедницата и негова поголема употреба.“[4]. „Друштвото има оптегнато стапици во должина од околу 30 км а меѓу нив има по 100 метри простор. Постои и програма за истребување на осите. Дел од програмата на друштвото е и надгледување и контрола на птиците.“ [5]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Пробни возења на Хифиската патека за планински велосипедизам, Служба за заштита на природата, посет. 18 декември 2012 г
  2. 2,0 2,1 https://i.stuff.co.nz/environment/102423974/first-population-of-takah-outside-of-fiordland-released-into-wild
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2019-04-22. Посетено на 2019-04-22.
  4. Friends of Flora Incorporated, Mission statement. URL:http://www.fof.org.nz/index-2.html Архивирано на 26 мај 2010 г.
  5. Туризмот соработува со заштитата на преден план Архивирано на 21 јули 2012 г. — Bush & Beyond (англиски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

41°15′0″S 172°7′0″E / 41.25000° ЈГШ; 172.11667° ИГД / -41.25000; 172.11667