Национален парк Ракиура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Национален парк Ракиура
Rakiura National Park
МСЗП — Категорија II (национален парк)
Местоположба на Национален парк Ракиура Rakiura National Park
Местоположба на Национален парк Ракиура Rakiura National Park
Карта на Нов Зеланд
МестоСтјуартов Остров
Најблизок градОбан
Површина1570 km²
Воспоставен(а)2002
Управно телоСлужба за заштита на природата

Националниот парк Ракиура (англ. Rakiura National Park) е природен резерват на Стјуартовиот Остров/Ракиура во Нов Зеланд. Овој е најновиот од 14-те национални паркови во Нов Зеланд, отворен на 9 март 2002 г. Зафаќа површина од 1.570 km², околу 85% од Стјуартовиот Остров, кој е трет остров по големина во земјата. Во паркот не спаѓа населената област околу Полумесечениот Залив (т.е. гратчето Обан) и некои патишта, како и приватна маорска земја повнатре на копното.[1] Паркот се состои од мрежа од поранешни природни резервати, пејзажни резервати и општествени шуми.

Природознание[уреди | уреди извор]

Во паркот има популарна планинарска патека наречена Ракиура Трек. Во него живеат најразновидни локални птици, а паркот нуди најдобра можност во земјата за посматрање на птицата киви во дивина. Ова делумно се должи на ограничениот број на невестулки и ласица. Во извесни крајбрежни предели во паркот се размножуваат загрозените жолтооки пингвини.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Плажа близу Порт Вилијам Хат на Северното крајбрежје.