Национален парк Егмонт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Национален парк Егмонт
Egmont National Park
МСЗП Категорија II (национален парк)
[[file:Шаблон:ПолКарта NZ Locator Blank.svg|284px|Map showing the location of Национален парк Егмонт
Egmont National Park]]<div style="position: absolute; z-index: 2; top: Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „[“%; left: Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „[“%; height: 0; width: 0; margin: 0; padding: 0;"><div style="position: relative; text-align: center; left: -Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „[“px; top: -Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „[“px; width: Шаблон:ПолКарта NZ Locator Blank.svgpx; font-size: Шаблон:ПолКарта NZ Locator Blank.svgpx; line-height: 0; z-index:100;" title="">[[File:Шаблон:ПолКарта NZ Locator Blank.svg|Шаблон:ПолКарта NZ Locator Blank.svgxШаблон:ПолКарта NZ Locator Blank.svgpx|Национален парк Егмонт
Egmont National Park|link=|alt=Map showing the location of Национален парк Егмонт
Egmont National Park]]
Карта на Нов Зеланд
Location Таранаки
Nearest city Њу Плимут
Area 335 км²
Established 1900
Governing body Служба за заштита на природата
Сателитска снимка на планината Таранаки од вселенскиот центар Џонсон на НАСА. На сликата е прикажан речиси кружниот облик на националниот парк Егмонт.

Национален парк Егмонт (англиски: Egmont National Park) — национален парк јужно од Њу Плимут, близу западното крајбрежје на Северниот Остров на Нов Зеланд. Наречен е по истоимената планина која ги доминира пределите, а планината така ја именувал Капетан Кук, во чест на Џон Персевал, втор Ерл од Егмонт, Прв лорд на Адмиралштабот, поддржувач на првото патешествие на капетанот Кук. На маорски плаината со векови се нарекувала Таранаки, а денес двете имиња се подеднакво официјални.

Паркот е основан во 1900, и во него доминира големиот заспан вулкан на планината Таранаки (Егмонт).[1] Паркот преку годината добива обилни врнежи, кои во суштина се од орографско потекло поради влажните западни ветрови кои влегуваат на копното од Тасмановото Море и налетуваат на планината Таранаки и блиските венци Поуакаи и Каитаке и затоа се принудени да се издигнат. Заради големото количество на врнежи и благата крајбрежна клима, подрачјето има бујна дождовна шума која ги покрива падините. Оваа шума е од национално значење заради наполното отсуство на буката (род Јужни буки).

Екологија[уреди | уреди извор]

Пределите на паркот се одликуваат со богата шума од северна рата, риму/широколисни четинари, иако кај севкупниот екосистем на паркот може да се забележи растителна зонација - ратата и римуто се најраспространети во пониските делови, додека пак дрвото камахи доминира во повисоките предели. Во овие прашуми доминира крунскиот папрат (Blechnum discolor) од ниските растенија.[2] Карактерот на растителните заедници се менува со надморската височина, до подалпски и алпски честак на високите предели, во остар контраст со околните обработливи површини и земјоделски пасишта. Мошне забележлива географска форма во паркот е карактеристичниот радијален одводен систем, кој може да се забележи на фотографијата десно.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. GNS Science. 2009
  2. C. Michael Hogan. 2009

Надворешни врски[уреди | уреди извор]