Национален парк Абел Тасман
| Национален парк Абел Тасман | |
|---|---|
МСЗП — Категорија II (национален парк) | |
![]() Интерактивна карта на националниот парк | |
| Место | округ Тасман, Нов Зеланд |
| Најблиска паланка | Мотуека · Такака |
| Координати | 40°54′00″S 172°58′16″E / 40.900°S 172.971°E |
| Површина | 237.1 км2 |
| Воспоставен(а) | 1942[1] |
| Управно тело | Служба за заштита на природата |
Националниот парк Абел Тасман (англ. Abel Tasman National Park) е национален парк насеверниот крај на Јужниот Остров на Нов Зеланд. Основан е во 1942 г. и зафаќа површина од само 225,3 км2. Со тоа ова е најмалот национален парк во земјата.[2] Паркот се состои од шумски ридести предели северно од долините на реките Такака и Ривака, и на север се граничи со водите на Златниот Залив и Тасмановиот Залив. Паркот е именуван по холандскиот истражувач Абел Тасман, кој во 1642 г. бил првиот Европеец кој го открил Нов Зеланд.
Националниот парк Абел Тасман се е протега повеќе од средниот висок водостој на блиското крајбрежје. Помеѓу средниот висок водостој и средните ниски извори, плажите се сметаат за пејзажен резерват, и зафаќаат вкупна површина од 7,74 км2 (околу 70 км во должина).
Одговорен управен орган за паркот е Службата за заштита на природата. Пејзажниот резерват пак, е под управа на генералниот директор на регионалниот совет на Тасман на функционерот т.н. „конзерватор“ при службата заштита на природата одговорен за Нелсон и Марлборо. Активностите во соседните крајбрежни води се надлежност на регионалниот совет. Овие подрачја имаат свои засебни регулативи.
Абел Тасмановата крајбрежна патека (Abel Tasman Coast Track) е популарна планинарска патека која се протега долж крајбрежјето. Постои и внатрешна, копнена патека наречена Абел Тасманова внатрешна патека (Abel Tasman Inland Track), но таа е послабо посетена. Други значајни активности во паркот се кајакарството, кампувањето и посетувањето на природни знаменитости.
Најблиското населено место е гратчето Мотуека кое се наоѓа 20 километри јужно.
Во 2008 кон паркот се придодадени 7,9 км2, вклучувајќи и земја дотогаш во приватна сопственост.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Hoiberg, Dale H., уред. (2010). „Abel Tasman National Park“. Encyclopædia Britannica. I: A-ak Bayes (15th. изд.). Chicago, Illinois: Encyclopædia Britannica Inc. стр. 25. ISBN 978-1-59339-837-8.
- ↑ http://www.doc.govt.nz/templates/PlaceProfile.aspx?id=38455 Национален парк Абел Тасман - Служба за заштита на природата
- ↑ „Националните паркови добиваат во простор“. соопштение за печат. Влада на Нов Зеланд. 20 март 2008. Архивирано од изворникот на 2008-10-17. Посетено на 26 март 2008.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Национален парк Абел Тасман“ на Ризницата ? |
- Информации за националниот парк Абел Тасман - Служба за заштита на природата на Нов Зеланд (англиски)
- Слики од националниот парк Абел Тасман (англиски) (германски)
| |||||||||||||||||||||
|


