Национален парк Артуров Превој
Национален парк Артуров Превој Arthur's Pass National Park | |
---|---|
МСЗП — Категорија II (национален парк) | |
Карта на Нов Зеланд | |
Место | Кантербери, Нов Зеланд |
Најблизок град | Крајстчерч |
Површина | 1143 км2 |
Воспоставен(а) | 1929 |
Управно тело | Служба за заштита на природата |
Национален парк Артуров Превој (англиски: Arthur's Pass National Park) — национален парк кој наоѓа на Јужниот Остров на Нов Зеланд.
Основан е во 1929 како прв национален парк на Јужниот Остров и трет во земјата. Низ него поминува автопатот State Highway 73, кој минува низ селото Артуров Превој (Артур Пас) и продолжува преку истоимениот планински превој на Јужните Алпи на надморска височина од 920 м. Паркот е под управа на Службата за заштита на природата која во селото Артуров Превој има депо, управни канцеларии и посетителски центар.
Географија
[уреди | уреди извор]Паркот е мошне карактеристично поделен со главната делница на Јужниот Остров. Источната страна е посува и е покриена со букова шума и широки речни корита, додека пак западната страна е прекриена со густи дождовни жуми. Географијата во најголема мера е производ на древните ледници, образувајќи рамни долини со облик на буквата U. По средината се протега висок планински венец со големи планини со снежни врвови одронети падини.[1]
Паркот ги содржи следниве географски обележја:
- Дел од главната делница на Јужниот Остров, вклучувајќи ги следниве превои — Харман, Ваимакарири, самиот Артуровиот, Козјиот (на правецот Минга-Десепшон), Тарахуна, Ворзли, Минчин и Харпер.
- Врутокот на реката Ваимакарири, со нејзините водопади во непосредна близина.
- Многубројни притоки на реката Ваимакарири, меѓу кои и Били, Пултер, Ходон, Белата, Гаврановата и Анти Гаврановата Река.
- Многубројни притоки на реката Тарамакау, како Отира, Десепшон и Отехаке.
- Мерчисоновата Планина, која со 2400 м е највисока во паркот[1].
Рекреација
[уреди | уреди извор]Паркот е популарен за планинарство, скијање и алпинизам.
Најпопуларни планинарски патеки се:
- Минга-Десепшон (по која се одржува трка „од крајбрежје до крајбрежје“)
- Аваланш Пик
- Ходон-Едвардс
Безбедност
[уреди | уреди извор]Паркот се смета за многу тежок и опасен за планинарење, и во многу случаи бара големо планинарско искуство и опширни познавања од овој слабо населен крај.
Локалните временски услови и прогноза можат да се проверат тука Архивирано на 28 август 2005 г..
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Национален парк Артуров Превој > Нов Зеланд, www.newzealand.com (англиски), отворено на 30 ноември 2009
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- За националниот парк Артуров Превој — Служба за заштита на природата на Нов Зеланд (англиски)
- Softrock Архивирано на 24 ноември 2005 г. - мошне корисна страница во сопственост на локален мештанин (англиски)
- Спасувачка служба и итна помош на Артуровиот Превој Архивирано на 30 април 2013 г. (англиски)
|
|