Крст - изработен во резба

Од Википедија — слободната енциклопедија

Крст - изработен во резба е христијански крст изработен со копаничарска техника. Изработен е во XVII век, од дрво со димензии 7, 5 х 4, 5 см. Според ситните и прецизно изработени детали, како и присуство на барокните елементот, крстот е изработен во Србија, во Крагуевац или во Белград . Според начинот на изработката - крстот претставува ремек - дело на сакрална применета уметност. Претставени сесцените: Поклонувањето на трите кралеви, Распетието и дванаесетте апостоли.

Иако мал по димензии, крстот поседува уметнички вредности кои се аналогни на фреско живописот и иконопиството карактеристично за поистакнатите фреско - ансамбли во Балканскиот Полуостров. Денес овој крст се наоѓа во Музејот на примеметата уметност во Белград[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Бојана Радојковиќ - „Ситната пластика во старата српска уметност“, Издавачки завод Југославија, Белград, 1977/ Ситната пластика