Колонија Нигер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Колонија Нигер
Colonie du Niger

1922 – 1960


Знаме

Химна
La Marseillaise  •  La Nigérienne
Главен град Зиндер
(1922–1926)
Нијамеј
(1926–1960)
Јазици феанцуски
Вероисповед ислам, христијанство
Уредување Колонија
(1922–1946)
Прекуморска територија
(1946–1958)
Автономна република
(1958–1960)
Историски период 20 век
 -  Основана 13 октомври 1922
 -  Промена на статус во прекуморска територија 13 октомври 1946
 -  Автономија 19 декември 1958
 -  независност 3 август 1960
Површина
 -  1940[2] 1292405 км²
 -  1948[1] 1218994 км²
Население
 -  1936[1] 1747000 
 -  1940[2] 1809576 
     Густина 1.4 жит/км²
 -  1948[1] 2029000 
     Густина 1.7 жит/км²
Валута Француски западноафрикански франк

Француска колонија Нигер (француски: Colonie du Niger) — француска колонијална територија во федерацијата на Француска Западна Африка во периодот од 1900 до 1960 година, кога територијата станала независна држава под името Нигер. Колонијата опфаќала делови и од денешните Мали, Буркина Фасо и Чад. Таа постоела во различни форми од 1900 до 1960 година, но била позната како Колонија Нигер само од 1922 до 1960 година.

Воена територија[уреди | уреди извор]

Поради француските планови за преземање на контролата врз некои области на денешен Нигер, на 23 јули 1900 година била формирана Зиндерска воена територија. Седиштето било во исоиндер, додека во 1903 година било префрлено во Нијамеј. Административно, територијата претставувала дел од колонија Сенегамбија и Нигер од 1900 до 1904 и од колонија Горен Сенегал и Нигер од 1904 до 1911 година. Буџетот на оваа територија директно зависел од гувернерот на Кајес, а воените одлуки како и контактите со властите во метрополата се одвивале преку генералниот гувернер во Дакар[3]. На 22 јуни 1910 година, територијата била преименувана во Воена територија на Нигер, и вклучувала делови од денешниот северен дел на Мали и северен Чад. Во 1911 година, седиштето на територијата било преместено во Зиндер поради стравот од упад на Британците од југ и на Италијанците од Либија. И покрај ова, француската контрола на северните и источните области останала минимална. Заедно со Мавританија, Нигер бил единствен дел од Француска Западна Африка која останала под воена власт.

Цивилно владеење[уреди | уреди извор]

На 13 октомври 1922 година, цивилната колонија Нигер ја презела контролата над поголемиот дел од јужните и западните области, со гувернер кој одговарал пред генералниот гувернер на Француска Западна Африка. Создавањето на Француска Горна Волта од 1919 година, како цивилна колонија ги загубило областите на денешен Нигер западно од реката Нигер[4]. Во 1926 година, главниот град бил повторно преместен во Нијамеј од Зиндер. Во 1932 година колонијата на Француска Горна Волта била поделена меѓу соседите.

Официјалните претставници на Нигерската колонија, за разлика од соседниот Чад, останале лојални на владата на Вишиевска Франција по 1940 година.

Деколонизација[уреди | уреди извор]

На 31 декември 1946 година, воените територии на Нгигми и Агадез биле отстапени од Нигерската колонија. Во 1947 година, Француска Горна Волта била реконституирана. Со оваа промена грубо се воспоставиле модерните граници на Нигер.

По усвојувањето на Loi Cadre од страна на Француското национално собрание во 1956 година, голем дел од колониите во Француска Западна Африка започнале да одржуваат избори за зголемување на самоопределувањето на нивните територии. Во 1958 година Француската унија ја наследила Француската заедница. На 25 август 1958 година, гувернерот на покраината станал висок комесар на Нигер.

Уставот од 25 февруари 1959 година бил потоа ратификуван преку гласање на Основачкото собрание на Нигер, тело создадено за оваа цел од избраното Територијално собрание на Нигер во декември 1958 година. На 12 март 1959 година, собранието станало законодавно, со претседател на владата, Амани Диори. Со уставот биле изгласени Знамето на Нигер, Националната химна на Нигер и Грбот на Нигер, заедно со јазикот за именување на политичките тела.

По Алжирската војна за независност и колапсот на Француската четврта република, колониите на Францускиот сојуз станале целосно независни во 1960 година. Нигер го ратификувал својот прв целосно независен устав на 8 ноември 1960 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Britannica Book Of The Year 1953
  2. The Americana Annual 1946
  3. Colin Newbury. The formation of the government general of French West Africa. Journal of African history, vol.1, no.1 (1960), pp.111-128.
  4. Погледни слика од катата од 1927 година на Don d’ouvrages aux Archives nationales од Француската амбасада во Нијамеј, покажувајќи го прегледот на колониите на Нигер и воените територии.