Каранфил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Каранфил
Gartennelke 1.jpg
Цветови на градинарскиот каранфил (Dianthus caryophyllus)
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Ред: Каранфиловидни
Семејство: Каранфили
Род: Каранфил
L.
Типски вид

градинарски каранфил
(Dianthus caryophyllus)

Ботаничка илустрација на картуски каранфил (D. alpinus)

Каранфил (науч. Dianthus) — род со околу 300 вида на цветни растенија од фамилијата каранфили (Caryophyllaceae). Автохтони се на Европа и Азија, со неколку вида во северна Африка и еден вид (D. repens) во Северна Америка. Во Македонија и разни други земји, каранфилот (поточно градинарскиот каранфил) е симбол на првомајството и партизанското движење.

Опис[уреди | уреди извор]

Претставниците на родот се претежно зелјести и повеќегодишни, со тоа што некои се едногодишни и двегодишни. Некои имаат облик на полугрмушки со дрвенести стебленца. Листовите се спротиставени, прости и линеарни со сивозелена до синозелена боја. Цветовите имаат по пет ливчиња со набрани рабови и (речиси сите) имаат светлорозова до темнорозова боја. Еден вид (D. knappii) има жолти цветови со виолетова средина. Извесни повеќегодишни видови имаат карактеристичен опоен мирис.

Ендемски каранфили во Македонија[уреди | уреди извор]

Во Македонија виреат разни видови на каранфили, од кои некои се заеднички за поширокиот регион или континентот, но некои се ендемски:

Одгледување[уреди | уреди извор]

Каранфилот има подолга историја на одгледување и вкрстување, па затоа постојат илјадници градинарски и цвеќарски сорти со многу нијанси на бела, розова, жолта и црвена боја и огромна разновидност на облици и белези. Одгледуваните каранфили можат да се поделат на обрабени, вечноцутни, малмезонски, старински, современи и планински.[11]

Некои видови[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „каранфил, галичички“. Македонска енциклопедија книга : стр. . (2009). Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.
  2. „каранфил, јабланички“. Македонска енциклопедија книга : стр. . (2009). Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.
  3. „каранфил, јакупички“. Македонска енциклопедија книга : стр. . (2009). Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.
  4. „каранфил, кајмакчалански“. Македонска енциклопедија книга : стр. . (2009). Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.
  5. „каранфил, капински“. Македонска енциклопедија книга : стр. . (2009). Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.
  6. „каранфил, македонски“. Македонска енциклопедија книга : стр. . (2009). Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.
  7. „каранфил, охридски“. Македонска енциклопедија книга : стр. . (2009). Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.
  8. „каранфил, пелистерски“. Македонска енциклопедија книга : стр. . (2009). Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.
  9. „каранфил, прилепски“. Македонска енциклопедија книга : стр. . (2009). Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.
  10. „каранфил, скопски“. Македонска енциклопедија книга : стр. . (2009). Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.
  11. RHS A-Z encyclopedia of garden plants. United Kingdom: Dorling Kindersley. 2008. стр. 1136. ISBN 1405332964. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]