Зад Воденицата (Бардовци)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Зад Воденицата — осамен наод од римското време. Во лозјето на семејството Блажевски во село Бардовци е откриен жртвеник со латински натпис посветен на божицата Белона. Димензии: 136 × 52 × 28 см. Жртвеникот се чува во дворот на семејството Блажевски.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069