Варајски јазик
Варајски | |
---|---|
варај-варај Binisaya, Samarenyo, Samar-Leyte, Binisaya nga Winaray | |
Застапен во | Филипини |
Подрачје | Источни Висаи (островот Самар и источните делови на покраината Лејте), источните делови на покраината Билиран и извесни делови на покраините Масбате и Сорсогон |
Народ | Варајци |
Говорници | 2,5 милиони (2000)e18 5. по застапеност во земјата[1] |
Јазично семејство | |
Дијалекти | варајски, самар-лејте, северносамарски |
Писмо | латиница; порано: бадлит |
Статус | |
Службен во | Филипините (како регионален) |
Регулативен орган | Комисија за филинскиот јазик |
Јазични кодови | |
ISO 639-2 | war |
ISO 639-3 | war |
Распространетост на варајскиот јазик |
Варајски јазик (Waray), варај-варај (Waray-Waray), бинисаја (Binisaya), винарајски јазик (Winaray) или самар-лејте (Samar-Leyte)[2] — домороден јазик кој се говори Самар, Северен Самар, Источен Самар, Билиран и во североисточниот дел на островот Лејте (во околината на Таклобан) на Филипините. Името потекнува од зборот варај (што значи „ништо“ или „никој“) кој туѓинците го слушале од Варајците, исто како што Себуанците во Лејте се нарекуваат „мга кана“ (по себуанскиот збор кана, што значи „она“).
Употреба
[уреди | уреди извор]Варајскиот е еден од десетте признаени регионални јазици на Филипините и се користи во месната управа.
Сепак, печатените медиуми на овој јазик се ретки бидејќи највеќето весници во регионот се на англиски. Варајскиот е богослужбен јазик во римокатоличката црква во регионот и на истиот се издаваат библии.
Варајтскиот содржи голем број на заемки од разни јазици, прилагодени да ги пополнат лексичките празнини.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Philippine Census, 2000. Table 11. Household Population by Ethnicity, Sex and Region: 2000
- ↑ Ethnologue. SIL International.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Издание на Википедија — слободната енциклопедија на варајски јазик |
Википатување има разговорник за варајски. |
- Лекции по варајски јазик Архивирано на 25 ноември 2005 г.
- Варајски речник „Банса“ Архивирано на 14 февруари 2012 г.
- Портал на варајскиот јазик Архивирано на 11 октомври 2015 г. — речник, книжевна база и наставни материјали
- Радио Варајнон Архивирано на 2 јануари 2008 г. — семрежна радиостаница
|
|