Прејди на содржината

Бујук џамија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бујук џамија
Буюк джамия
Büyük Camii
Религија
Припадностислам
Еклизиастичен или организациски статуснеактивна[1]
Година на осветување1494
Локација
ЛокацијаСофија, Бугарија
Карта
Архитектура
Типџамија музеј
Завршена во1451-1494
Минаре(иња)1

Бујук џамија (турски: Büyük Camii во превод Голема џамија) е поранешен муслимански храм кој се наоѓа во Софија, Бугарија.

Првото име според писмени извори на џамијата било Коџа Махмуд-паша џамија или џамијата на Големиот Махмуд-паша. Изградбата на храмот започнала во 1451 и завршила 20 години по смртта на Коџа Махмуд-паша во 1494 година.

Околу џамијата имало и други објекти: ан, медреса, водосклад и фонтана. Маалото околу џамијата го носело нејзиното име.

За време на Руско-турската војна (1877-1878) џамијата била претворена во болница. Подоцна била библиотека, музеј и печатница, а од 1892 година во неа е сместен Националниот археолошки институт со музеј.

  1. Во објектот денеска се наоѓа Националниот археолошки институт со музеј

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Слики од џамијата