Црква Свети Јосиф (Софија)

Координати: 42°41′55″N 23°19′11″E / 42.69861° СГШ; 23.31972° ИГД / 42.69861; 23.31972
Од Википедија — слободната енциклопедија
Црква Свети Јосиф
Внатрешност на катедралата
Основни податоци
МестоСофија, Бугарија
Координати42°41′55″N 23°19′11″E / 42.69861° СГШ; 23.31972° ИГД / 42.69861; 23.31972
ПрипадностРимокатоличка црква
ЕпархијаСофиско-пловдивска епархија
Статусактивна
Мреж. местоsofia.capucini.bg
Архитектонски опис
Архитект(и)Константин Пеев
Стојан Јанев.
Архитектонски типкатедрала
Поставен темел1875
2002
Завршен2006
Особености
Сместивост1.000 верници
Должина23 метри
Ширина15 метри

Црквата Свети Јосиф (бугарски: Катедрала Свети Йосиф ) — црква што се наоѓа во Софија, Бугарија и е во склопот на Римокатоличката црква. Катедралата била изградена во 2006 година на местото на поранешната катедрала што била разрушена за време на Втората светска војна, и самиот камен-темелник бил поставен од страна на папата Јован Павле II во 2002 година.

Историја на храмот[уреди | уреди извор]

1875 — 1944[уреди | уреди извор]

Историјата на катедралниот храм посветен на Свети Јосиф и на истоимената парохија во Софија започнала во 1875 година, кога отец Тимотеј како епископски викар бил испратен од монсињор Франческо Рејналди од Пловдив во Софија, за да ја преземе грижата за католичкото население во градот. Во 1878 година на ова место започнала изградба на мала црква. Уште незавршена, во 1880 година таа била осветена и отворена за служби. Први верници кои ја посетувале биле градителите на железничката линија Софија - Истанбул и многубројните Хрвати и Албанци кои се занимавале со трговија во градот. Тогашниот парохиски комплекс вклучувал црква, манастир, колеџ и концертна сала.

Во 1944 година, за време на Втората светска војна била речиси завршена, но на 30 март 1944 била уништена при бомбардирање на градот. По овој настан била основана фондација за собирање на средства за обновување на храмот, но кога била воспоставена комунистичка власт парите од банката исчезнале.

1944 — 2006[уреди | уреди извор]

Единствениот дел од зградата е концертна сала во која повеќе од 60 години до изградбата на денешниот храм се одржувале службите. Парохискиот дом на свештениците бил речиси целосно национализиран од државата.

На истото место каде што била старата катедрала, при посетата на папата Јован Павле II во Бугарија во 2002 бил поставен камен темелник за изградба на нова и поголема катедрала. Изградбата на новиот храм бил помогнат од финансиската помош на католици од целиот свет. Изградбата продолжила во периодот од 2002 до 2006 со мали прекини. Проектот е на архитектот Константин Пеев и архитектот Стојан Јанев.

Најнова историја[уреди | уреди извор]

Откако новата зграда на катедралата била речиси целосно завршена, таа била осветена од државниот секретар на Ватикан, кардиналот Анџело Содано на 21 мај 2006 година во присуство на верници од сите католички епархии во Бугарија. Изградбата на црквата била поздравена и од страна на Бугарската православна црква која подарила икона на Света Богородица. На свеченото отворање присуствувале неколку амбасадори од католичките земји - амбасадорот на Австрија, амбасадорот на Шведска, Франција итн.

Денес оваа црква е е најголемата католичка катедрала во Бугарија која располага со 350 места за седење и може да прими до 1.000 верници. Катедралата е долга 23 метри, широка е 15 метри, висока е 19 метри. Главниот корпус на зградата заедно со покривот е со височина од 23 метри, а камбанаријата е висока 33 метри.

Над олтарот се издигнува дрвен крст на Христос кој е висок седум метри. Под крстот се наоѓа иконата на Богородица, подарена од патријархот Максим за време на осветувањето на храмот.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]