Бојанска црква

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Светско наследство на УНЕСКО
Бојанска црква
Назив според описот на списокот
Поглед кон црквата
Вид Културно
Критериуми ii, iii
Навод 42
Регион по УНЕСКО Европа
Запис
Прогласено 1979 (3 сесија. заседание)

Бојанската црква „Св. св. Никола и Пантелејмон“ е средновековна црква која се наоѓа во софиската населба Бојана во подножјето на Витоша. Таа претставува една од културните симболи на Бугарија и од 1979 година е вклучена во списокот на светско наследство на УНЕСКО.

Опис[уреди | уреди извор]

Најстарата црква била изградена кон крајот на 10 век и почетокот на 11 век.

Црквата била проширена (на два ката) во текот на 13 век во времето на бугарскиот цар Константин Тих. Во долниот кат се наоѓа некропола а горниот е семеен параклис. Стенописите во црквата датираат од различни периоди: 11-12 век, 1259 година, 14 век, 16-17 век и 1882 година.

Неколку години црквата се наоѓала во лоша состојба. Кон почетокот на 20 век имала влага а фреските биле нечисти. Во 1912 година директорот на Народниот музеј дал наредба за реставрација под раководство на австрискиот уметник Јосиф Бала. Во 1934 година повторно се наметнала реставрација, која била доделена на професорот Кирил Цонев. Во 1944 година Карл Јорданов повторно ги исчистил фреските. Во 1977 година Бојанска црква била затворена за посети а повторно била отворена кон 2000 година.

Благодарение на реставрацијата, која завршила во 2006 година, денеска јасно се гледаат фреските од 17 век (кои се насликани врз постарите од 12 век), меѓу кои е и првата слика на Свети Јован Рилски.

Денеска црквата спаѓа во списокот на 100-те национални туристички објекти во Бугарија.

Галериjа[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]