Црква Свети Мина (Софија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Црква Свети Мина
Храм "Свети великомъченик Мина" - София, кв. "Слатина".jpg
Поглед кон црквата
Основни податоци
МестоСофија, Бугарија
ПрипадностБугарска православна црква
Статусактивна
Архитектонски опис
Архитектонски типцрква
споменик на културата
Поставен темел1872

Црквата Свети Мина е православна црква која се наоѓа во Софија, Бугарија. Црквата е посветена на Свети Мина Катуански.

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата била изградена за време на османлиското владеење во 1872 година и првично била посветена на Света Троица бидејќи според преданието до крајот на 14 век на ова место имало манастир со истото име кој бил разрушен од страна на Османлиите. Во Втората светска војна, храмот бил посветен на Свети Терапонтиј Софиски (до 1957 година), бидејќи постои предание дека на ова место бил погубен самиот светец. Во 1957 година црквата била посветена на Свети Мина чиј празник се чествува на 11 ноември.

Црквата ги задоволувала верските потреби на некогашното село Слатина. Северно од храмот се наоѓале селските гробишта, каде што биле погребани англиските пилоти кои загинале во 1943 година и 1944 година при бомбардирањето на Софија.

Во 1955 година храмот бил прогласен за споменик на културата, автентичен и единствен од 19 век на територијата на Софија, а во 1989 година и како архитектонско - уметнички споменик на културата.

Црквата е еднокорабна, заоблена со цилиндрична апсида без трем.