Бранко Каракаш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Бранко Каракаш (?? - 2014) е македонски композитор, музиколог, поет, режисер, музички критичар и преведувач со хрватско потекло. Роден во Лаки, Македонија, а умира во Виена, Австрија, каде ги поминува последните 24 години од животот.

Каракаш своето образование го формирал во сите земји на поранешна Југославија, а кариерата ја почнал како член на Детскиот оркестар на Загрепската опера, продолжил како изведувач на труба и виолина во Воениот оркестар во Скопје, бил композитор и музички илустратор во Драмскиот театар, како и постојан музички критичар во „Нова Македонија“.

Каракаш раководел со Секторот за музичка пропаганда и музичко издаваштво во Белград, бил директор на уметнички ансамбл, корежисер на отворањето на Средоземните игри во Сплит и на Олимписките игри во Сараево.

Како гостин уметник настапил во повеќе од 30 земји. Од 1990 година живееше во Виена.

Во својот музички опус бележи околу 300 композиции од различни жанрови, а главни дела му се балетите, „Галеб“ (1982), „Љубов на песокот“ (1985), „Балетска свита во 9 слики“ (1989) и „Европјанка во Њујорк“ (2002).

Во својот творечки век, Каракаш издал неколку антологии, меѓу кои и „Антологија на македонски народни песни“ (1995), 19 збирки на поезија, 93 музички збирки, 10.000 песни со различна тематика, 26 книги од македонска белетристика преведени на други јазици, повеќе од 30.000 препеани стихови од македонски на руски јазик. Исто така, ја составува „Антологијата на народни песни на Европа“, издадена на пет јазици, финансирана од УНЕСКО и од Министерството за култура на РМ.

Автор е на повеќе од 700 музички критики, а од многуте награди и признанија што ги има добиено се издвојува медалјата „Духот на '76“ доделена од страна на САД по повод 200-годишнината од независнота.[1]

Библиографија[уреди | уреди извор]