Бобан Грнчаров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Boban Grncharov
20170621 Admira Wacker vs Vardar Skopje Boban Grncharov DSC 6350.jpg
Лични податоци
Полно име Boban Grncharov
Роден на 12 август 1982 (1982-08-12) (воз. 35 г.)
Роден во Скопје, СФР Југославија
Висина  м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб ФК Вардар
Број 6
Младинска кариера
Вардар
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1999–2000 Вардар 4 (0)
2000–2003 ОФК Белград 53 (2)
2003–2007 Металург Доњецк 29 (1)
2006–2007 Стал Алчавск (позајмен) 19 (1)
2007–2009 Гент 20 (3)
2008–2009 Макаби Петах Тиква (позајмен) 31 (2)
2009–2011 АПОЕЛ 43 (8)
2011–2012 Лирс 29 (2)
2012–2013 Ботев Плодив 45 (3)
2014 Таврија Симферопол 8 (0)
2014– Вардар 83 (9)
Репрезентација
2001–2014 Македонија 34 (1)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 18 May 2014.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 30 мај 2014


Бобан Грнчаров (роден на 12 август 1982 во Скопје, Југославија) е македонски фудбалер кој игра за фудбалскит клуб Вардар во македонското фудбалско првенство и за фудбалската репрезентација на Македонија.[1][2]

Клубска кариера[уреди | уреди извор]

Грнчаров својата фудбалска кариера ја започнал во Република Македонија во клубовите Вардар и Работнички. Во 2001 година се преселил во Србија каде што играл се до 2003 во клубот ОФК Београд.

Во 2003 направил трансфер во Украина во екипата на Металург Донецк. Во вториот дел од сезоната 2006/07 заиграл на позајмица за клубот Стал. Во 2007 година потпишал за белгискиот клуб Гент, каде во 20 натпревари постигнал три гола. Следната сезона бил позајмен на израелскиот Макаби Петах Тиква.

Во летото 2009 бордот на кипарскиот шампион АПОЕЛ објавил дека Грнчаров потпишал двегодишен договор со клубот. Во првата сезона на Кипар, тој го освоил Кипарскиот Супер Куп постигнувајќи гол во финалето, како и одиграл четири натпревари во групната фаза од Лигата на Шампионите. Следната сезоната тој станал еден од клучните играчи на клубот, и покрај тоа што сите натпревари ги играл како централен одбранбен играч - постигнал 6 погодоци (сите со глава) помогнувајќи му на АПОЕЛ да го освои кипарскиот шампионат. Во мај 2011 година Грнчаров го напуштил клубот, бидејќи не успеал да се договори за потпишување нов договор поради финансиски причини.

На 5 јули 2011, Грнчаров потпишал едногодишен договор со белгискиот клуб Лирс.[3] На 3 jули 2012, Грнчаров потпишал тригодишен договор со бугарскиот клуб Ботев Пловдив.

Кариера во репрезентативниот дрес[уреди | уреди извор]

Првиот натпревар во дресот на Македонската фудбалска репрезентација го одиграл на 21 август 2002 година, во победата од 5-0 против Малта. До сега за Македонската фудбалска репрезентација има 24 настапи и еден погодок. Својот единствен погодок го постигнал на 9 септември 2009 година во Осло против Норвешка.

Постигнувања[уреди | уреди извор]

Кипар АПОЕЛ
  • Кипарски Шампионат: 1
2010/11
  • Супер Куп на Кипар: 1
2009

Наводи[уреди | уреди извор]