ОФК Белград
ОФК Београд | |||
Целосно име | Омладински фудбалски клуб Београд | ||
Основан | 1 септември 1911 | ||
---|---|---|---|
Распаднат | |||
Стадион | Омладински стадион | ||
Капацитет | 20000 | ||
Претседател | Момчило Миниќ | ||
Тренер | Дејан Ѓурѓевиќ | ||
Лига | Јелен Супер Лига | ||
2008/09 | 11ти | ||
|
ОФК „Београд“ е фудбалски клуб од Белград, Србија. Клубот настапува во Јелен Супер Лига, т.е. најјаката фудбалска лига во Србија.
Историја
[уреди | уреди извор]ОФК Београд е оформен на 1 септември 1911 година под името БСК (Белградски Спортски Клуб). Во периодот од 1923 година кога за првпат се одржало фудбалското првенство, па до почетокот на 1941 година кога започнала Втората светска војна, клубот освоил пет шампионски титули. На 15 февруари 1945 година, клубот повторно продожил со својата дејност, но овој па под името Металец, кое ќе се задржи до 1950 година, кога повторно е вратено старото име БСК. Од 1957 година го добива денешното име ОФК Београд. За време на СФРЈ четири пати е освојувач на Купот на Маршал Тито, а најголем успех на евро сцената го постигнува во сезоната 1962/63 кога стигнува во полуфиналето на КПК (Купот на Победници на Куповите), каде е поразен од Англискиот тим Тотенхем, кој го освојува овој куп.
Стадион
[уреди | уреди извор]ОФК Београд настапува на Омладински стадион кој се наоѓа во белградската населба Карабурма. Пред реконструкцијата во 2000 година, капацитетот на стадионот бил 28000 гледачи, а сегашниот капацитет е 20000 гледачи.
Успеси
[уреди | уреди извор]Шампиони
- 1930/31, 1931/32, 1932/33, 1934/35, 1935/36, 1938/39.
Куп победнци
Навивачи
[уреди | уреди извор]Навивачите на ОФК Београд се познати како Blue Union (Сина Унија) и се оформени во 1994 година и се во пријателски односи со навивачите на ФК Вождовац од Белград, познати како Инвалиди Вождовац.
Македонци кои играат/играле во ОФК Београд
[уреди | уреди извор]- Александар Бајевски
- Ангелчо Панов
- Тони Шалев
- Харис Факиќ
- Златко Тодоровски
- Христијан Кировски
- Бобан Грнчаров
- Стевица Кузмановски
- Антонио Тасев
- Филип Деспотовски
- Симеон Ефремов
- Бојан Марковски