Прејди на содржината

Битка кај Пелинце

Од Википедија — слободната енциклопедија
Битка кај Пелинце
Дел од Македонија во Втората светска војна
Датум 13 јануари 1944
Место Пелинце, Козјачија
Исход Победа на македонските партизански сили
  • Бугарските сили се повлекле кон градот Куманово
Завојувани страни
НОВМ Царство Бугарија
  • Кумановски пешадиски полк
  • Бугарски полициски одред „Бенковски“
Команданти и водачи
Христијан Тодоровски - Карпош

Ангел Лазаревски

Сила
околу 200 партизани 100 војници и полицајци
Жртви и загуби
2 загинати 12 загинати

18 заробени

Битка кај Пелинце — воена битка помеѓу македонските партизани и Бугарската окупаторска војска и полиција на 13 јануари 1944 година, за време на Втората светска војна, во близина на селото Пелинце.

Борците на Првиот Кумановски Народнослободителен баталјон „Јордан Николов - Орце“

По сите успеси што Кумановскиот партизански одред ги постигнал во втората половина на 1943 година, угледот на силите на Народно ослободителната борба многу бргу пораснал. Се создала голема слободна територија, источно од Куманово, па се до бугарската граница. Народот на ослободеното подрачје започнал слободно да живее. Со одењето на окупаторската власт престанале сите пљачкосувања, разни глоби и давачки со кои народот бил оптоварен.

Пред крајот на 1943 година започнала да се формира народната власт изразена низ горма на народноослободителните одбори во селата Малотино и Жегљане.

Војничките и политичките успеси на силите на НОБ широко одекнале во околните градови, а особено во Куманово, Скопје, Врање и други места. Исто такви големи успеси во овој период постигнале и српските и косовските партизани, кои против бугарските окупатори се бореле на подрачјето источно од линијата Куманово – Врање.

Партиската организација во Куманово, наспроти големите прогони, апсења и блокади, со успех ја извршувала својата мобилизаторска улога во градот, прифаќајќи се поголем број младинци што од Куманово се јавувале за стапување во редовите на НОБ. Сето ова уште повеќе го подигнувал борбениот морал и духот на борците од партизанските единици.

Додека кумановскиот баталјон „Орце Николов“ кој бил формиран на 1 декември 1943 година во селото Пелинце, престојувал во селото Љаник на Руен, во штабот на баталјонот биле примени известувања дека кон Козјак машрираат три колони бугарска војска. Тоа всушност бил пешадискиот полк од гарнизонот Куманово упатени во следните правци: првата колона од селото Страцин преку Перен и по сртот на Козјак; втората колона од селото Облавце преку Бајловце и Арбанашко кон Козјак и третата колона од селото Челопек преку Жегљане и Малотино требало да се искачи на Козјак. Сите три колони имале задача да го пронајдат баталјонот „Орце Николов“ и да му ја наметнат борбата со цел да го уништат.

Штабот на баталјонот, по заслугата на командантот Христијан Тодоровски Карпош, донел решение да не се оди на слободната територија на Вториот јужноморавски одред, бидејќи и таму врањскиот бугарски полк презел напад, туку да се остане на теренот и да се изманеврира ударот на овие сили, а потоа баталјонот да се најде во заднината на непријателот.

Не пријафаќајќи ја борбата која непријателот сакал по секоја цена да ја наметне, баталјонот, откако го изманеврирал ударот на непријателските сили, по еден долг марш стигнал во селото Равно. По одморот од два дена баталјонот се префрлува во реонот на селото Пелинце. Во самото разденување, на 9 јануари 1944 година, штабот на баталјонот бил известен едка по десната страна на реката Пчиња од село Челопек во правец на село Пелинце маршира колона на Бугарската полиција од околу сто луѓе, без претходница и побочница.[1]

Споменикот од НОБ во Пелинце

Доаѓањето на баталјонот во селото Пелинце непријателот не го забележал, бидејќи воопшто не очекувале дека партизанските силе се задржале на подрачјето јужно од Козјак. Штабот на Кумановскиот баталјон, знаејќи дека е исклучен нападот на какви и да е сили зад грбот, донесува решени да ја нападне оваа бугарска полициска колона.

Кога полицискиот баталјон излегол на чистина, што од задната страна била затворена со стрмнина, третата чета, извршувајќи ја својата задача, отворила оган од едно возвишение и го принудила непријателот да залегне. Додека од обете страни бил отворен оган, останатите две чети на баталјонот успеале со брзи продори, да избијат на реката Пчиња. Младинскиот вод од првата чета, на чело со командир на водот Ангел Лазаревски, успеал бргу да ја прејде надојдената Пчиња и да излезе на северната страна. Во овој момент, со далечното опфаќање, втората чета на успеала на време да избие на југозападната страна и да го затвори обрачот, оставајќи им со тоа на полицајците коридор за извлекување кон селото Алгуња.

За сето ова време додека од обете страни се отворал жесток пушчен и пушкомитролески оган, бугарските полицајци кога осетиле дека можат да се извлечат на запад, започнале под борба да бегаат кон Куманово. Но, намерата на непријателот за извлекување ја отежнал младинскиот вод и третата чета на баталјонот. Во моментот на многу силна борба пред својот вод загинал еден од најпопуларните партизани, командир на младинскиот вод Ангел Лазаревски – Шајче.

Околу пладне од обете страни се водела силна и жестока борба. Непријателот увидувајќи дека е смртно загрозен, исто така давал силен отпор. Третата чета, која била на позиции што го надвисувале непријателот, се јурнала во долината на реката Пчиња, ја прошла реката и во содејство со младинскиот вод успеала да му нанесе загуби на непријателот.

Во петчасовна борба кумановскиот баталјон „Орце Николов“ успеал да убие 12 бугарски полицајци, а 18 да зароби, а успеал да заплени добар плен – оружје, муниција и друга опрема. Останатиот дел од полициската потерна колона се разбегал кон Куманово. Сите полицајци што се извлекле од обрачот пристигнувале во Куманово кој како стигнал, без опрема и оружје што го фрлале по патот.[1]

Последици

[уреди | уреди извор]

Разбивањето на полицискиот потерен баталјон кај селото Пелинце силно одекнал кај народот во Куманово, зашто наместо успех окупаторот доживеал пораз. Овој успех дотолку пошироко одекнал и полицијата со голема надменост се фалела дека ќе ги уништат „шумкарите“ (партизаните) за да се тури ред и крај во овој дел на „царството“.

Борбата кај селото Пелинце, покрај другото, придонела многу за нараснување и омасовување на кумановскиот баталјон, во чиј состав стапувале претежно младинци како од Куманово, така и од селата. Бидејќи до 20 февруари 1944 година кумановскиот баталјот нараснал на преку 200 борци, се донело решение да се формира и втор баталјон. Реорганизацијата е извршена во селото Бајловце, каде се одржало и првото партиско советување, на кое се донеле значајни решенија за натамошната работа и се поставени задачи на комунистите за развиток на оружената борба во кумановскиот крај.

Кумановскиот партизнаки одред, односно баталјон, во содејство со блиските српски и косовски партизани, во тек на осуммесечни борби и акции, успеал под раководство на легендарниот командат Христијан Тодоровски Карпош, од мала група партизани да прерасне во јака војничка сила осздавајќи со тоа потребни услови за развиток на оруженото востание во Источна Македонија.[1]

  1. 1,0 1,1 1,2 Ивановски, Никола (2018-08-24). „Битката кај Пелинце“. Кумановски Муабети (англиски). Посетено на 2024-10-14.