Анхел Кореја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Анхел Кореја
Angel Correa U20 World Cup crop.jpg
Лични податоци
Полно име Анхел Мартин Кореја Мартинес[1]
Роден на 9 март 1995 (1995-03-09) (25 г.)
Роден во Росарио, Аргентина
Држава  Аргентина
Висина &100000000000001730000001,73 м
Позиција Напад
Клупски податоци
Сегашен клуб Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид
Број 11
Младинска кариера
Алианца Спорт
Тиро
Сан Лоренцо Сан Лоренцо
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2013–2014 Сан Лоренцо Сан Лоренцо 49 (10)
2014– Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид 45 (8)
Репрезентација
2015 Аргентина Аргентина 20 11 (6)
2016 Аргентина Аргентина 23 2 (1)
2015– Аргентина Аргентина 10 (1)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 23 февруари 2017.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 26 ноември 2016

Анхел Мартин Кореја Мартинес (роден на 9 март 1995, во Росарио) — аргентински фудбалер, напаѓач на Атлетико Мадрид и на аргентинската репрезентација.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Сан Лоренцо[уреди | уреди извор]

Роден во Росарио, Санта Фе, Кореја се приклучил на младинската академија на Сан Лоренцо во 2007 година, на 12-годишна возраст, откако претходно бил на проба.[2] Во летото во 2012 година, тој требало да се приклучи на португалскиот клуб Бенфика како слободен играч, но на крајот зделката пропаднала.

Кореја потпишал четиригодишен професионален договор со Сан Лоренцо на 23 септември 2012 година,[3] и бил промовиран во првиот тим во јануари 2013 година. На 31 март, тој го одиграл својот прв професионален натпревар за клубот, влегувајќи како замена во второто полувреме од натпреварот против Њуелс Олд Бојс.[4]

На 11 мај 2013 година, Кореја го постигнал својот прв гол за Сан Лоренцо во домашната победа од 3–0 над Бока Јуниорс.[5] Тој ја завршил сезоната 2012–13 со 13 одиграни натпревари и четири постигнати голови.

Атлетико Мадрид[уреди | уреди извор]

На 27 мај 2014 година, откако ја завршил сезоната 2013–14 со шест постигнати голови, Кореја потпишал со актуелниот шампион на шпанската Ла лига, Атлетико Мадрид за сума од 7.5 милиони евра.[6] Тој потпишал петгодишен договор со клубот од Мадрид, и се приклучил на клубот веднаш по Копа Либертадорес 2014.[7]

Во јуни 2014 година, на Кореја му бил дијагностициран израсток на срцето кој го одалечил шест месеци од фудбалските терени. По извршената операција на 18 јуни во Њујорк, тој започнал со лесни тренинзи во август,[8] и официјално се приклучи на клубот на 13 декември.[9][10]

На 22 август 2015 година, Кореја конено го одиграл својот прв натпревар за Атлетико Мадрид, заменувајќи го Оливер Торес во домашната победа од 1–0 над Лас Палмас.[11] Кореја го постигнал својот прв гол за клубот на 19 септември 2015 година, постигнувајќи го првиот гол во гостинската победа од 2–0 против Еибар; тој исто така му асистирал на Фернандо Торес при вториот гол.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Кореја во аргентинскиот дрес

На 11 декември 2014 година, Кореја бил вклучен во списокот од 32 играчи за составот на Аргентина до 20 години за младинското фудбалско првенство на Јужна Америка одржано во Уругвај во 2015 година.[12] Подоцна тој бил вклучен и во конечниот список за првенството, на кое постигнал 4 гола и помогнал Аргентина да стане шампион.[13]

На 4 септември 2015 година, Кореја го направил своето деби за сениорскиот тим на Аргентина, заменувајќи го Есекиел Лавеци во победата од 7–0 на домашен терен над Боливија, исто така постигнувајќи го последниот гол на натпреварот.

Следната година, тој настапувал за Олимписката репрезентација на Аргентина на Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро.

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Успеси[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Аргентина Сан Лоренцо
Шпанија Атлетико Мадрид

Репрезентативни[уреди | уреди извор]

Аргентина Аргентина под 20 години

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. His mother name is Marcela Martínez
  2. „Araya and Correa, two pearls of Esperanza Alba (шпански). Colo-Colo's official profile. 31 January 2013. Посетено на 28 May 2014.
  3. „Ángel Correa signed a four-year contract“ (шпански). Mundo Azulgrana. 23 September 2012. Посетено на 28 May 2014.
  4. „Newells' reaches the top at Gasómetro (шпански). TyC Sports. 31 March 2013. Посетено на 28 May 2014.
  5. Torneo Final 2013: San Lorenzo thrashed Boca with a great performance from Buffarini“ (шпански). Mundo D. 11 May 2013. Посетено на 28 May 2014.
  6. „Ángel Correa is already an Atleti player“ (шпански). Marca. 27 May 2014. Посетено на 28 May 2014.
  7. Atleti and San Lorenzo reach agreement for Ángel Correa“ (шпански). Atlético Madrid's official website. 27 May 2014. Посетено на 28 May 2014.
  8. „Ángel Correa trained for the first time shortly after his heart surgery“ (шпански). ESPN Deportes. 28 August 2014. Посетено на 13 December 2014.
  9. „Atletico Madrid sign San Lorenzo's Angel Correa after heart surgery“. BBC Sport. 13 December 2014. Посетено на 13 December 2014.
  10. „Ángel Correa already is a rojiblanco (шпански). Atlético Madrid's official website. 13 December 2014. Посетено на 13 December 2014.
  11. „Atlético lacks something“ (шпански). Marca. 22 August 2015. Посетено на 22 August 2015.
  12. „The under-20's has their pre-squad for the South American in Uruguay“ (шпански). TyC Sports. 11 December 2014. Посетено на 13 December 2014.
  13. Argentina se proclamó campeón del Sudamericano Sub 20 2015 americatv.com 7 февруари 2015

Надворешни врски[уреди | уреди извор]