Андамански Острови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Андамански Острови
Andaman Islands.PNG
Локација на Андаманските острови во Индискиот океан.
Географија
МестоположбаБенгалски Залив
Координати12°30′N 92°45′E / 12.500° СГШ; 92.750° ИГД / 12.500; 92.750Координати: 12°30′N 92°45′E / 12.500° СГШ; 92.750° ИГД / 12.500; 92.750
АрипелагАндамани и Никобари
Вкупно острови572
Поголеми островиСеверен Андамански остров, Мал Андамански остров, Среден Андамански остров, Јужен Андамански остров
Површина6.408 км2
Највисоко издигнување732 m
Највисока котаСедл Пик
Управување
Индија
Сојузни територии на ИндијаАндамани и Никобари
ГлавенПорт Блер
Мјанмар
Административна областЈангон (округ)
ГлавенЈангон
Демографија
Население343,125 (2011)
Густина на население48 /km2 (124 /sq mi)
Етнички групиБамар
Шомпен
Индијци
Џарава
Онге
Сентинелци
Јашиа
Големи Андаманци
Дополнителни податоци
Часовен појас
Официјална мрежна странаand.nic.in
Детална мапа на Андаманските и Никобарските Острови

Андаманските Острови се група на острови кои формираат архипелаг во Бенгалскиот Залив, меѓу Индија на запад и Мјанмар на север и исток. Најголем дел од овие острови се дел од индиската сојузна територија Андамани и Никобари, додека помал број од нив од северниот дел на архипелагот, вклучувајќи ги и Коко Островите, им припаѓаат на Мјанмар.

Андаманските Острови се населени со Андаманци, група на домородни народи во кои спаѓаат Џарава племињата и Сентинелците.[1] Некои од островите можат да се посетат со специјални дозволи, а за дел од нив, посебно Северниот Сентинелски Остров, постои законска забрана за посетување. Сентинелците се главно непријателски настроени кон посетителите, и имаат минимални контакти со луѓе од надворешноста. Индиската влада го штити со закон нивното право на приватност.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Споредбена дистрибуција на андаманските домородни народи, пред 18 век во однос на денес.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Името на Андаманските Острови е древно. Според теоријата која доминира од доцниот 19 век, името е изведено од Андоман, форма на Хануман, санскритското име за хиндуистички бог прикажуван со изглед на мајмун.[3][4] Италијанскиот истражувач Николо Конти (околу 1440 год.) ги споменал островите за кои велел дека името им значи „Остров на златото“.[5] Во 13 век, името на Андамани се јавува на кинески јазик како Јен-то-ман (晏陀蠻), во книгата Џу-фан-џи (诸蕃志) (во превод: Опис на варварските народи, Запис за страни народи) од Џао Рукуо, кој како член на Сунг династијата бил назначен како надзорник на поморската трговија.[6] Во 38-то поглавие на книгата, во делот наречен „Поморски земји“, тој нагласил дека при пловењето од Ламбри (Суматра) кон Цејлон, при неповолни ветрови бродовите би се насочиле кон Андаманските Острови.[6][7]

Најрани населби[уреди | уреди извор]

Најраните археолошки податоци се од пред 2200 години, но податоците од генетските истражувања, културолошките истражувања и истражувањата на изолати сугерираат дека островите биле населени од времето на средниот палеолит.[8] Се чини дека домородните андамански народи живееле на островите во изолација сѐ до 18 век.

За нив се теоретизира дека се клучниот доказ за големата крајбрежна миграција на човекот од Африка преку Арапскиот Полуостров долж крајбрежните региони на Индискиот Полуостров кон Југоисточна Азија, Јапонија и Океанија.[9]

За Андаманските Острови, во Бенгалскиот Залив, се верувало дека биле населени од луѓе кои имале глава на волк, како што биле прикажани во „книгата на чудата“ издадена во Париз, во почетокот на 15 век.

Царството Чола[уреди | уреди извор]

Во периодот од 800-1200 година, тамилската Чола династија создала империја, која веројатно се протегала од југоистичниот дел на Индискиот Полуостров до делови од Малезија.[10] Раѓендра Чола I (1014 до 1042 година) ги освоил Андаманските и Никобарските Острови.

Британска колонизација и создавање на островски затвор[уреди | уреди извор]

Во 1789 година, Бенгалската провинција (најголемата провинција на Британска Индија) основала база и затворска колонија на островот Чатам во југоисточниот залив на Големиот Андамански Остров. Населбата денес е позната како Порт Блер (според нејзиниот основач - бомбајскиот поморски полковник Арчибалд Блер). Две години потоа колонијата била поместена во североисточниот дел на Големиот Андамански Остров и била наречена Порт Корнвалис, според адмиралот Вилијам Корнвалис. Но, бидејќи имало многу заболувања и висока смртност меѓу затворениците, владата решила да го затвори проектот во мај 1796 година.[11]

Во 1824 година, Порт Корнвалис претставувало собирно место од каде била носена војска која учествувала во Првата англо-бурманска војна.[11] Во периодот 1830-1840 година, бродоломците кои се истовариле на бреговите на островите често биле напаѓани и убивани од домородците, за кои владеело мислењето дека се канибали. Губитокот на бродовите Runnymede и Briton, во 1844 година, на патот од Индија кон Австралија, за време на бура, заедно со патниците и со транспортираната стока, како и честите напади на домородците врз патниците, биле причина за алармирање на британската влада.[12] Во 1855 година, владата предложила формирање на друга населба, вклучувајќи и политички затвор, но Индиското востание (1857 година) ги одложило овие планови. Со востанието пораснал бројот на политичките затвореници, така да формирањето на населба со затвор станало ургентна потреба за британската влада. Изградбата започнала во ноември 1857 година, кај Порт Блер и била користена работната сила на затворениците, а се избегнало и соленото мочуриште кај Порт Корнвалис, кое претходно создавало проблеми.

Втор значаен датум за Андаманските Острови бил 17-ти мај 1859 година, кој ја означува Битката кај Абердин, која се водела меѓу Британците и Големото Андаманско племе. Денес постои спомен обележје во комплексот Андамански водени спортови за луѓето кои загинале во овој конфликт. Плашејќи се од страна инвазија, бунтовничкото племе, поддржано од избеганите затвореници од Порт Блер, ја нападнале британската пошта, но поради малубројноста имале тешки губитоци. Подоцна се утврдило дека еден од избеганите осуденици ги издал плановите на племето на Британците. Денес племето брои само 50 луѓе, а помалку од 50% од нив се стари лица. Владата на Андаманските Острови денес се обидува да го зголеми бројот на ова племе.[13][14][15]

Во 1867 година, бродот Nineveh претрпел бродолом на грбенот на Северниот Сентинелски Остров, а 86-те преживеани допливале на брегот. Третиот ден биле нападнати со копја од домородците, едниот од нив успеал да избега, а другите подоцна биле спасени од британската морнарица.

Иако некое време смртноста била многу висока, исушувањето на мочуриштето и сечата на шумите продолжиле. Андаманската колонија станала озлогласена и по убиството на вицекралот Ричард Бурк, при неговата посета на населбата, на 8-ми февруари 1872 година, од авганистанскиот Паштун Шер Али Африди. Истата година Андаманските и Никобарските острови биле обединети под заедничка управа од Порт Блер.[11]

Седиште на затворската управа на островот Рос, 1872 година.

Од времето на неговиот развој во 1858 година, под водство на Џејмс Патисон Вокер, и како одговор на бунтот од претходната година, населбата била прво и основно затвор за политичките осуденици. Затворот во Порт Блер бил прошируван и конечно завршен во 1910 година, кога броел 698 единечни ќелии (самици). Најпознат затвореник бил индискиот политички активист Винајак Дамодар Саваркар.

Индијците кои биле овде затворени го нарекле островот и затворот Кала Пани („црна вода“),[16] а 1996 година бил снимен филм на островот со наслов според тоа име.[17] Бројот на затвореници кои починале во затворот броел илјадници,[18] а многумина од нив умреле од мачење и тешки животни услови.[19]

На Змијскиот Остров (анг. Viper Island) постоел посебен затвор за криминалци, а било место каде се вршела егзекуција. Во 20 век, местото станало затвор за познати личности од индиското движење за независност.

Јапонска окупација[уреди | уреди извор]

Островот Рос во 2004 година
Андамански Острови

Андаманските и Никобарските Острови биле окупирани од Јапонците во текот на Втората светска војна.[20] Тие биле под номинална власт на Азад Хинд (Привремена влада на слободна Индија) под раководство на индискиот националист Субас Чандра Босе, кој ги посетил островите за време на војната и ги преименувал во Шехид (од арапски што значи „маченик“) и Свараџ (што значи „самоуправа“). На 30-ти декември 1943 година, за време на јапонската окупација, Субас Чандра Босе, кој бил сојузник на Јапонците, прв го подигнал знамето за индиската независност. Според Вернер Грул: „Јапонците при повлекување стрелаа 750 невини луѓе.“[21] По завршување на војната островите биле вратени под британско владеење, а по прогласувањето на независноста на Индија станале нејзин составен дел.

Пред крајот на Втората светска војна, британската влада решила да ја аболицира затворската населба. Таа предложила да бившите затвореници ги вработи како риболовци, дрвосечачи и фармери, со цел да го развие стопанството на островите. Затворската колонија била згасната со прогласување на независност на Индија, на 15 август 1947 година. Денес таа претставува музеј посветен на движењето за независност на Индија.

Понова историја[уреди | уреди извор]

Во април 1998 година, американскиот фотограф Џон С. Калахан го организирал првиот проект за сурфање на Андаманските Острови, кој почнувал од Пукет во Тајланд, со помош на компанијата SEAL (од анг. Southeast Asia Liveaboards), која е британска чартер компанија за нуркачки спортови. Посадата од професионални сурфери, го преминала Андаманското Море на јахтата Crescent и ги завршиле формалностите во Порт Блер. Групата продолжила кон Малиот Андамански Остров, каде поминале десет дена сурфајќи на неколку места за првпат, вклучувајќи го Џарава Поинт во близина на Хат Беј (Hut Bay) и долж долгиот десен гребен на југозападниот дел на островот, наречен Кумари Поинт (Kumari Point). Калахан продолжил да прави уште неколку проекти за сурфање на Андаманските Острови, вклучувајќи и посета на Никобарските Острови во 1999 година. Во статијата „Потрага по оган“, на новинарот Сем Џорџ, објавена во Surfer Magazine, Андаманските Острови за прв пат се ставени на картата за сурфање.[22] Снимките на брановите на Андаманските Острови исто така се појавиле во филмот Погусто од вода (анг. Thicker than Water), снимен од режисерот на документарни филмови Џек Џонсон, кој подоцна станал славен како музичар.

На 26 декември 2004 година, крајбрежјето на Андаманските Острови било уништено од цунами високо и до 10 метри, кое се случило по земјотресот во Индискиот Океан во 2004 година, кој е најдолготрајниот регистриран земјотрес, а траел помеѓу 500 и 600 секунди.[23] Усните преданија за опасноста од цунами после земјотрес кај локалното население било причина што биле спасени многу животи. По цунамито биле потврдени повеќе од 2.000 жртви, а повеќе од 4.000 деца останале сирачиња или загубиле еден родител. Најмалку 40.000 жители останале без дом и биле преселени во кампови за помош.[24] На 11-ти август 2009 година, имало земјотрес со јачина од 7 степени во близина на Андаманските Острови, активирајќи предупредување за цунами. На 30-ти март 2010 година, во близина на Андаманските Острови имало земјотрес со јачина од 6,9 степени.

Во ноември 2018 година, американскиот мисионер Џон Ален Чау, во неколку наврати илегално се обидел, со помош на локалните рибари, да дојде на Северниот Сентинелски Остров од Андаманскиот Архипелаг, и покрај забраната за посета на овој остров. Подоцна било објавено неговото убиство од страна на домородното население на островот.[25] Постои владина забрана за посета на овој остров, населен исклучиво од домородно население, а е со цел за негова заштита. Издавањето на дозволи е ограничено само на истражувачи и антрополози за научни цели и истражувања. Чау немал таква дозвола и знаел дека неговата посета била нелегална.[26][27]

Географија[уреди | уреди извор]

Сансет Поинт, Андамански Острови
Плажа бр. 3 во Хевлок, на Андаманските Острови
Чидија Тапу, Андамански Острови

Андаманскиот Архипелаг е океанско продолжение на бурманската планинска верига Чин на север и на Индонезискиот Архипелаг на југ. Тој има 325 острови кои покриваат површина од 6.408 km2,[28] со Андаманското море (или Бурманско море) на исток помеѓу островите и брегот на Бурма. Северниот Андамански Остров е 285 километри јужно од Бурма, иако неколку помали бурмански острови се поблиску, вклучувајќи ги и трите Коко Острови.

Десет степенскиот канал ги дели Андаманските од Никобарските Острови на југ. Највисоката точка се наоѓа на Северниот Андамански Остров[29] (врвот Седл Пик (анг. Saddle Peak) на надморска височина од 732 метри.[28]

Дното на Андаманските Острови се состои офиолити и седиментни карпи (аргилозни и алгински варовници), од доцниот Јура период до раниот Еоцен, деформирани од бројни длабоки раседи и навлаки со ултрамафични вулкански интрузии.[30] На островите има најмалку 11 калливи вулкани.[30]

Климата е типична за тропски острови со иста географска широчина. Секогаш е топло, а дува слаб морски ветер. Врнежите се нередовни, времето е суво кога дуваат североисточните монсуни, а многу влажно кога дуваат југозападни монсуни.[11]

Флора[уреди | уреди извор]

Средните Андамански Острови се живеалиште на претежно влажни листопадни шуми. Во Северните Андамански Острови има претежно влажни зимзелени шуми, и многу дрвенести ползавици.

Природната вегетација на Андаманските Острови е тропска шума, со мангрови на брегот. Дождовните шуми се слични по состав со оние на западниот брег на Бурма. Повеќето од шумите се зимзелени, но постојат области на листопадни шуми на Северниот Андамански Остров, Средниот Андамански Остров, Баратанг и делови од Јужниот Андамански Остров. Јужните андамански шуми имаат буен раст на епифитска вегетација, главно составена од папрати и орхидеи.

Андаманските шуми се во голема мера недопрени, и покрај сечата од страна на населението кое е во пораст поради приливот на мигранти од индиското копно. Постојат заштитени подрачја на Малиот Андамански Остров, Наркондам, Северниот Андамански Остров и Јужниот Андамански Остров, но тие се главно насочени кон зачувување на брегот и на морскиот жив свет, а не и за заштита на дождовните шуми.[31] Друга закана за дивиот свет на островите се донесените животински видови, како што се стаорците, кучињата, мачките и слоновите на Интервју Островот и Северниот Андамански Остров.

Дрва[уреди | уреди извор]

Timber.JPG

Андаманските шуми содржат 200 или повеќе видови дрва, употребливи за дрвна преработка, од кои околу 30 видови се сметаат за комерцијални. Главни комерцијални видови се гурјан (Dipterocarpus spp.) и падаук (Pterocarpus dalbergioides). Овие орнаметални дрва се забележителни поради нивната специфична обоеност:

Падаук дрвото е поцврсто и од тиковото дрво и широко се користи за изработка на мебел.

Овде може да се најдат и светото семе Рудракша (Elaeocarps sphaericus) и ароматичните дрвенести смоли.

Фауна[уреди | уреди извор]

Корален гребен на Андаманските Острови

Андаманските Острови се дом на голем број на животни, од кои многу се ендемични.

Цицачи[уреди | уреди извор]

Ендемични видови на цицачи кои ги населуваат островите се:

Подвидот на дивата свиња Sus scrofa vittatus, позната и како Андаманска дива свиња, која порано се сметала за ендемичен подвид,[32] е заштитена со законот за заштита на дивиот свет 1972 (Sch I) (анг. Wildlife Protection Act 1972 (Sch I)). Дамчестиот елен (Axis axis), индискиот мунтјак (Muntiacus muntjak) и индискиот замбар (Rusa unicolor) биле донесени на Андаманските острови, иако индискиот замбар не преживеал.

Интервју Островот (најголемото засолниште на дивиот свет на територијата на островите), кој припаѓа на Средниот Андамански Остров, има популација на диви слонови, кои биле донесени за шумска работа од компанијата за преработка на дрва, а подоцна биле ослободени по банкротирањето на компанијата. Оваа популација слонови е предмет на истражувања.

Птици[уреди | уреди извор]

Ендемични или скоро ендемични видови на птици се:

На островите постојат многу пештери, како што се оние во Чалис Ек, каде се гнездат птици од потфамилијата Collocaliini.

Влекачи и водоземци[уреди | уреди извор]

Островите имаат голем број на ендемски влекачи, крастави жаби и други жаби, како што се јужниот андамански краит (Bungarus andamanensis) и андаманскиот воден варан (Varanus salvator andamanensis).

Постои резерват на 72 км од Хевлок Островот за морски крокодили. Во текот на изминатите 25 години имало 24 напади на крокодили со четири жртви, вклучувајќи ја и смртта на американската туристка Лорен Фаил. Владата била критикувана поради тоа што не ги информирала туристите за опасноста во резерватот за крокодили кога го промовирала туризмот.[33] Крокодилите не се наоѓаат само овде, туку и низ целиот островски синџир и се со различна бројност. Тие се ограничени на просторот на нивното природно живеалиште, така што популацијата е стабилна. Популациите на крокодили ги има и низ достапните мангрови живеалишта на сите поголеми острови, вклучувајќи и неколку потоци на Хевлок. Тие го користат океанот за патување помеѓу реките и речните устија, но ги нема во отворениот океан, па затоа се препорачува избегнување на пливање во близина на мангровите области или во областите на устијата на потоците; пливањето во отворениот океан би требало да биде безбедно, но сепак е најдобро да се практикува на заштитени места.

Религија[уреди | уреди извор]

Повеќето припадници на домородните племиња на Андаманските и Никобарските Острови веруваат во религија која може да се опише како форма на монотеистички анимизам. Домородците на овие острови веруваат дека Палуга е единственото божество и е одговорно за сè што се случува на Земјата.[34][35] Нивната вера учи дека божеството Палуга престојува на врвот Седл. Тие се обидуваат да избегнат било каква постапка која би го налутила ова божество. Луѓето кои припаѓаат на оваа религија веруваат во постоењето на души и духови, и придаваат големо значење на соништата. Тие дозволуваат соништата да одлучуваат за различните постапки и дејствија во нивните животи.[36]

Други религии кои се практикуваат на Андаманските и Никобарските Острови, според бројноста на верниците, се: хиндуизмот, христијанството, исламот, сикизмот, будизмот, џаинизмот и бахаизмот.[37][38]

Демографија[уреди | уреди извор]

Мајка со дете од племето Онге

Според пописот од 2011 година, популацијата на Андаманските Острови изнесувала 343.125 жители,[39] а во 1960 година таа изнесувала 50.000 жители. Најголемиот дел од населението потекнува од мигранти кои дошле на островот уште од колонијалните времиња, главно од бенгалско, хиндустанско и тамилско потекло.[40]

Домородно население[уреди | уреди извор]

Од луѓето кои живеат на Андаманските Острови, мало малцинство, од околу 1.000 жители, се т.н. Андаманци, односно домородно население (адиваси). До 1850-тите години, кога за прв пат дошле во постојан контакт со странци, нивниот број бил околу 7.000 жители, а биле поделени во следните главни групи:

Со зголемување на бројот на доселениците од копното (најчесто затвореници и принудни работници, а подоцна и намерно регрутирани земјоделци), домородното население ја загубило територијата и бројноста. Нивниот број опаднал и поради казнените експедиции од страна на британските власти и поради одземањето на земјиштето, како и поради разните епидемиски болести за кои тие немаат имунитет. Денес, бројот на домородните Андаманци е околу 400-450 лица. Племето Џангил е потполно исчезнато. Домородците на Големиот Андамански Остров првично биле поделени во десет различни племиња, со вкупно 5.000 луѓе; денес повеќето племиња се изумрени, а преживеаните членови (моментално 52 лица), зборуваат главно хинди.[41] Племето Онге е сведено на помалку од 100 луѓе. Единствено Џарава народот и Сентинелците сѐ уште одржуваат независност и одбиваат контакт со странци; нивниот точен број е непознат, но се проценува дека изнесува помалку од стотина индивидуи.

Андамански племиња

Влада[уреди | уреди извор]

Порт Блер е главниот град на островите и административниот центар на Сојузните територии. Андаманските Острови формираат единствена административна област во рамките на Сојузните територии наречена Андаманска Област (Никобарските Острови биле одвоени и основани како нова Никобарска Област во 1974 година).

Културни референци[уреди | уреди извор]

Островите се споменуваат во втората книга со Шерлок Холмс напишана од Сер Артур Конан Дојл, Знакот на четворицата, како и во делото Смртта на Андаманските Острови од Мери Маргарет Кеј. Романот на Мериен Вигинс, Џон Долар (1989), се случува на еден од островите; ликовите од книгата започнуваат експедиција од Бурма за да го прослават роденденот на кралот Џорџ, но по земјотрес и цунами експедицијата станува мрачна приказна за преживување. Главниот лик во книгата Шестте осомничени од Викас Сваруп е од Андаманските Острови. Индискиот филм Калапани (Малајалам) или Сирај Чалаи (Тамил), од 1996 година, на индискиот режисер Пријадаршан, ја отсликува борбата за слобода на Индијците и животот на осудениците во затворот во Порт Блер. Новелата Крај на островот е дело на Падма Венкатраман од 2011 година за учењето на домороден шаман.

Транспорт[уреди | уреди извор]

Единствениот комерцијален аеродром на островите е Меѓународниот аеродром Веер Савакар во Порт Блер, кој нуди летови до Колката, Ченај, Њу Делхи, Бангалор, Визагапатнам и Бубанешвар. Аеродромот е под контрола на индиската морнарица. Претходно биле дозволени само дневни летови, но од почетокот на 2016 година функционираат и ноќните летови.[42] Мала писта од приближно 1.000 метри се наоѓа во близина на источниот брег на Северениот Андамански Остров во близина на Диглипур. Бродскиот превоз е достапен од Ченај, Визагапатнам и Колката. Бродското патување трае три дена и две ноќи, а зависи од метеоролошките услови.

Поради должината на рутите и малиот број на авиокомпании кои летаат на островите, цените на авионскиот превоз се традиционално поскапи, иако тие се поевтини за локалните жители отколку за посетителите. Цените се повисоки за време на врвот на сезоната во пролет и зима, иако тие се намалени поради проширувањето на цивилната воздухопловна индустрија во Индија.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Police face-off with hostile tribe“, „News.com.au.“, 26 ноември 2018.
  2. „Andaman & Nicobar Administration“. 2016-06-11. конс. 2018-12-01. 
  3. Temple, Richard Carnac (1994) (на en). Andaman and Nicobar Islands. Asian Educational Services. ISBN 9788120608764. https://books.google.mk/books?id=M_47kfxz4ogC&pg=PA6&redir_esc=y#v=onepage&q&f=false. 
  4. Cotton, James Sutherland; Burn, Sir Richard; Meyer, Sir William Stevenson (1908) (на en). Imperial Gazetteer of India .... Clarendon Press. https://books.google.mk/books?id=TgC2AAAAIAAJ&redir_esc=y&hl=mk. 
  5. Sharma, A. N. (2003) (на en). Tribal Development in Andaman Islands. Sarup & Sons. ISBN 9788176253475. https://books.google.mk/books?id=WEztW7c0CqQC&redir_esc=y. 
  6. 6,0 6,1 Chau Ju-Kua, 13th cent; Hirth, Friedrich; Rockhill, William Woodville (1911). Chau Ju-Kua: his work on the Chinese and Arab trade in the twelfth and thirteenth centuries, entitled Chu-fan-chï. St. Petersburg, Printing office of the Imperial academy of sciences. http://archive.org/details/cu31924023289345. 
  7. Cordier, Henri (1920). Ser Marco Polo; notes and addenda to Sir Henry Yule's edition, containing the results of recent research and discovery. London, J. Murray. http://archive.org/details/sermarcopolonote00cord. 
  8. Palanichamy, Malliya gounder; Agrawal, Suraksha; Yao, Yong-Gang; Kong, Qing-Peng; Sun, Chang; Khan, Faisal; Chaudhuri, Tapas Kumar; Zhang, Ya-Ping (27 јануари 2006 г). Comment on "Reconstructing the Origin of Andaman Islanders" (на en). „Science“ том  311 (5760): 470–470. doi:10.1126/science.1120176. ISSN 0036-8075. PMID 16439647. http://science.sciencemag.org/content/311/5760/470.1. 
  9. Wells, Spencer (2002) (на en). The Journey of Man: A Genetic Odyssey. Princeton University Press. ISBN 069111532X. https://books.google.mk/books?id=WAsKm-_zu5sC&redir_esc=y&hl=mk. 
  10. Bingham, Woodbridge; Conroy, Hilary; Iklé, Frank William (1964) (на en). A History of Asia: Formation of civilizations, from antiquity to 1600. Allyn and Bacon. https://books.google.mk/books?id=r2ILAAAAIAAJ&redir_esc=y&hl=mk. 
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 Andaman Islands. „1911 Encyclopædia Britannica“ том  Volume 1. https://en.wikisource.org/wiki/1911_Encyclop%C3%A6dia_Britannica/Andaman_Islands. 
  12. Kingston, W.H.G. (1873). Shipwrecks and Disasters at Sea. London: George Routledge and Sons. 
  13. The Rise and Fall of the Great Andamanese“, „Indica Linguistica“, 8 април 2012. (на en-US)
  14. Who are heroes of Battle of Aberdeen?“, „https://www.oneindia.com“.+(на en)
  15. Tribute at the Memorial of "Battle of Aberdeen" Today - Andaman Sheekha“, „Andaman Sheekha“, 16 мај 2012. (на en-US)
  16. „History of Andaman Cellular Jail“. 2010-02-09. конс. 2018-12-01. 
  17. Kala Pani, конс. 2018-12-01 
  18. „List of Revolutionaries“. 2010-09-06. конс. 2018-12-01. 
  19. „The Hindu : Opinion / News Analysis : Hundred years of the Andamans Cellular Jail“. www.thehindu.com. конс. 2018-12-01. 
  20. „The capture of the Andaman Islands, 1942“. dutcheastindies.webs.com. конс. 2018-12-01. 
  21. Gruhl, Werner (2007) (на en). Imperial Japan's World War Two: 1931 - 1945. Transaction Publishers. ISBN 9780765803528. https://books.google.mk/books?id=ow5Wlmu9MPQC&pg=PA102&redir_esc=y#v=onepage&q&f=false. 
  22. SURFER Explores The Andaman Islands - SURFER Magazine“, „SURFER Magazine“, 22 јули 2010. (на en-US)
  23. Glenday, Craig (2014). Guinness Book of World Records 2014. The Jim Pattison Group. ISBN 978-1-908843-15-9. 
  24. „Sumatra-Andaman Island Earthquake and Tsunami of December 26, 2004“. 2013-10-24. конс. 2018-12-01. 
  25. CNN, Nicole Chavez,. „Indian authorities struggle to retrieve US missionary feared killed on remote island“, „CNN“.
  26. US national defied 3-tier curbs & caution to reach island - Times of India“, „The Times of India“.
  27. Death of American missionary could put this indigenous tribe's survival at risk“, 28 ноември 2018.
  28. 28,0 28,1 Commission, India Planning (2008) (на en). Andaman and Nicobar Islands, Development Report. Academic Foundation. ISBN 9788171886524. https://books.google.mk/books?id=ujf2N5O4iKgC&redir_esc=y. 
  29. „Andaman Nicobar Tour Packages at Affordable Prices - Exclusive Deals“. www.excitingandaman.com. конс. 2018-12-01. 
  30. 30,0 30,1 Ramasamy, Sm (2006) (на en). Geomatics in Tsunami. New India Publishing. ISBN 9788189422318. https://books.google.mk/books?id=5gEBfvCBclUC&pg=PA42&redir_esc=y#v=onepage&q&f=false. 
  31. „Southern Asia: Between the Bay of Bengal and the Andaman Sea | Ecoregions | WWF“. World Wildlife Fund. конс. 2018-12-01. 
  32. Chelmala Srinivasulu; Bhargavi Srinivasulu (2012) (на en). South Asian Mammals - Their Diversity, Distribution, and Status | Chelmala Srinivasulu | Springer. 978-1-4614-3448-1: Springer-Verlag New York. https://www.springer.com/us/book/9781461434481. 
  33. Sacks, Ethan. „NJ woman killed by crocodile attack while snorkeling off Indian coast - NY Daily News“, „nydailynews.com“. (на en-US)
  34. Radcliffe-Brown, A. R. (2013-11-14) (на en). The Andaman Islanders. Cambridge University Press. ISBN 9781107625563. https://books.google.mk/books?id=iRJaAQAAQBAJ&pg=PA161&redir_esc=y#v=onepage&q&f=false. 
  35. Mohanty, P. K. (2006) (на en). Encyclopaedia of Scheduled Tribes in India: In Five Volume. Gyan Publishing House. ISBN 9788182050525. https://books.google.mk/books?id=u-yM6OYrIEcC&redir_esc=y. 
  36. PEOPLE of Andaman and Nicobar Islands“, „Webindia123.com“. (на en)
  37. „Census Reference Tables, C-Series Population by religious communities“. censusindia.gov.in. конс. 2018-12-02. 
  38. „The Bahá’í Community of The Andaman and Nicobar Islands“. www.bahai.org. конс. 2018-12-02. 
  39. „Andaman & Nicobar Islands - States and Union Territories - Know India: National Portal of India“. 2010-06-19. конс. 2018-12-02. 
  40. „Profile“. 2011-12-13. конс. 2018-12-02. 
  41. „InfoChange India News & Features development news India - The case for a linguistic survey“. 2011-09-27. конс. 2018-12-02. 
  42. Maiden night flight arrives in Isles: GoAir flight with 155 tourists lands at VSI Airport; to operate chartered flight between Bengaluru - Port Blair - Andaman Sheekha“, „Andaman Sheekha“, 21 јануари 2016. (на en-US)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]