Среден Андамански Остров
Мапа на Андамански Острови, каде Средниот Андамански Остров е прикажан со црвена боја. | |
Географија | |
---|---|
Место | Бенгалски Залив |
Координати | 12°30′00″N 92°50′00″E / 12.5° СГШ; 92.833333° ИГД |
Архипелаг | Андамански Острови |
Соседни водни површини | Индиски Океан |
Вкупно острови | 1 |
Површина | 1,523 км2[1] |
Должина | 70 км |
Ширина | 28 км |
Брегова линија | 272 км |
Највисоко место | 512 м[2] |
Највисока точка | Маунт Диаволо |
Држава | |
Округ | Северен и Среден Андамански Округ |
Архипелаг | Андамански Острови |
Островска подгрупа | Големи Андамани |
Талук | Повеќе |
Најголема населба | Рангат Metropolitan (pop 10,000) |
Демографија | |
Население | 55,632 (2011)Only middle andaman villages from the 2011 census |
Густина | 36,5 /km2 (945 /sq mi) |
Етнички групи | Индијци, Андаманци, Џарава |
Дополнителни податоци | |
Часовен појас | |
PIN | 744202[3] |
Telephone code | 031927[4] |
ISO code | IN-AN-00[5] |
Мреж. место | and.nic.in |
Literacy | 84.4% |
Avg. summer temperature | 30.2 °C (86.4 °F) |
Avg. winter temperature | 23.0 °C (73.4 °F) |
Sex ratio | 1.2♂/♀ |
Census Code | 35.639.0004 |
Official Languages | Hindi, English |
Средниот Андамански Остров е остров кој му припаѓа на Андаманскиот Архипелаг. Тој ѝ припаѓа на административната област на Северниот и Средниот Андамански Остров и е дел од Сојузните територии на Андаманските и Никобарските Острови на Индија.
Географија
[уреди | уреди извор]Островот му припаѓа на ланецот на острови на Големите Андамани и е сместен 73 километри северно од Порт Блер. Тој е централен остров на Големиот Андамански Архипелаг на Индија, а има вкупна територија од 1536 км2. Одделен е од Северниот Андамански Остров со морскиот теснец Аустен, од островот Баратанг на југ е одвоен со Хомфрејскиот Теснец, а двата теснеци се плитки и широки само неколку стотина метри, додека на запад е одвоен од Интервју Островот со Интервју Преминот наречен по истоимениот остров.[6]
Овој остров бил погоден од цунамито предизвикано од земјотресот во Индискиот Океан на 26 декември 2004 година, но катастрофата била значително помала во споредба со околните острови.
Администрација
[уреди | уреди извор]Овој остров административно ѝ припаѓа на Мајабундер и Рангат областа.
Демографија
[уреди | уреди извор]Населението на островот главно го сочинуваат бенгалски, тамилски и кералитски доселеници. Домородното население го сочинуваат бројни припадници на племето Џарава. Главно занимање на населението е земјоделство и сточарство.
Главен град е Рангат, со 10.000 жители, а други поголеми градови се Мајабундер (5556 жители), Бакултала (4454 жители), Бинбутала (3063 жители) и Кадамтала (3008 жители).
Според пописот во Индија од 2011 година, островот е населен со 55.632 жители, од кои писмени се околу 76% од населението.
Вкупно | Мажи | Жени | |
---|---|---|---|
Население | 55632 | 28767 | 26865 |
Деца под 6 години | 2065 | 1039 | 1026 |
Касти | 0 | 0 | 0 |
Племиња | 3 | 3 | 3 |
Писмени | 42294 | 22946 | 19348 |
Работници (сите) | 2 | 2 | 0 |
Главни работници (вкупно) | 2 | 2 | 0 |
Туризам
[уреди | уреди извор]Островот има убави водопади и прекрасни плажи. Посетителите можат да уживаат во кампување, пешачење, нуркање и други возбудливи водени спортови.[7]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Мапа на Андаманските Острови каде Средниот Андамански Остров е прикажан со црвена боја.
-
Плажата Дани налах (Dhani nallah) на Средниот Андамански Остров
-
Влез на патеката Дани Налах (Dhani Nallah) во близина на градот Рангат.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Islandwise Area and Population - 2011 Census“ (PDF). Government of Andaman.
- ↑ Предлошка:Cite enroute
- ↑ „A&N Islands - Pincodes“. 22 September 2016. Архивирано од изворникот на 23 March 2014. Посетено на 22 September 2016.
- ↑ „STD Codes of Andaman and Nicobar“. allcodesindia.in. Архивирано од изворникот на 2019-10-17. Посетено на 2016-09-23.
- ↑ Registration Plate Numbers added to ISO Code
- ↑ Thorpe, Edgar Thorpe, Showick. The Pearson CSAT Manual 2011 (англиски). Pearson Education India. ISBN 9788131758304.
- ↑ „Rangat Island in Andaman and Nicobar, Information of Rangat Island in Andaman“. 2013-05-20. Архивирано од изворникот на 2013-05-20. Посетено на 2018-12-04.