Феодосија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Феодосија
Феодосия / Kefe / Феодосія
—  Град  —
Џеновската тврдина Кафа

Знаме

Грб
Феодосија се наоѓа во Крим
Феодосија
Местоположба на Феодосија во Крим
Координати: 45°02′00″ СГШ 35°23′00″ ИГД / 
Земја  Русија (дефакто)
 Украина (деjуре)
Република  Крим
Општина Феодосија
Површина
 • Вкупна 35,2 км2
Надм. вис. 30 м
Население (2012)
 • Вкупно 69.786 жит.
Час. појас MSK (UTC+4)
Пошт. бр. 98100–98175
Повик. бр. +380-6562
Поранешни имиња Кефе (до 1784 г.), Кафа (до XV в.)

Феодосија (руски: Феодо́сия; украински: Феодо́сія; порано Теодосијапристаништен и одморалиштен град во Република Крим, Русија, на брегот на Црното Море. Во минатото се нарекувал Кафа (Caffa, Kaffa), a на кримскотатарски до денес се нарекува Кефе (Kefe).

Како и целиот Крим, припадноста на градот е предмет на спор помеѓу Русија и Украина, која сè уште ја смета за сопствена територија.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Теодосија[уреди | уреди извор]

Градот е основан како село „Теодосија“ (Θεοδοσία) од грчки колонисти од Милет во VI век п.н.е. и се прочул по плодното земјиште и богатиот род кој се тргувал по средоземјето. Уништено е од Хуните во IV век.

Во следните девет века, Теодосија останала мало село. Во извесни периоди влегувало во сферата на влијание на Хазарите и Византија.

Како и целиот Крим, селото потпаднало под власта на Кипчаците, а во 1230-тите станало монголско владение.

Кафа[уреди | уреди извор]

ВО периодите 1204–61 и 1296–1307, со градот Кафа владеела Венеција — главниот соперник на Џенова. Кон крајот на XIII век, ценовјаните го откупиле градот од Златна Орда. Од него направиле многу успешен трговски и администратицен центар на џеновските владенија на црноморското крајбрежје и имале монопол на сета трговија во регионот. Во него се развил еден од најголемите пазараи на робови во Европа. На чело на Кафа и џеновските колонии стоел конзул.

Се смета дека првиот бран на разорната епидемија на чума во Европа е донесена од Кафа во 1347 г., со движењата на Златната Орда, нивните битки и заземањето на населените места на крајбрежјето. Оттука таа се проширила преку поморските и копнените трговски патишта кон Европа.[2]

Кефе[уреди | уреди извор]

Дрворез од XVII век на кој се прикажани Запорошки Козаци во шајки, како ја уништуваат турската флота, заземајќи ја Кафа

Во 1462 г. Кафа се ставила под заштита на полскиот крал Казимир IV, но Полска не понудила помош кога дошла вистинската опасност. Бидејќи џеновјаните почнале да се мешаат во внатрешните работи на Кримското ханство, кое било осмалинско вазалство, османлискиот заповедник Гедик Ахмед-паша го зазел градо во 1475 г., иселувајќи го сето население во Истанбул, во реонот потоа наречен Кефели Маало. Градот станал еден од најважните турски пристаништа на Црното Море и го добил името „Кефе“.

Во 1615 г. Запорошките Козаци под водство на хетманот Петар Конашевич Сагајдачни ја уништиле турската флота и ја зазеле Кафа и ги ослободиле жителите кои биле робови.

Повторно Теодосија[уреди | уреди извор]

Во 1783 г. Руската империја го освила целиот Крим и ги протерала османлиите. Градотго добил името Феодосија (Феодосия), што е руска варијанта на старогрчкото име.

За време на Втората светска војна градот бил под окупација на Германците и претрпел големи штети во војувањето. Во 1941 г. специјалните единици на СА ги ликвидирале сите 3.248 Евреим за кои денес постои споменик.[3]

Во 1954 г. градот влегол во Украинската ССР заедно со целиот Крим, а во 1991 до 2014 г. бил во состав на АР Крим во независна Украина. Во март 2014 г., населението на Крим изгласало одвојување од Украина и полуостровот влегол во состав на Руската Федерација како Република Крим. Украина сè уште не го признава Крим за дел од Русија, и покрај изгласаниот референдум и со тоа Феодосија ја смета за дел од Украина.

Географија[уреди | уреди извор]

Улицата „Земскаја“

Клима[уреди | уреди извор]

Климата е сува и може да се опише како влажна суптропска или полусува, но не како средоземна, бидејќи нема забележлив тренд на суша во текот на летото.

Феодосија денес[уреди | уреди извор]

Денес Феодосија е одморалиштен град со население од 85.000 жители. Има плажи, минерални и калливи бањи и одморалишта. Покрај туризмот, главни стопански гранки се земјоделството и рибарството, со придружна преработувачка индустрија. Како и најголемиот дел од Крим, највеќето жители се Руси и преовладува рускиот јазик.

Позната природна знаменитост на Феодосија е Златната Плажа, која има карактеристична боја и изглед, и е долга 15 км.

Во текот на зимата, градот има многу помалку жители, претежно поради неактивноста на угостителските капацитети. Најголемиот дел од туристите се од земјите на ЗНД.

Поважни културно-историски знаменитости се Гаалеријата на Иван Ајвазовски и Џеновската тврдина Кафа.


Панорама на Феодосија од планината Тепе Оба

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Споменик во чест на побратимските односи помеѓу Феодисија и Кронштат

Познати личности[уреди | уреди извор]

Иван Ајвазовски (1817-1900)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Александар Турчинов (20 март 2014). „Декларація "Про боротьбу за звільнення України" (Декларација „За борбата за ослободување на Украина“)“. Дума на Украина. http://zakon1.rada.gov.ua/laws/show/1139-18. конс. 24 април 2014. 
  2. Wheelis, Mark (September 2002). Biological Warfare at the 1346 Siege of Caffa. „Emerging Infectious Diseseases“ 8 (9): 971–75. doi:10.3201/eid0809.010536. 
  3. Martin Gilbert, The Routledge Atlas of the Holocaust, 2002, стр. 64, 83

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]