Алушта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Алушта
Алушта / Aluşta
—  Град  —

Знаме

Грб
Алушта се наоѓа во Крим
Алушта
Местоположбан на Алушта во Крим
Координати: 44°40′02″ СГШ 34°23′52″ ИГД / 
Земја  Русија
Република  Крим
Општина Алушта
Површина
 • Вкупна 6,983 км2
Надм. вис. 50 м
Население
 • Вкупно 29.781 жит.
Час. појас MSK (UTC+4)
Пошт. бр. 98500 — 98519
Повик. бр. +380-6560
Поранешно име Алустон (до XV в.)
Портал http://www.alushta.crimea.ua/

Alushta (руски и украински: Алу́шта; кримскотатарски: Aluşta) — град на јужното крајбрежје на Република Крим, Русија. Основан е во VI век од византискиот цар Јустинијан I, а денес е одморалиштен град. Сместен е на брегот на Црното Море, по патниот правец од Гурзуф за Судак, како и на линијата „Кримски тролејбус“.

Подрачјето на Алушта се одликува со карпест терен поради близината до Кримските Планини. Има остатоци од византиска одбранбена кула и џеновска тврдина од XV век, од која води потекло самиот град. Во византиско време градот се нарекувал „Алустон“, а подоцна Џеновјание го нарекувале „Луста“. Делото „Кримски сонети“ на Адам Мицкјевич е посветено на Алушта.

Во 1910 г, во Алушта живееле 544 Евреи, или околу 13% од населението. Во 1939 г. се свеле на 251 човек, сочинувајќи само 2,3% од гадот. Во 1941 г. Германците го окупирале градот и ги истрелале сите Евреи, заедно со комунистите и партизаните.[1]

Збратимени градови[уреди]

Алушта е збратимена со следниве градови:

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]