Пулево

Координати: 41°16′N 23°22′E / 41.267° СГШ; 23.367° ИГД / 41.267; 23.367
Од Википедија — слободната енциклопедија
Пулево
Θερμοπηγή
Пулево is located in Грција
Пулево
Пулево
Местоположба во областа
Пулево во рамките на Синтика (општина)
Пулево
Местоположба на Пулево во општината Синтика и областа Централна Македонија
Координати: 41°16′N 23°22′E / 41.267° СГШ; 23.367° ИГД / 41.267; 23.367
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСинтика
Општ. единицаВаловишта
Надм. вис.&10000000000000110000000110 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно154
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Пулево (познато и како Пулово или Пуљово; грчки: Θερμοπηγή, Термопиги; до 1926 г. Πούλιοβο, Пуљово[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 154 жители (2011). Сè до 1923 г. било населено исклучиво со Македонци.[3]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во Серското Поле, на 7 км северно од градот Валовишта, во подножјето на Сенгелска Планина, на надморска височина од 110 м.[3] Непосредно до селото се наоѓа манастирот „Св. Варвара“, во кој има топол извор.[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во отомански регистар на вилаетот Тимур Хисар од 1464-1465 година селото е наведено под името Пулево со 10 муслимански и 12 христијански домаќинства, како и 3 неженети и 3 вдовици.[5]

Во XIX век Пулево било македонско село во Демирхисарската (Валовишка) каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Пулево чифлик (Poulevo-tchiflik) имало 45 домаќинства и 140 жители Македонци.[6][7]

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Пулово, сместено на 14 час западно од Радово; чифлик на многу сопственици; 34 час од десниот брег на Струма. Полето е плодно. Се занимава и со сточарство. До самото село, на 12 час од Струма се наоѓаат Валовишките минерални бањи, околу кои има 7-8 соби за болните и една градина, Во Пулово нема ни црква, ни училиште. Жителите се само Македонци, до 15 куќи.[8]

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Пулево имало 280 жители, сите Македонци.[6][9] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Пулево имало 182 Македонци под врховенство на егзархијата.[6][10]

Во Грција[уреди | уреди извор]

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 53 жители, но поради Првата светска војна во 1920 г. не се спомнува како населба.[3]

Под притисок од грчките власти, во 1923 година, дел од домородното население се иселило, а на нивно место се населиле 18 бегалски семејства (вкупно 86 бегалци), така што селото станало мешана населба.[3] Во 1926 година, името на селото било променето во Термопиги (Θερμοπηγή), што значи „топли бањи“.[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението одгледува жито, памук и други земјоделски производи, а внимание му посветува на сточарството и краварството.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 318 261 312 162 160 169 197 154
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Валовишта со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Синтика, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Валовишта, во кој влегуваат истоимениот град и селата Валовишка Бања, Герман, Елешница и Инанли.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Манастири

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 28 март 2024.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 204.
  4. „Ιερά Μονή Αγίας Βαρβάρας“. Γόνιμο Σερρών. Посетено на 28 март 2024.
  5. Бошков, Ванчо (1978). Турски документи за исотијта на македонскиот народ, серия 2, том 4. Скопје: Архива на Македонија. стр. 118. OCLC 165435293.
  6. 6,0 6,1 6,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  7. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 136–137. ISBN 954-8187-21-3.
  8. Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVII-XXXVIII, 1891, стр. 852.
  9. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 185. ISBN 954430424X.
  10. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 188–189.