Мандраџик

Координати: 41°15.49′N 23°8.28′E / 41.25817° СГШ; 23.13800° ИГД / 41.25817; 23.13800
Од Википедија — слободната енциклопедија
Мандраџик
Μανδράκι
Мандраџик is located in Грција
Мандраџик
Мандраџик
Местоположба во областа
Мандраџик во рамките на Синтика (општина)
Мандраџик
Местоположба на Мандраџик во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°15.49′N 23°8.28′E / 41.25817° СГШ; 23.13800° ИГД / 41.25817; 23.13800
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСинтика
Општ. единицаПетрич
Надм. вис.&1000000000000005000000050 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно215
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Мандраџик (грчки: Μανδράκι, Мандраки; до 1926 г. Μαντρατζίκ, Мандраѕик[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Турци.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа северозападно од Сер и западно от Валовишта, во живописно место на подножјето на Беласица. Јужно од него е Бутковското Езеро. Мандраџик е едно од згодните поаѓалишта за искачувањето на првенецот на Беласица — врвот Радомир (Калабак) и високите делови на планината.

Селото се наоѓало на околу 1 км посеверно од денес, пред да биде преместено со замената на населението во 1920-тите.

Историја[уреди | уреди извор]

Во селото има остатоци од средновековна тврдина — таканаречената Циганска кула.[4]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во XIX век и почетокот на XX век Мандраџик било село во Демирхисарската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Мандраџик (Mandradjik) било село во Серската каза со 19 домаќинства сочинети од 46 муслимани.[5]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал:

Мандраџик, на Ј од Порој 212 часа до Бутковското Езеро. Селаните се земјоделци, рибари; некои ловат пијавици и обработуваат коприна. 45 куќи турски и 15 ѓупски.[6]

Во 1894 г. Густав Вајганд („Аромани“) напишал: „стигнавме по добар пат во околината на селото Мандраџик. Посред таканаречената Циганска кула стигнавме во селото. Просторот на оваа кула има квадратен облик и е обработен со една ѕидина, широка до еден метар, а висока 2-5 метри. На некои места се гледаат траги од прозорци, но не се забележуваат никакви украси, ниту пак натписи. Луѓето кажуваат дека тука некогаш живеел циганскиот крал.“[4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото броело 90 жители, сите Турци.[7]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото имало 63 жители, кои во 1920 г. се свеле на 29 лица.[3] Во 1923-1924 г. населението како муслиманско е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки колонисти од Мал Самоков и Трулија, Источна Тракија.[8] Во 1926 г. селото е преименувано во Мандраки, а куќите се изградени на 1 км јужно од постоечкото село.[3] На пописот од 1928 г. селото били чисто дојденско со 278 лица (67 семејства).[9]

Во 1940 г. Мандраџик имал 421, а следната година 313 жители.[3] Населението доживало значаел пораст за време на Граѓанската војна кога тука се доселиле жителите на соседното планинско село Мешели. Така, во 1951 г. селото веќе имало 737 жители.[3] По краток период на понатамошен пораст, населението доживеало голем пад поради иселување во поголемите градови.

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 421 737 846 577 439 432 414 379
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 200–201. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. 4,0 4,1 Вайгандъ, Густавъ (1899). Аромѫне: Етнографическо-филологическо-историческо издирвания на тъй наречения народъ македоно-ромѫне или цинцаре. Варна: Издание на П. Хр. Генковъ. стр. 223.
  5. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 120–121. ISBN 954-8187-21-3.
  6. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 859.
  7. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 185. ISBN 954430424X.
  8. „Κάστρο Μανδρακίου Κερκίνης“. Ελληνικά Κάστρα. Посетено на 26 септември 2020.
  9. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012